english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ

80 НОВИ ВОЛОНТЕРСКИ ПОЗИЦИИ ВО ЛОКАЛНИОТ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

Организација на жените на општина Свети Николе објавува оглас за пријавување на потенцијални волонтери во јавни институции/организации, државни органи и невладини организации. И оваа година Организацијата по петти пат на локално ниво го имплементира проектот Локален Волонтерски Сервис“. Носител на проектот е Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија), а се реализира во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Охрид, Агтис - Прилеп, Институт за развој на заедницата - Тетово и секако Организација на жените на општина Свети Николе. Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)

Со реализирање на проектните активности во сите погоре споменати градови ќе се потполнат 80 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Една шестина од волонтерите ќе бидат сместени во граѓански организации кои работат на локално ниво. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.

За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.100 денари месечно. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2014 година.

Пријавите може да ги превземете на следните линкови:

Пријавата за волонтери

Пријавата за институциите кои имаат потреба од волонтер

или да ги побарате на следниве е-маил адреси:

За Свети Николе – Организација на жени: womsvetinikole@yahoo.com

За Битола – Младински културен центар – Битола: mkcbt@t-home.mk

За Скопје - Младински образовен форум: policy@mof.org.mk

За Прилеп – АГТИС: agtis@t-home.mk

За Тетово – Институт за развој на заедницата: info@irz.org.mk

За Охрид – Младински совет Охрид: mladinskisovet_oh@yahoo.com

За Кавадарци – СППМД: contact@sppmd.org.mk

Рокот за пријавување е до 5 декември 2013 година.

Напомена: Пријавата потполнувајте ја електронски со македонска поддршка и фонт Calibri, големина 9, а квадратчињата означувајте ги така што ќе кликнете два пати на левиот клик од глувчето на компјутерот врз самото квадратче што сакате да го означите и во новиот прозор што ќе се отвори изберете ја опцијата Checked или Означи.

За подетални информации може да се обратите на е-маилот на Организацијата – womsvetinikole@yahoo.com, на телефонскиот број 032 444 620 или директно во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе која се наоѓа на вториот кат во жолтата зграда во центарот на градот – Ленинова бр.1 (над продавницата на Алго-мак), секој работен ден од 10 до 15 часот.

Лице за контакт Јасмина Трајчева

 

Со почит,
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster