македонски

english

профил

активности

инфо галерија контакт

семејно насилство

работа со деца и млади

Работа со општа популација

други активности
 

пребарувај
на интернет


 
кампања за бесплатни гинеколошки прегледи
јубилеј

 
 
U

©
 
 
 
Препорачајте!
Вашето име:

Вашата
 е-маил адреса:


Е-маил на Ваш/а пријател/ка:

Вашите коментари:

Примете копија 

 


 

 

 

 


 

 

 

 
 

 

Во изминатите години Организацијата на жени реализира бројни проекти во повеке области:

Вести од Организацијата од постар датум:
(кликнете на бараната година за да прочитате повеќе)

2014          2013      2012       2011      2010      

2009       2008       2007       200     2005    2004



(од сите долуспоменати активности може да ги погледнете сликите во нашата галерија)

Здравство:

Кампања: Не вртете го погледот

Почнувајќи од 14 Октомври 2003 Организацијата на жени на општина Свети Николе во соработка со 16 женски НВО-и од Македонија ја започна кампањата под наслов НЕ ВРТЕТЕ ГО ПОГЛЕДОТ .Целта на кампањата е подигање на свеста кај жените за потребата од редовни гинеколошки прегледи со цел рано откривање на малигни заболувања, и иницијативата за воведување на задолжителни систематски гинеколошки прегледи за сите жени во Македонија.Со ова се бара промена во законот за здравствена заштита  со која ќе се воведе посебна програма  за задолжителни систематски гинеколошки прегледи еднаш во текот на годината за сите жени со цел рано и навремено откривање на малигните заболувања на репродуктивните органи кај жените.
Според податоците добиени од Републичкиот завод за здравствена заштита се забележува дека бројот на жени заболени од рак на репродуктивните органи и рак на дојката  секоја година се зголемува.  Така во 1995 година се регистрирани 1086 , а во 2001 година 1165 новорегистрирани случаи. Ракот на репродуктивните органи и ракот на дојка заземаат 45 % од вкупниот број на жени заболени од малигни заболувања. Болеста најчесто се открива во подоцнежните фази така што смртноста изнесува 40% од бројот на заболените жени од овие болести. Недоволната информираност за болеста, патријахалното воспитување , срамот и стравот се причини поради кои жените не одат редовно на гинеколог.
Немањето на здравствено осигурување и финансиски средства потребни за плаќање на гинеколошките прегледи,  немањето на законска регулатива и програма со која државата ќе ги овозможи овие прегледи заради рано откривање на ракот  на матката и дојката се фактори кои  допринесуваат за подоцно откривање на овие болести .Потпретседателката на парламентот Г-ѓа Лилјана Поповска ја подржува нашата иницијатива и таа ќе  поденсе амандман за промена на Законот за здравствена заштита со кој ќе се бара воведување на задолжителни гинеколошки прегледи. Промената се состои интервенција во член 33 од Законот за здравствена заштита со воведување на посебни мерки за заштита на здравјето на жените и  изготвување на посебна програма од страна на Владата на РМ за задолжителни гинеколошки прегледи за сите жени.
Директрот на Гинекологија Д-р Марјан Стојовски истакна дека редовните гинеколошки прегледи ќе овозможат рано дијагностицирање на било какви промени и успешно излекување.Изготвувањето на посебна програма со која ќе се спроведат овие прегледи е неопходно и државата треба да донесе ваква програма за унапредување и зачувување на здравјето на жените .
Промоцијата на медиумската кампања беше на 14 Октомври  на Скопски саем. Кампањата  ќе трае до крајот на Ноември со прикажување на ТВ спотот изработен од АМВОН комуникации  на МТВ и Канал 5 , и локаланите ТВ станици. Во текот на овој месец реализирани се интервјуа на МТВ и А1, Македонско радио, промовиран ТВ спотот  на трибината што ја организираше Здружение на жени Животна Искра по повод на  месецот за борба на рак на дојка на 21. Октомври во Дом на АРМ, , инсертирање на огласи  во ВЕСТ , поставување на билборди во Скопје.
Проектот Финансиски е подржан од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА,  а се реализира во соработка со ОЖ Пробиштип, ОЖ Крива Паланка, Искра Битола, ОЖ Струмица, ОЖ Штип, ОЖ Македонска Каменица, Нов живот Штип, ОЖ Кумановка, Женски центар Дебар, Норма-ф Скопје,ОЖ Радовиш, АУРЕОЛА Струга , ОЖ Гевгелија, ОЖ Кочани,  Китка Прилеп, Антико Гостивар.

Медиумски и други спонзори на кампњата се АМВОН Комуникации,  МТВ, Канал 5, ВЕСТ, Скопски саем, Рокенрол студио, Акцент медиа и локални ТВ станици.

Проект: “Жените за бесплатни гинеколошки прегледи “ - финансиран од КВИННА ТИЛЛ КВИННА - во текот на 2003 година.

Цел: поднесување на амандман до парламентот со цел обезбедување на бесплатни гинеколошки прегледи за сите жени во Република Македонија.
Активности: Медиумска презентација, изработка на спот , јавни расправи за амандманот,печатење и дистрибуција на рекламен материјал низ Републиката,поднесување на амандман , продолжување со едукацијата.
 

Содржината на амандманот може да ја прочитате ако кликнете на следниот линк:

ПРЕДЛОГ АМАНДМАН

Во рамките на овој проект се одржаа повеќе тркалезни маси во повеќе места во нашата држава ,со одбирање на линковите подолу може да се информирате за што всушност стануваше збор на овие тркалезни маси ,а во галеријата може да погледнете слики од истите:

Тркалезна маса во Кочани одржана на ден 15.05.2003 со почеток во 18 часот.

Тркалезна маса одржана во Гевгелија на ден 16.05.2003 со почеток во 18 часот.

Тркалезна маса одржана во Струмица на ден 17.05.2003 година со почеток во 10 часот.

Тркалезна маса одржана во Штип на 19.05.2003 со почеток во 18 часот.

Тркалезна маса одржана во Радовиш на ден 19.05.2003 со почеток во 17 часот.

Тркалезна маса во Куманово на 21.05.2003 со почеток во 17 часот.

Тркалезна маса одржана во Пробиштип на ден 22.05.2003 со почеток во 16 часот.

Тркалезна маса во Крива Паланка одржана на ден 23.05.2003 година со почеток во 18 часот.

Тркалезна маса одржана во Битола на ден 24.05.2003 со почеток во 11 часот.

Тркалезна маса одржана во Прилеп на ден 24.05.2003 со почеток во 15 часот.

Тркалезна маса одражна во Скопје на ден 29.05.2003 со почеток во 17 часот.

Тркалезна маса одржана во Македонска Каменица на ден 30.05.2003 со почеток во 19:30 часот.

Тркалезна маса одржана во Дебар на ден 31.05.2003 година со почеток во 11 часот.

Тркалезна маса во Гостивар на ден 31.05.2003 со почеток од 16 часот.

Тркалезна маса одржана во Струга на ден 06.06.3003 со почеток во 15 часот.

"Едукација на жени од рурални средини за рано откривање на малигни заболувања на репродуктивните органи” прв пат финансиран од DELFI STAR INTERNACIONAL, и на два пати од МЦМС - Скопје во периодот од 1999 - 2000 година, и се реализирани бесплатни гинеколошки прегледи за 350 жени. Во проектите одржани се предавања за ракот на дојката и ракот на матката за жени, од повеќе села во општината.

"Едукација на жени од рурални средини за ран откривање и соочување со малигни заболувања на репродуктивните органи” финансииран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA реализиран од 01. 01 2001 до 31. 12. 2001. Во проектот се реализирани 25 работилници со по 5 теми во 5 населани места во општината и се обезбедени комплетни гинеколошки прегледи за 200 жени;

"Можеме ли да смениме барем нешто” - проект финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA беше  реализиран во текот на 2002 година. Проектот се состоеше од едукативен дел и иницијатива за промена на законот за здравствена заштита.

Во едукативниот дел беа опфатени 3 села од општина Лозово во кои се реализираа по 4 работилници на теми од малигните заболувања и посебно внимание се посветува на психичката состојба на зааболените жени и на односот со семејството. Дел за промена на законската регулатива со цел добивање на бесплатни гинеколошки прегледи за сите жени во Македонија кои треба да ги обезбеди државата. Проектот беше реализиран  во соработка со 8 женски НВО од Македонија.

"Едукација на жени за репродуктивно здравје” - проект финансиран од ЕСЕ - Скопје реализиран во 2000 година и втор проект во 2001 година финансиран од ФИООМ наменет за млади девојки и жени Македонки и Ромки. Реализирани беа 8 работилници со теми од репродуктивното здравје.

"Ментално здравје” - проект финансиран на два пати од ЕСЕ во текот на 2000 година. Во проектите се реализирани по 12 работилници наменети за жени од различна возраст со теми од менталното здравје .

"Раст и развој на деца” - проект реализиран во 2000 година со подршка на ЕСЕ и УНИЦЕФ. Проектот беше наменет за млади мајки со деца до 5 години, опфатени се 6 теми во врска со најосновните проблеми околу здравјето на децата до 5 години.

"Борба против болести на зависност” во 1998 година финансиран од ИТЗ. Во овој проект е реализирана трибина наменета за младите во градот а во исто време се поставени и клупи во градскиот парк каде младите можат да го минуваат своето слободно време.

"Како да и се спротивставиме на дрогата” проект реализиран во 2000 година, а финансиран од Министерството за млади и спорт. Проектот опфаќаше работилници за младинци во 5 села, вклучувајки ги основните и средното училиште во Свети Николе.

     на почеток=

Семејно насилство врз жените и децата:

"Семејно насилство”- проект финансиран од ФИООМ во 1990 година

"Живот во семејна заедница без страв како ќе биде следното утро” реализиран во 2000 година финансиран од УНДП. Проектот се реализираше во вид на целодневни работилници за жени од 5 села и градот Свети Николе а исто така беа опфатени и две групи на деца од основните училишта.

"Семејно насилство работа со општа популација” 2001 година, помогнат од ЕСЕ. Во проектот се реализирани по 6 работилници за две групи на жени од по 25 учеснички на теми од семејното насилство.

Учество во коалицијата "Да сториме барем нешто” во кампањата за донесување на закон за семејно насилство финансирана од ЕСЕ
  -
Трклезна маса "Што можеме ние да сториме” организирана од ОЖО Свети Николе во рамките на кампањата 16 дена борба против семејното насилство. Целта на тркалезната маса беше отворено да се проговори за семејното насилство и да се изнајдат начини и можности како да се спречи. Присутни беа претставници од Центарот за социјална работа , Началникот на подрачната единица за труд и социјала, локална самоуправа НВО-и медиуми, психолози, правници , социјлални работници и медиуми. Во рамките на 16 дена борба против семејното насилство беше реализирана и радио емисија на локалното Радио Свети Николе.

     на почеток=

Работа со деца и младинци:

Младински Форум ОКО во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт на Македонија и YMCA Македонија со поддршка на Ресурс Центарот за Југоисточна Европа за програмата МЛАДИ организираа Национален Состанок од 02 до 05 Септември 2004 година во Струга , на кој беа дефинирани следните чекори за користењето на Програмата МЛАДИ во Македонија. На овој состанок беа присутни претставници на организации кои веќе имаат искуство со оваа програма но и представници од канцеларијата на Европската Комисија во Македонија. Целта на овој состанок беше да се дефинираат конкретни координирани активности кои организациите од Македонија ќе ги превземат за да се зголеми промовираноста и нивото на користење на Програмата МЛАДИ на Европската Комисија во Република Македонија. На овој Национален состанок активно учество зема и претставникот од нашата организација - Александар Богатинов.
Завршниот извештај од овој состанок може да го добиете на следниов линк - Final_Report (во зип формат- 45KB) .

ВолунтНЕТ Македонија е иницијатива на Младински Форум ОКО од Струга заедно со неколку организации меѓу кои и Организација на жени на Општина Свети Николе. Целта на оваа мрежа е создавање на капацитети, на национално ниво, за организирање на волонтерски активности во Македонија, промоција на различни можности за волонтирање надвор од Македонија и помош при изнаоѓање на фондови. Серија на презентации на ВолунтНЕТ Македонија се закажани во повеќе градови на Македонија во втората половина месец Мај 2004 година.За повеќе информации кликнете на логото ан ВолунтНЕТ Македонија или овде.

Промоција на ВолунтНЕТ во Свети Николе

Организација на жените на Општина Свети Николе заедно со уште неколку невладини организации од различни делови на Македонија се иницијатори за формирање на мрежата ВолунтНЕТ Македонија.
Целта на оваа мрежа е промоција на волунтеризмот и создавање на капацитети на национално ниво, за организирање на волонтерски активности во Македонија и како крајна цел утврдување на волонтеризмот во законски рамки.  ВолунтНЕТ Македонија имаше презентации во повеќе градови , а во Свети Николе презентацијата се одржа на 21 Мај (Петок) 2004 година во Големата сала на Градското Собрание . На презентацијата беше презентиран и проектот Алберт Ајнштајн од страна на членовите на Младински Форум Око од Струга , кои се главни иницијатори за формирање на на мрежата ВолунтНет Македонија.

"Да направиме чекор напред”- отварање на ВАВИЛОН Центар за деца и млади финансирано од УНИЦЕФ во 2001. Центарот го посетуваат деца од 7 - 24 години и добиваат бесплатни курсеви по англиски јазик, компјутери, животни вештини, креативност, новинарство, дебата и др активности.

"Да направиме чекор напред 2” ВАВИЛОН Центар за деца и млади подржан од Агенцијата за спорт и млади и Светската Банка 2002/2003. Се реализираат истите активности како и претходната година со можност за додавање и на други активности како спорт, сообраќај, прва помош, германски јазик и сл. Центарот го посетуваат 500 деца и младинци

"Ние и нашиот свет” проект за млади од 14 - 21 година финансиран од ФИООМ - Програма за млади се реализираше  од Април до Декември 2002 година. Во проектот беа вклучени околу 50 деца со кои се реализирани работилници од актуелни теми од секојдневниот живот, а во текот на месец Јуни се реализираше и летен камп во Претор.

     на почеток=

Работа со општа популација

Организацијата на жени на општина Свети Николе како дел од мрежата на женски НВО "Женско лоби и акција против насилството и трговијата со жени" проект на Отворена Порта- ЛА СТРАДА Скопје, а со финансиска помош на ИТЗ во текот на Јануари и Февруари 2004 (на 31.01, 07.02. и на 14.02.2004 година. ) реализира 3 едукативни работилници на тема "Превенција од трговија со луѓе".Работилниците на тема “ Превенција од трговија со луѓе “ одржани во Свети Николе во склоп на проектот на Отворена Порта-Ла Страда

Првата работилница беше одржана на 31.01.2004 година.
На работилницата беа присутни 18 млади од различен социо-економски статус и различна верска припадност. Целната група беше избрана од младите кои го посетуваа Вавилон центарот кои работи во склоп на Организација на жени. На работилницата беше прикажан документарен филм од областа на трговија со луѓе. Коментарите за филмот беа дека тој ја прикажува реалната положба со трговијата со луѓе и слични проблеми со кои државите од Балаканот се соочуваат. Учесниците на почетокот беа анкетирани со цел да се види степенот на познавање на поимот трговија со луѓе. Се разграничија разликите што е проституција, а што трговија со луѓе. Во текот на работилницата активно учествуваа сите присутни. На крајот беше изработена вежба-Причини за миграција на жените во странство и начини за регрутирање.Работилницата траеше 90 минути.

Втората работилница беше одржана на 07.02.2004год.
На неа беа присутни 13 членки од Организацијата на жени, членови од Еколошкото друштво Изгрев и од клубот на Млади волонтери. Работилницата започна со прикажување на документарен филм за трговија со луѓе, а потоа следеа кометари за истиот. Активно учествуваа сите присутни на работилницата. На крајот беше одработена вежбата- Идентификување на целна група и начинот за превенција од трговија со луѓе. Учесниците работеа во групи по што следеше презентациија. Како најранлива целна група беа посочени младите од 14-20 години, а како методи за превенција се посочија едукативни работилници и предавања во училиштата , медиумски кампањи и презентирање на филмови со содржина од трговија со луѓе.Работилницата траеше 90 минути.

Третата работилница се одржа на 14.02.2004год.
Присутни беа 15 млади од македонско и ромско потекло(мешана група со цел да се видат размислувањата на младите од две етнички група). На почетокот се направи една анкета со цел да се одреди степенот на познавање на проблемот со трговија со луѓе. Заеднички се дискускутираше за тоа што е трговија со луѓе,кои се причините и начините на регрутирање на жртвите. Коментарите беа дека е тоа работење како проститутки,а причините беа поради немање на работа и сиромаштијата,а како начини за регрутирање најчесто е преку агенции и огласи. На крајот се направи вежбата-Причини за миграција на жените во странство и методи на регрутирање на жените. Оваа работилница траеше 90 минути. Едукатори на работилниците беа Валентина Арсова и Фросина Мишева.

 

Обуки за родови односи и развој

На 25 и 26 Октомври 2003 во организација на Организацијата на жени на Општина Свети Николе  се одржа Обука за Родови односи и равој во рамките на Програмата за јакнење на капацитетите на женските НВО-и подржана од МЦМС. Обуката имаше за цел подигање на свеста кај учесничките и  препознавање на општите концепти на Родовите односи и Развој. На обуката учествуваа претставнички од локални НВО-и и жени од политиката.

Во првиот дел од обуката се разработија основните концепти на термините род и пол, социјалното потекло на родовите односи, препознавање и надминување на воспоставените норми, вредности и предрасуди што владејат во патријахатот, родовата /полова поделбата на трудот и вреднувањето  на учеството на трудот на  жените во таа поделба , различниот пристап и контрола на потребните ресурсите и односите на моќ. Вториот дел од обуката беше тематски насочен и се разработија теми околу препознавање на  семјното насилство и изнаоѓање на можности и начини за негово надминување, учеството и местото на жените во економијата и дискриминацијата на жените на работното место  и учеството на жените во Политичкиот живот.

Обуките беа спроведени со интерактивни методи и активно учество на сите присутни на обуката. Обучувачки на оваа обука беа Борјана Јанакиева и Радмила Сандева.

Школа за демократија:

-реализација на работилници од областа на демократијата на населението.

Акција Жените од Свети Николе за жените на Свети Николе

Мај 2003

"Имаме право да знаеме” проект за презентирање на содржината на рамковниот договор финансиран од ФИООМ реализиран во Септември 2001 година. Одржани се 8 работилници во 8 населени места во општина Свети Николе и реализирана е тркалезна маса во Свети Николе

Активно учество во кампањата ДОСТА Е во организација на ФИООМ.

"Изборен фер плеј“-ОХО

 Организацијата на жени на општина Свети Николе во соработка со ОХО реализираше активност поврзани со проектот Изборен фер плеј со цел мотивација на гласачите. На 28.08.2002 беше одржана трибина во просториите на Домот на културата во Свети Николе на тема Изборен фер плеј - А зошто да не. На трибината предавачи беа професор Димитар Мирчев и Сашо Клековски од МЦМС како и локален претставник од организацијата на жени Даниела Панева - правник. На трибината присуствуваа кандидати за пратеници од градот претставници од локалнта самоуправа , НВО-и , и граѓани. Предавачите беа присутни и на локалната ТВ СВЕТ. Во истиот период 4 членки од организацијата собираа потписи за Деклараијата за за фер и демократски избори и беа собрани околу 1500 потписи од полнолетни граѓани или повеќе од 10% од населението во општината со право на глас.

"Граѓаните за фер и демократски избори“- проект финансиран од ФИООМ
 
Цел на проектот: мотивација и едукација на гласачите за претстојните парламентарни избори. 
 Целна Група: Полнолетни граѓани со право на глас од општините Свети Николе и Лозово. 
 ОЖО Свети Николе во соработка со Здружението на Роми од Свети Николе и ОЖ Лозово
во периодот од 25.07. до 10 .09.2002 го реализираше проектот Граѓаните за фер и демократски избори финансиран од ФИООМ.  Во овој период реализирани се 12 едукативни работилници во следниве населени место од општината Свети Николе и Лозово : Дорфулија , Горобинци , Ерџелија , Мустафино , Црнилиште , Немањици , Ѓуѓанци Кадрифаково , Милино , Лозово и две работилници во Свети Николе. На сакоја од работилниците присуствува по околу 30 учесници или вкупно директно се едуцираа околу 360 гласчи. Отпечатени се и дистрибуирани 1000 брошури со некои битни информации околу изборниот процес и начинот на гласање а населението за активностите беа запознаени со диистрибуција на околу 100 плакати како и преку медиумите. На локалната ТВ СВЕТ беше реализирана контактна емсија на која гостин беше проефесорката Гордана Силјановска . а исто се емитуваше и радио емисија на локалноте радио Свети Николе со цел и пошироката јавност да добие конкретни информации околу изборите.

Економско зајакнување на жените

Активно учество во Граѓанската иницијатива на жени во соработка со други НВО, локална самоуправа, синдикат, приватен бизнис сектор и медиуми. Проектот се реализира од Септември 2001 до Септември 2002, а во организација на STAR World Learning. Реализирани се 4 работилници за околу 30 жени, контактна емисија со донатори и кредитори на локалната ТВ СВЕТ, вклучувајки и тркалезна маса на која присуствуваа жени претприемачки и донаторите и кредиторите.

     на почеток=

Други активности :

На 03 Април 2004 година се одржа акоцијата за подготовка на теренот за изградба на детско игралиште во населбата Бел Камен во Свети Николе. Во акцијата учествуваа повеќе невладини организации со своите членови меѓу кои и Организација на жени на Општина Свети Николе и младинци од Вавилон центар од Свети Николе. Проектот е финансиран од мировниот корпус и од локалната самоуправа .Во оваа прва фаза од овој проект беше извршено чистење на теренот а понатаму се планира на тоа место да се монтираат играчки за деца со што децата од оваа населба би имале свое место за рекреација.

 

На локално ниво учество во акцијата Свети Николе најчист град во Македонија во соработка со локалните НВО и локалната самоуправа. Реализирани се неколку еколошки акции во градот и околината, спроведен конкурс за најдобро уредеен двор и др.

Посета на разни семинари на наши учеснички во земјта и странство.


 

 

 

на прва страна




 


наши донатори:

















 

АНКЕТА


Дали сте за
бесплатни гинеколошки прегледи?
 

Да
Не
   

 




 

локални линкови:


 

 

медиумски покровители на камапањата



 


 


 


 


 

 
 

 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.