english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

"Youth-led Activism / Changemakers", младинска размена

Во соработка со СППМД од Кавадарци, четири волонтери и волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе од 25 јуни до 1 јули земаа учество на размената "Youth-led Activism/Changemakers" која ја реализира организацијата ТОКА од Приштина. На младинска размена во Приштина учествуваа 20 млади од Македонија, Шведска и Косово. Младите имаа работилници на различни теми како: загадување, дискриминација, човечки права и др. Младинскиот камп беше посетен од страна на неговата екселенција г-нот Хенрик Нилсон, Амбасадорот на Шведска во Косово. Амбасадорот заедно со учесниците на размената сподели свое лично искуство од неговиот граѓански ангажман и им порача да бидат толерантни еден кон друг и дека само така ќе може да ги надминат бариерите. Организацијата домаќин во склоп на своите проектни активности организира и посета на повеќе културно историски споменици во Приштина и околината.

Волонтерите се вратија дома побогати со нови знаења, нови искуства, нови сознанија за културата на Шведска и Косово. Незаборавно искуство и новите стекнати пријателства за нив е нешто што ќе им остане за цел живот.

 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster