„Креирање на
услови на поправедно општество – 3“
Во
рамки на проектот „Креирање на услови на поправедно општество – 3“
Организацијата на жените на општина Свети Николе во периодот Јуни -
Декември 2010 година ги реализира следните проектни активности:
Одржани 5 работилници со групата за самопомош
Во периодот Јуни-Декември 2010 година Организацијата на жените на
општина Свети Николе реализираше 5 работилници со групата за самопомош
(група на жени заболени и лекувани од малигни болести). Три работилници
се одржаа во Свети Николе , а две заеднички организирани со здужението
,,Борка,, од Скопје, од кои една работилница се одржа во Скопје и
другата во Велес .Работилниците беа водени од докторка и психолог, а
теми за работа на овие средби беа: начини на лекување , одредување на
начини на исхрана и животен стил , совети за здрав живот, запознавање со
фактори кои влијаат на болеста и растоварување на тежините и други теми
од интерес на групата за самопомош .
Одржани 2 дводневни семинари за млади девојки од
руралните средини : Организацијата на жените на општина Свети Николе
на 9-10 Септември и 6-7 Ноември во хотел Овче Поле-Свети Николе одржа
два семинари наменети за млади девојки од руралните средини од општин
асвети Николе .На овие семинари присуствуваа 20 млади девојки од селата
: Мустафино, Ерџелија, Пеширово, Амзибегово и Лозово. Теми на дватта
семинара беа: родови односи и женски права како дел од човековите права,
насилство врз жените , жените и политиката, репродуктивни сексуални
права, говор и дебата и комуникациски вештини.
Одржани 4 тркалезни маси во 4 градови во РМ Во
текот на 16 меѓународни дена за борба против семејното насилство , од 26
Ноември до 10 Декември, се одржаа 4 тркалезни маси во 4 градови во РМ
(на 30 Ноември во Крива Паланка , на 1 Декември во Струмица, на 4ти
Декември во Гевгелија и на 6 Декември во Виница). Учесници на овие
активности беа преставници од локалните институции кои го третираат
проблемот семејно насилство : (Центри за Социјална Работа, Полициските
Станици , Судство, Обвинителство, Здравство и Образование ). Теми на
тркалезните маси беа ; семејно насилство и негова сензибилизација ,
координација меѓу релевантните институции , односот граѓански
сектор-владини институции, искуствата на институциите во однос на
изрекувањето на привремени мерки како мерки на заштита од семејно
насилство, кодекс на однесување и постапување на граѓанскиот сектор и
институциите и донесените протоколи за институциите и невладиниот
сектор. На овие средби беа поделени виолетови машнички – симбол на
борбата против семејното насилство , а изработени од волонтерки од
Организацијата на жените на општина Свети Николе.
Одржани 4 презентации на резултатите од анкетното
истражување во 4 градови (Свети Николе, Кочани, Струмица и Куманово)
. Организацијата на жените на општина Свети Николе одржа 4 презентации
на резултатите од анкетното истражување. Презентациите се одржаа
во 4 општини : на 12.10 2010 во Кочани, на 14.10. 2010 во Свети Николе,
на 15.10.2010 во Струмица и на 26.11. 2010 во Куманово и на нив активно
учествуваа преставници од сите институции кои го третираат проблемот на
семејно насилство од 9тте анкетирани општини.
|
|
|
Реализирани 9 тематски работилници од областа на
здравството и семејното насилство , во 9 општини опфатени со анкетното
истражување за потребите и проблемите на жените од руралните средини
.Едукативни работилници од областа на здравство се одржаа во 5 рурални
средини и тоа: во Истибања (општина Виница) на 22.11.2010 година , на
13.11.2010 година се одржаа едукативни работилници во Дабиље (општина
Струмица) и Раклиш (општина Радовиш), додека на 16.12.2010година во
Пеширево (општина Свети Николе) и на 17.12.2010година во Дорфулија
(општина Лозово). Теми на овие работилници беа: Остеопороза , малигни
заболувања и начини на лекување и др. Додека пак едукативни работилници
на тема семејно насилство и негово препознавање се одржаа во 4 рурални
средини и тоа: на 13.11.2010 година се одржаа работилници во Стрмош
(општина Пробиштип) и Тркање (општина Кочани) , а на 4.12.2010 во
Бајловце ( општина Куманово) и во Ваксинце (општина Липково) .
Канцеларија за бесплатна правна и психосоцијална
помош на жртви на семејно насилство Во периодот Јуни-Декември 2010
година Организацијата на жените на општина Свети Николе продолжи со
давање на бесплатна правна и психосоцијална помош на жени жртви на
семејно насилство. Во канцеларијата , жртвите добиваат бесплатни правни
и психосоцијални совети од стручен тим ангажиран во канцеларијата , се
изготвуваат : тужби, жалби, молби, барања и други писмени поднесоци , се
информираат за своите законски права од областа на семејното и
кривичното право и се упатуваат жртвите во соодветните институции со кои
канцеларијата остварува континуирана соработка .
Организација на жените на општина Свети Николе