|
Национален
форум на грантистите на
Цивика Мобилитас
ОЖОСВН беше дел од
Националниот форум на грантистите кои се дел од Цивика мобилитас
програмата насловен како „Граѓаните за промени-Ден на граѓанските
организации“, а се оддржа на 23 септември во Градскиот парк на „Школка“
во Скопје.
Програмата се состоеше од повеќе од 30-тина настани кои се
одвиваа паралелно, а беа надополнети и со настапи на повеќе музичари,
меѓу кои хор Симбиосис, Шурбе, Џун, Концепт 59, РИБ и Тамара Тодевска.
Официјално, форумот беше отворен во 13
часот од страна на нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада –
Амбасадорката на Швајцарија во Р.Македонија, а потоа се обратија и Питер
Тоинес и Александар Кржаловски, кои
се меѓународниот и националниот лидер на тимот на Цивика.
Амбасадорката во своето обраќање истакна дека „Многу
е важно да се запамети дека организациите на граѓанското општество се
гласот на нивните конституенти и дека довербата на граѓаните е темел на
нивните законитости" и додаде „Во
изминатите неколку години можевме да видиме
дека организациите на граѓанското општество уживаат поголема доверба кај
нивните конституенти, влијанието од нивните акции станува посилно и
резултатите од нивните акции многу
по оддржливи. Се надевам дека овој
настан ќе ги инспирира локалните власти да воспостават поблиски врски
меѓу заедницата и граѓанското општество
заради придобивките на целата
заедница“.
На настанот посетителите
имаа можност да се информираат за граѓанските организации, нивните
залагања и постигнувања, како и активно да се приклучат на разновидните
активности. Всушност, Форумите на Цивика Мобилитас овозможуваат простор
за артикулирање идеи, идентификување заеднички каузи и планирање
заеднички општествени акции од страна на граѓанските организации во
соработка со другите организации, властите, граѓаните и останатите
конституенти.
Флаер
ОЖОСВН (*мкд)
Флаер ОЖОСВН (*eng)
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|