|
Младинска
размена во Троген
Во соработка со Советот
за превенција против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци,
Ангела Јанева, Мартин Николов, Драгана Монева, ученици од Гимазијата
„Кочо Рацин“ Свети Николе, а воедно и волонтери во ОЖОСВН од 10ти до
24ти јануари 2017година зедоа учество на двенеделната младинска размена
во организација на фондацијата Песталоци во Троген, Швајцарија, заедно
со 40 ученици од разни градови од Р.Македонија и 40 ученици од цела
Босна и Херцеговина. На размената учениците дискутираа, истражуваа и ги
зголемија знаењата за темите: анти-дискриминација, миграција и
разрешување конфликти. По враќањето од Троген на 9ти февруари учесниците
на размената, во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Свети Николе организираа
работилница на тема Дискриминација,
и на истата учество земаа 20 ученици на возраст од 15 до 17години. Целта
на оваа работилница беше, учесниците од размената да го пренесат
стекнатото искуство на своите соученици и да ги научат како да бидат
потолерантни и помалку склони кон дискриминација, да се почитуваат едни
со други и покрај различностите. Во склоп на работилницата беше
презентиран и документарен филм на тема дискриминација.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|