english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРEНЦИЈА НА ТЕМА „РЕЗОЛУЦИЈА 1325-ЖЕНИ, МИР И БЕЗБЕДНОСТ"

На 21 и 22 Ноември 2019 во Холидеј Ин, Скопје од страна на ЗГ Нексус беше организирана меѓународна конферeнција на тема „Резолуција 1325-Жени, мир и безбедност".

Од страна на ОЖО Свети Николе претседателката Даниела Панева имаше панел дискусија на тема „Ангажираноста на НВО во имплементација на Резолуцијата 1325 и важноста од инволвираност на НВО воимплементирање на активности на тема жени , мир и безбедност", модерирана од професорката Стојанка Мирчева.

Во своето излагање, претседателката ја потенцира важноста од заедничко и тимско работење на сите женски НВО т.е. НВО кои работат на промоција, едукација и заштита на правата на жените како и на подобрување на положбата на жените во сите сфери на општествениот живот. Резултатот од заедничка работа на ОЖО Свети Николе како иницијатор и неформалната мрежа од 16 женски НВО кој резултираше со промена на законската регулатива т.е. промена во Закон за здравствена заштита со добивање на бесплатни ПАП тестови за секоја жена, претседателката го посочи како успешен пример и мотивација за преземање на идни активности во имплеметација на НАП за Резолуцијата 1325.

Како втор сегмент од панел дискусијата од страна на претседателката како панелистка, беше презентирана анализата на резултати од едно анкетно истражување на ОЖО со три НВО (Ауреола, ЗГ на жени албанки и Доверба), спроведено во три мултиетнички општини (Струга, Кичево и Куманово) за познавањето на задолженијата од Резолуцијата 1325 и идентификувањето на разликите помеѓу етничките заедници во поглед на потребите, предизвиците и приоритетите на жените во конфликтни и миродобни услови во нивните средини.

На крај од панел дискусијата се презентираа заклучоците од истражувањето и препораките добиени од организираните многубројни форуми во повеќе општини во нашата држава.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2019 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster