english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА СВЕТИ НИКОЛЕ ЈА ПОДДРЖУВА РАБОТАТА
НА ГРУПАТА ЗА САМОПОМОШ НА ЖЕНИ ЗАБОЛЕНИ И ЛЕКУВАНИ ОД МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Локалната самоуправа Свети Николе во 2015 година додели финансиска поддршка на Организација на жените на општина Свети Николе од буџетот на општина Свети Николе наменети за невладини организации. Средствата се обезбедени за реализација на проектот Заедно сме посилни во борба против ракот“ кој е наменет за работилници со членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања и нивно полесно справување со психолошките трауми од болеста. Во проектните активности се вклучени повеќе од 2жени од општина Свети Николе, заболени и лекувани од малигни болести. Проектот се реализира во периодот Септември - Декември 2015 година.

Проектните активности вклучуваат работилници за психолошка и здравствена помош и подршка на жени заболени и лекувани од малигни заболувања на кои се обработуваат теми за здрава храна, здрави стилови на живеење, зошто и каде здравјето се губи, што нив лично ги смирува и што ги прави да се чувствуват мирно, смирено и радосно. Преку работилниците жените се информираат за надминување на непријатностите на кои наидуваат во текот и после лекувањето, може да соберат енергија за да се постигне внатрешен спокој и надворешно исполнување, но и да разменат искуства за полесно совладување на психолошките трауми кои ги имаат после оперативното лекување. Исто така жените на работилниците ќе имаат можност и да работат на развивање на својот креативен потенцијал и на тој начин да се чувствуваат корисно и исполнето. Работилниците се водени од психолог, доктор и едукатор за креативни вештини.

Со тоа се придонесува кон зајакнување на самодовербата за полесно надминување на последиците од болеста кај жените заболени и лекувани од малигни заболувања преку давање на соодветна стручна помош и поддршка.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster