„Креирање на услови на поправедно
општество – 3“ |
Во
рамки на проектот „Креирање на услови на поправедно општество – 3“
Организацијата на жените на општина Свети Николе во периодот
Јуни-Декември 2010 година ги реализира следните проектни активности:
- Одржани 5 работилници со групата за самопомош Во периодот
Јуни-Декември 2010 година;
- Одржани 2 дводневни семинари за млади девојки од руралните средини;
- Одржани 4 тркалезни маси во 4 градови;
- Одржани 4 презентации на резултатите од анкетното истражување во 4
градови (Свети Николе, Кочани, Струмица и Куманово);
- Реализирани 9 тематски работилници од областа на здравството и
семејното насилство (во 9 општини );
Канцеларија за бесплатна правна и психосоцијална помош на жртви на
семејно насилство Во периодот Јуни-Декември 2010 година.
Повеќе за овој напис
|
„Реализирај ги своите соништа – изгради ја својата иднина“ |
Организација
на жените на општина Свети Николе од 01 Август до 30 Ноември 2010
година го реализираше проектот „Реализирај ги своите соништа –
изгради ја својата иднина“ финансиски подржан од Норвешка амбасада
во Р.Македонија.
Општа цел на проектот: Придонес кон поттикнување и насочување на
младите за отпочнување на сопствен бизнис преку обука и нивно
информирање за можностите и начините за пристап до самовработување и
врабоување.
Целна група опфатена со проектот беше млади невработени лица од
општина Свети Николе на возраст од 18-35 години, од различен пол,
социо-економски статус, верска и етничка припадност.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Заедно сме посилни да го спречиме семејното насилство 2“ |
На
10 Мај 2010 година Организација на жените на општина Свети Николе
потпиша договор со УНФПА за реализирање на проектот „Заедно сме
посилни да го спречиме семејното насилство 2“.
Цел на проектот е зајакнување на веќе воспоставените модели на соработка
помегу релевантните институции преку соодветно функционирање на
локалните координативни тела во општините Свети Николе, Штип, Пробиштип
и Кочани со цел поефикасно делување и ефективно спроведување на
Законската регулатива од доменот на семејно насилство, подигање на
јавната свест и сензибилизација за постоењето на овој проблем кај
претставниците на верските заедници, младата популација, жените од
руралните средини и пошироката јавност .
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Бесплатна правна помош и судско
застапување од страна на адвокат за жени - жртви на семејно насилство“ |
Во рамки на заедничката програма на UN агенциите
“Зајакнување на Националните Капацитети за спречување на семејното
насилство”, Организација на жените на општина Свети Николе е носител
на проект финансиски поддржан од UNIFEM преку кој обезбедува
бесплатна правна помош и судско застапување од страна на адвокат за жени
- жртви на семејно насилство.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Зајакнување на националните
капацитети за превенција на семејното насилство“ |
Информативна
брошура, постер и флаер се изработени со техничка поддршка на УНДП во
рамките на заедничкиот проект на Обединети Нации „Зајакнување на
националните капацитети за превенција на семејното насилство“ поддржан
од Кралството Холандија и Фондот на Обединетите Нации за престанок на
семејното насилство против жените.
Линковите се
следните:
- за брошурата;
- за постерот;
- за флаерот:
предна и
задна страна;
|
на почеток= |
"Ние сме Европејци " |
Полската
Шуман Фондација започна со реализацијата на нов проект насловен "Ние
сме Европејци ", со кој има за цел да ги запознае граѓаните на
Европската унија со современата реалност на (потенцијалните)
земји-кандидатки во Југоисточна Европа и нивните потенцијали како идни
членки на Европската Унија. Организација на жените на Општина Свети
Николе е партнер во реализацијата на споменатиот проект. Повеќе
информации може да најдете на следниот линк:
http://schuman.pl/programy-fundacji-schumana/we-are-europeans
|
на почеток= |
Повик за
аплицирање на млади невработени лица за волонтери |
Младински
културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) започна со
имплементација на проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во
соработка со 5 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки
(ВИТ) и тоа СППМД - Кавадарци, Младински совет - Охрид, Агтис - Прилеп,
Институт за развој на заедницата - Тетово и Организација на жените на
општина Свети Николе. Потенцијални волонтери во овој проект се
граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица. За сите
волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и
исхрана.
Рокот за пријавување е од 1 до 10 Декември 2010
година,
во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе
или на e-mail: wom_org@yahoo.com.
превземи ја пријавата овде (136 КB)
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Извештај за
тематската трибина „Урбанистичко планирање“ |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе –
Транспарентна општина кој е дел од програмата CIVICA Mobilitas –
имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 06/10/2010
година со почеток во 19 часот во салата на собранието ја реализираше
втората тематска трибина на тема: „Урбанистичко планирање“.
На трибината присуствуваа жени и мажи на возраст над осумнаесет години
од општината, како и уште неколку членки од проектниот тим на
организацијата. Добиените информации иницираа
повеќе прашања кај присутните граѓани на кои г-ѓа Ѓилева даде исцрпни
одговори, еве неколку од нив:
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Извештај за одржана трибина во село
Кнежје |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе –
Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas –
имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 03/10/2010
година со почеток во 11:30 часот во просториите на Организација на
жените - Свети Николе одржа трибина наменета за жените од село Кнежје.
На трибината присуствуваа 10 жени на возраст над осумнаесет години од
ова село.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Извештај за теренско истражување МЗ
Кнежје |
На 28
Септември 2010 година во 18:00 часот во семејната куќа на претседателот
на месна заедница Кнежје се одржа теренско истражување како проектна
активност од проектот „Свети Николе – транспарентна општина. Проектот е
во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, а е
дел од програмата CIVICA Mobilitas во реализација на ЦИРа и финансиски
подржана од SDC. Теренското истражување го
реализираа: асистентката на проектот Рахела Симеонова Манева и
административниот асистент на проектот Фросина Мишева.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Извештај за теренско истражување во
месна заедница Ѓуѓанци |
На
20/09/2010 во 10:00 часот во село Ѓуѓанци, се одржа теренско
истражување, како дел од проектот “Свети Николе – транспарентна
општина” во реализација на Организација на жените на општина
Свети Николе, поддржан од програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана
од ЦИРА и финансиски поддржана од SDC.На состанокот беа присутни 5
жители на месната заедница, претседателот и 4 членови на месниот одбор.
На почетокот асистентот на проектот Анета Дачева ги запозна присутните
со целите на проектот и предвидените проектни активности. Потоа започна
со поставување на прашања до присутните, со цел да се согледаат нивните
мислења и видувања за состојбата на нивната месна заедница.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Трибина за испитување на потребите и
проблемите на жените од село Кадрифаково |
На 15
септември со почеток во 18 часот во просториите на подрачното основно
училиште „Даме Груев“ во село Кадрифаково се одржа трибина на тема
”Надлежностите на Локалната самоуправа – Свети Николе и потребите и
проблемите на жените од село Кадрифаково”.
Трибината е дел од проектот „Свети Николе – Транспарентна општина”,
проект на Организација на жените на општина Свети Николе, дел од
програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски
поддржана од SDC.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Теренско истражување во село Кадрифаково |
Теренско
истражување по проект „Свети Николе – транспарентна општина“,
одржано на ден 14/09/2010 (вторник) во село Кадрифаково. Проектот е
во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, а
поддржан од програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРА и
финансиски поддржана од SDC. Во село
Кадрифаково живеат околу 200 жители, од кои 10 се во работен однос, 30
сезонски работници, како и 5 регистрирани индивидуални земјоделци. Во
селото има 5 студенти, 6 средношколци, како и 17 ученици во основното
училиште во селото.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Извештај за одржана трибина во село
Немањици |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе –
Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas –
имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 09.09.2010
година со почеток во 17 часот во село Немањици одржа трибина
наменета за жените од ова село. На трибината присуствуваа жени на
возраст над осумнаесет години. Трибината ја
отвори координаторот на проектот г-ца. Јасмина Трајчева . Таа зборуваше
за целта на проектот и неговото значење за жените од општина Свети
Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Заедно - за
живот без насилство |
Организација
на жените на општина Свети Николе е носител на проектот “Заедно - за
живот без насилство” финансиски поддржан од UNDP и е дел од
заедничката програмата на UN агенциите “Зајакнување на Националните
Капацитети за спречување на семејното насилство”.
Во рамки на проектот беа реализирани 6 тренинг обуки на тема “Јакнење на
капацитетите на припадниците на МВР и локалните власти за борба против
семејното насилство” во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Куманово,
Кавадарци, Тетово и Битола.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Трибина за истражување на потребите и
проблемите на жените од село Долно Ѓуѓанци |
Организација на
жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе –
Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas –
имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 27.08.2010
година со почеток во 10 часот во село Д.Ѓуѓанци одржа трибина
наменета за жените од ова село. Трибината
започна со презентирање на целта на проектот и неговото значење за
жените од општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Tрибина за презентирање на сумираните
резултати од анкетно истражување |
Организација
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе –
Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas –
имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 26.08.2010
година со почеток во 19 часот во салата на Советот на општина Свети
Николе одржа трибина за презентирање на резултатите од анкетното
истражување спроведено на 1000 жени од општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Трибина за истражување на потребите и
проблемите на жените од село Пеширово |
Организацијата на жените на општина Свети Николе во
рамките на проектот Свети Николе – Транспарентна општина кој е поддржан
од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски
поддржана од SDC на 10.08.2010 година со почеток во 20 часот во
село Пеширово одржа трибина наменета за жените од ова село. На
трибината присуствуваа 13 жени на возраст над осумнаесет години.
Трибината ја отвори претседателката на организацијата г-ѓа Вера
Златева која зборуваше за целта на проектот и неговото значење за жените
од општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Теренско истражување во село Немањици |
На 27/07/2010 во 20:00 часот во село
Немањици се одржа теренско истражување, како дел од проектот “Свети
Николе – транспарентна општина” во реализација на Организација на жените
на општина Свети Николе, поддржан од програмата CIVICA Mobilitas-
имплементиран од ЦИРА и финансиски поддржан од SDC.
На состанокот беа присутни преседателот и 6 членови на месниот
одбор. Од развиената дискусија може да се заклучи дека состојбата на
месната заедница значително се влошила со донесувањето на Законот за
децентрализација, пред се поради фактот што месната заедница веќе нема
никакви ингеренции и е целосно зависна од Локалната самоуправа.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Трибина за истражување на потребите и
проблемите на жените од село Мустафино |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот Свети Николе –
Транспарентна општина кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas –
имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 20.07.2010
година со почеток во 18 часот во село Мустафино оддржа трибина
наменета за жените од ова село. На трибината присуствуваа 8 жени на
возраст над осумнаесет години. Трибината ја
отвори административниот асистент на проектот г-ѓа Фросина Мишева. Таа
ја презентираше целта на проектот и неговото значење за жените од
општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Теренско истражување во село Пеширово |
На 13/07/2010 во 20:00 часот во село
Пеширово се одржа теренско истражување, како дел од проектот
„Свети Николе – транспарентна општина“ во реализација на
Организација на жените на општина Свети Николе, поддржан од програмата
CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
На состанокот беа присутни преседателот и членови на месниот
одбор, како и жени од оваа месна заедница. Од развиената дискусија може
да се заклучи дека состојбата на месната заедница значително се влошила
со стапувањето на сила на Законот за децентрализација, пред се поради
фактот што месната заедница веќе нема никакви ингеренции и е целосно
зависна од Локалната самоуправа.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Теренско истражување во село Горобинци |
На 06/07/2010 во 20:30 часот во основното
училиште „Ацо Шопов“ во село Горобинци се одржа теренско
истражување како дел од проектот „Свети Николе – транспарентна општина“
во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе,
поддржан од програмата Civica Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и
финансиски поддржана од SDC. Од развиената
дискусија може да се заклучи дека состојбата на месната заедница
значително се влошила со донесувањето на Законот за децентрализација,
пред се поради фактот што месната заедница веќе нема никакви ингеренции
и е целосно зависна од Локалната Самоуправа.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Трибина за истражување на потребите и
проблемите на жените од село Амзабегово |
На 24.06.2010 година со почеток во 2030
часот во подрачното основно училиште „Даме Груев„ с.Амзабегово се
одржа трибина на тема: „Надлежности на Локалната Самоуправа - Свети
Николе и потреби и проблеми на жените од село Амзабегово “.
Трибината е дел од проектот „Свети Николе – транспарентна општина“,
проект на Организација на жените на општина Свети Николе поддржан од
програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски
поддржана од SDC.На трибината присуствуваа 16 жени од ова село.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Практики за потранспарентно, поефикасно
и поотчетно владеење |
На 24 и 25
јуни во конференциската сала на ресторан Лотос во Свети Николе се одржа
работилница на тема: „Практики за потранспарентно, поефикасно и
поотчетно владеење“. Оваа работилница е во рамките на „Проектот на
УСАИД за транспарентно владеење“ во реализација на НВО
Инфоцентарот, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, кои во текот на Mај
и Jуни 2010 година, организираат работилници за подобрување на
практиките за отчетно, ефикасно и транспарентно владеење во партнерските
општини: Штип, Струмица, Свети Николе и Виница. Целта на овие
работилници е ...
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Теренско истражување во село
Црнилиште |
На
22 јуни во просториите на месната заедница на село Црнилиште се одржа
теренско истражување како дел од проектот „Свети Николе – транспарентна
општина“, во реализација на Организација на жените на општина Свети
Николе, поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа
и финансиски поддржана од SDC. На состанокот беа присутни: претседателот
и 5 члена на месниот совет, како и неколку жени од селото. Присутните
најнапред ги поздравија асистентот на проектот Рахела Ѓоргиева и
координаторот на проектот Јасмина Трајчева.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Јакнење на доброволната работа
помегу децата и младите од општина Свети Николе” |
Во
месец Мај 2010 година менторите одржаа 3 средби каде што се извршија
сите подготовки околу одржување на едукативниот камп (обезбедување на
сместување, обезбедување на превоз, печатење на сертификати за
волонтерите и др.) Беа одржани две средби ментори – волонтери со цел
волонтерите да се информираат за активностите кои престојат за
реализирање на едукативниот камп. Во период од 12 до 14 јуни
2010 година се реализира едукативен камп во Дојран.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Трибина за истражување на потребите и
проблемите на жените од село Црнилиште |
Организација на жените на општина Свети Николе во
рамките на проектот „Свети Николе – Транспарентна општина“, поддржан од
програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски
поддржана од SDC, на 01.06.2010 година со почеток во 20 часот во село
Црнилиште оддржа трибина за испитување на потребите и проблемите на
жените од ова село.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Анкета на 1000 жени од општина Свети
Николе |
Во
рамките на проектот „Свети Николе – транспарентна општина“ во
реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, поддржан
од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски
поддржана од SDC, беше спроведено анкетно истражување на 1000 жени од
општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Tрибина за испитување на потребите и
проблемите на жените од село Горобинци |
Организацијата на жените на општина Свети Николе во
рамките на проектот „Свети Николе – Транспарентна општина“, кој е
поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и
финансиски поддржана од SDC на 27.05.2010 година со почеток во 1930
часот во село Горобинци оддржа трибина наменета за жените од ова село.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Теренско истражување во 7 месни заедници“ - с. Ерџелија |
На
08.06.2010 во с. Ерџелија се одржа теренско истражување по проект „Свети
Николе – транспарентна општина“, во реализација на Организација на
жените на општина Свети Николе, поддржан од програмата CIVICA Mobilitas
– имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
Состанокот се одржа во просториите на месната заедница во
с.Ерџелија, а беше модериран од асистентот на проектот Рахела Ѓоргиева.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Теренско истражување во 7 месни заедници“ - с.Мустафино |
На 28 мај 2010 година со почеток во 19:00 часот во
просториите на месната заедница с.Мустафино се одржа состанок со
претседателот, членови и жители на оваа месна заедница. Состанокот е дел
од проектот „Свети Николе – транспарентна општина“, во реализација на
Организација на жените на општина Свети Николе, поддржан од програмата
CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Надлежности на Локалната Самоуправа
- Свети Николе и потреби и проблеми на жените од село Ерџелија“ |
На 27.05.2010 година со почеток во 20 часот во
основното училиште Даме Груев, с.Ерџелија се одржа трибина на
тема: „Надлежности на Локалната Самоуправа - Свети Николе и потреби и
проблеми на жените од село Ерџелија“. Трибината е дел од проектот
„Свети Николе – транспарентна општина“, проект на
Организација на жените на општина Свети Николе поддржан од програмата
CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
"Креирање на услови за поправедно општество-3" |
Организацијата
на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот "Креирање на
услови за поправедно општество 3” финансиски подржан од Шведската
фондација KVINNA TILL KVINNA во периодот од Јануари до Јуни
2010 година ги реализираше следните проектни активности:
-Одржана средба со неформалната мрежа од 12 женски Невладини
Организации од Р.Македонија;
-Одржани три работилници со групата за самопомош;
–Истражување на потребите и проблемите на жените во руралните средини во
Источна Македонија;
-функционирање на канцеларијата за правна и психосоцијална помош
за жени жртви на семејно насилство
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Теренско истражување во 7 месни
заедници“ - с.Амзабегово |
На 18 мај 2010 година се одржа состанок во месна
заедница с.Амзабегово, како дел од проектната активност „Теренско
истражување во 7 месни заедници“ по проект на Организација на жените
на општина Свети Николе - „Свети Николе – транспарентна општина“ -
поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и
финансиски поддржан од SDC.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
„Свети Николе – транспарентна општина“ |
На 19
април 2010 година
Организација на жените на општина Свети Николе потпиша договор со Центар
за институционален развој – Скопје за реализирање на проектот
„Свети
Николе – транспарентна општина“. Проектот е
подржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана
од ЦИРа и финансиски поддржана од
SDC. Цел
на проектот е
подобрување
на транспарентноста во финансиското работење на Локалната самоуправа на
општина Свети Николе и придонес кон решавање на проблемите и потребите
на жените од општина Свети Николе.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Центар за набљудување на работата на
локалната власт |
Во рамките на Организација на жените на општина Свети
Николе од 1 март 2010 година функционира Центар за
набљудување на работата на локалната власт. Овој Центар е дел од
проектот „Проект на USAID за транспарентно владеење 2009-2012г.“ кој е
во реализација на НВО Инфоцентар, Центарот за граѓански
комуникации и ЕХО. Цел на проектот е придонес кон
заживување на механизмите за транспарентност, одговорност и
отчетност на локалните власти, кон зајакнување на учеството на
граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво, како и кон
размената на добри практики меѓу локалните самоуправи на национално ниво.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Јакнење на доброволната работа
помегу децата и младите од општина Свети Николе” |
Организација
на жените на општина Свети Николе од месец јануари 2010
година продолжи во континуитет со реализација на активностите од
проектот “Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од
општина Свети Николе” финансиран од Американската Амбасада во Скопје
во средното и трите основни училишта во општина Свети Николе. Во рамките
на проектот 130 волонтери продолжија со пружањето на услуги на
своите корисници кои имаат проблеми во совладувањето на наставната
содржина.
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
“Бисер на мудроста” награда за превенција од рак на грлото на матката |
Наградата
“Бисер на мудроста” ја доделува ECCA – European Cervical Cancer
Association за прогресивна имплементација на програмата за превенција од
рак на грлото на матката во Македонија.
Наградата е доделена на Организација на жените на општина Свети Николе,
Министерството за здравство на Република Македонија, Комисијата за еднакви можности при
Собранието на Република Македонија и Македонското женско лоби од Скопје, како признание за
нивниот исклучителен придонес во програмата за превенција од рак на
грлото на матката.
Наградата беше доделена на 26 Јануари 2010 во Брисел во Европскиот
Парламент.
http://www.ecca.info/en/campaigns/pearl-of-wisdom-awards/2010-awards.html
Повеќе за овој напис
|
на почеток= |
Извештај од средбата со Комисијата за
родова еднаквост |
Како
дел од проектните активност на Организацијата на жените на општина Свети
Николе по проектот “Креирање на услови за поправедно општество-2” кој
финансиски е подржан од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA
, на 28.12.2009 година се
одржа последната средба за оваа година со членовите на
Комисијата за родова рамноправност на општина Свети Николе. На
средбата се зборуваше за досегашните реализирани активности на
Комисијата, за поминатите обуки и едукативни предавања за членовите на
Комисијата и преземените активности од страна на Советот на општина
Свети Николе. Донесена е Програма за работа за 2010 година на
Комисијата.
Повеќе за овој напис
|
|
на почеток= |