Младите
со креативни изработки
помагаат за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени
и лекувани од малигни заболувања.
Во месец Април беа
реализирани неколку креативни работилници за изработка на Велигденски
украси кои беа изложени и продавани со цел да се соберат средства за
поддршка на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни
заболувања која повеќе од 10 години функционира во рамките на
Здравствената програма на Организацијата. Креативните изработки се
изработија на иницијатива на младите членки/нови во Организација на
жените на општина Свети Николе.
Реализацијата на оваа
младинска иницијатива, прва од ваков вид, беше успешна и добро прифатена
од граѓаните на Свети Николе. Изложбениот Велигденски продажен штанд
опфаќаше над 120 велигденски украси,
а беше посетен од над стотина граѓани од општина Свети Николе кои
несебично купувајќи рачно изработени Велигденски изработки, донираа
средства за работата на групата за самопомош на жени заболени и лекувани
од малигни заболувања од општина Свети Николе.
Целта на оваа
иницијатива беше да се испита пулсот на светиниколчани за донирање и
поддршка на вакви активности, а со цел да се формира фонд за поддршка на
жените заболени и лекувани од малигни заболувања.