Целта на проектот и воедно на овие обуки е
да се зајакнат капацитетите на Заводот за социјални дејности, Центрите
за социјална работа низ Р.Македонија и граѓанските организации кои
работат на полето на социјалната заштита во развивање на Програми за
социјална вклученост преку ефикасно користење на фондовите на Европска
унија.
- Обуки за истржувачки методи и десиминација на истржувачки проекти
Во почетокот на месец ноември се
организираа две дводневни обуки на тема: Истражувачки методи (интервјуа
и фокус групи), деск истражување, подготовка на документи за јавни
политики. На секоја од обуките присуствуваа по 8 односно 12 претставници
на граѓански организации на национално ниво кои покрај тоа што имаа
можност да ги зајакнат своите капацитети на темата, како да ја применат
методологијата практично во нивната работа, споделија и сопствени
искуства мислења и ставови и имаа можност за меѓусебно запознавање и
проширување на соработката со останатите учесници.
- Обука за ЕУ проектен дизајн и менаџмент
Крајот на октомври и почетокот на ноември
паралелно се оддржаа и четири обуки наменети за претставници на Центрите
за социјална работа, Завод за социјални дејности и граѓански организации
од различни региони на Р.Македонија. Тема на обуките беше ЕУ проектен
дизајн и менаџмент со фокус на раководење со проектен циклус,
запознавање со елементи на логичка рамка, логика на интервенција и
изработка на проектна апликација. Како дел од обуките се иницираше и
подготовка на заеднички проектни апликации од областа на социјалната
вклученост под менторство на експерт од областа на проектен менаџмент.
Дополнително, овие обуки имаа за цел да ги вмрежат граѓанските
организации кои работат во полето на социјалната заштита и Центрите за
социјална работа од општината или регионот во кои делуваат.
Во иднина од овие активности се очекува да
произлезат проекти кои заеднички ќе се изработат и реализираат од страна
на граѓанските организации и Центрите за социјална работа, понатаму ќе
се промовира натамошно зајакнување на нивната меѓусебна соработка, а
воедно преку регрантирање ќе бидат поддржани и активности на граѓански
организации насочени кон мониторинг на акциските планови за социјална
вклученост во три општини, а извештаите кои ќе проеизлезат од
мониторингот ќе бидат објавени во збирка.