english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

„Младинска работа и волонтирање против радикализација“

Две волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе, во соработка со СППМД од Кавадарци учествуваа на тренинг курс кој се реализираше во рамките на програмата Еразмус+ (финансирана од Европската Комисија). Тренинг курсот на тема „Младинска работа и волонтирање против радикализација“ се одржа во периодот од 8 до 15 ноември 2016 во Чрномељ, Р.Словенија и на него учествуваа 30 млади од Хрватска, Германија, Македонија, Италија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија, Бугарија, Грција и Велика Британија.

Организатор на тренингот беше Младински центар BIT од Чрномељ, Р.Словенија која функционира како невладина организација од јавен интерес во областа на младинската работа. Главна цел на тренингот беше да се изгради професионален развој на младински работници, за да се здобијат со методи потребни за пренесување на заедничките основни вредности на општеството и спречување насилна радикализација на млади луѓе.

 

Учесниците учествуваа во разни активности, дискусии, симулациски вежби.

Тренингот беше воден од страна на двајца меѓународни младински тренери - Едвард Шери, поранешен полицаец од Лондон, кој покрај другото работи и во Националната програма за волонтерски полициски кадети во цела Велика Британија и - Михал Браун кој е искусен НВО менаџер, младински работник и тренер од Полска.

Обуката се спроведуваше на англиски јазик.

Вечерните часови беа резервирани за слободни активности меѓутоа и за претставување на државите учеснички на овој тренинг курс.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster