Акција за
чистење на речното
корито на реката Поток
„Мрдни со Прст" е
кампања, платформа на организации и неформални групи кои на било каков
начин придонесуваат за општото добро во
нашето општество. Кампањата има за
цел да ги повика граѓаните да размислат на каков начин самите можат да
придонесат кон адресирање или решавање на проблемите со кои секојдневно
се соочуваме.
Преку Организација на
жените на општина Свети Николе кампањата „Мрдни
со Прст" стана присутна и во нашиот
град. Во периодот од јули до октомври 2017
година, ОЖОСВН заедно со своите партнер организции Доброволно
противпожарно друштво-ДПД и Извиднички Одред „Гоце Делчев" од Свети
Николе, ќе реализираат повеќе од десетина
акции на кои очекуваме да присуствуваат и вклучат многу локални
организации, институции и граѓани.
Една од активностите во
рамките на оваа кампања беше чистење
на речното коритито на реката Поток во центарот на Свети Николе. Оваа
активност се реализираше во периодот од 15
до 18 Август и се исчистија 400 метри од коритото. Во самата акција
учествуваа 50тина граѓани кои го чистеа
делот околу речното корито во паркот
и во најголем дел градежната
фирма „АГП“ од Свети
Николе, која со својата механизација
го чистеше сметот и отпадот од
самата река, а притоа беа изнесени над 300 метри кубни смет.
Организација на жените на општина Свети Николе
|