|
Регионален форум за источниот и
југоисточниот регион под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите !"
На 7ми Октомври 2016 година, во
организација на ЦИВИКА МОБИЛИТАС се одржа Регионален форум за источниот
и југоисточниот регион под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“.
Учесниците на форумот ги поздрави Питер Тоинес – национален тим лидер на
ЦИВИКА МОБИЛИТАС Програмата со пораката „Ништо за нас, без нас“. Форумот
се одржа во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип.
Носечката тема на форумот беше социјалната
инклузија, односно потребната соработка за социјална инклузија, за која
учесниците на форумот разменија мислења, идеи, искуства и се предложија
предлози за понатамошни заеднички акции на грантистите. Свои излагања на
форумот имаа организации грантисти на Цивика: Планетум од Струмица, Кхам
од Делчево, Избор од Струмица, Асоцијацијата за истражување,
комуникација и развој Паблик од Скопје, кои споделија свои искуства на
полето на социјалната инклузија и социјалното претприемништво.
Учесниците на форумот имаа можност да
дискутираат во работни групи на две теми: миграции и невработеност. Во
овој дел свои презентации и излагања имаа преставници од Медија плус од
Скопје, Нов контакт од Скопје и Фондацијата за развој на локалната
заедница од Штип .
Форумот за учесниците претставуваше можност
за споделување на искуства, презентирање на нови идеи и можност за
заеднички настап во иднина на грантистите на ЦИВИКА. Во неформалниот дел
на форумот повеќе организации имаа можност за презентација на
организациски активности, како и продукти од активности на грантистите.
|
|
|
На покана на Македонскиот центар за
меѓународна соработка кој ја реализира Цивика Мобилитас Програмата во
Македонија и Канал 77, на форумот учествуваше и Организација на жените
на општина Свети Николе. Организацијата се вклучи во одбележување на
Октомври месец за подигање на свеста за рак на дојка и за таа цел имаше
свој штанд со едукативен и информативен материјал за превентивно
делување и навремено откривање на ракот на дојка, како и посттретманско
справување со болеста. На штандот беа изложени и над 200 рачни изработки
од рециклирани материјали, изработени од вредните и креативни раце на
членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни
заболувања како и членки/ови на Организацијата поддржувачи на оваа целна
група. Рачните изработки беа од продажен карактер, а средствата од
продажбата се наменети за помош и подршка на членките на групата за
самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања при ОЖО
Свети Николе.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|