|
Продолжен
институционалниот грант за
уште една година
Организација на жените
на општина Свети Николе од 1 април 2017 година до 31 март 2018 година
останува институционален грантист од првата генерација на добитници на
Институционален грант за развој на својот
капацитет како граѓанска организација од „Цивика Мобилитас“ програмата
за поддршка на граѓанското општество, а во рамки на Швајцарската
агенција за развој и соработка.
Со тоа ОЖОСВН добива
можност во следната година да ги унапреди своите институционални
капацитети, знаења и вештини на своите членови во повеќе области кои се
важни за нејзиното функционирање како современа граѓанска организација
која ги следи во чекор поголемите, признати и препознаени организации,
но и потребите, проблемите, идеите на своите конституенти.
Оваа поддршка веќе трета
година овозможува на организацијата континуитет во работата, зајакнување
на капацитетите, стекнување на знаења и вештини за раст и развој на
организацијата итн. Со тоа и организацијата е поблиску до своите конституенти,
транспарентна кон своите корисници и целни
групи, ја проширува и зајакнува соработката со институции, организации,
државни органи, но и бизнис заедницата, но и работи на
институционалното јакнење преку зајакнување на човечките ресурси,
граѓанското учество, соработка и партнерство итн.
Како дел од оваа
Програма, ОЖОСВН ја прошири својата мрежа на партнери и соработници,
располага со повеќе информации кои се значајни за граѓанскиот сектор,
споделува различни знаења и искуства со останатите грантисти на Цивика
семејството, а сето тоа е многу значајно за посилен и повлијателен
граѓански сектор.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|