„e-ENGAGEMENT"
и во Свети Николе
Организација на жените на општина Свети Николе како
партнер организација на
Младинска Алијанса од Крушево ја
организираа и реализираа седмата
едукативна работилница за
млади која
е дел од проектот
„e-ENGAGEMENT".
Главна
цел на проектот „e-ENGAGEMENT“ е подигање
на свеста и развивање на нови вештини и знаења кај младите луѓе од сите
региони во Република Македонија за употреба на можностите и придобивките
кои ги нудат новите технологии со цел нивно активно вклучување и
придонесување во општеството.
„е- ENGAGEMENT" е проект на Младински Сојуз од
Крушево, финансиски поддржан
од „Фондацијата е-Македонија“, а
активностите во Свети Николе се
имплементираа во партнерство со Организација на жени на општина
Свети Николе.
Проектот е наменет за
подобрување на клучните компетенции и вештини
на младите луѓе со цел да им се овозможи
подобро користење на потенцијалот и придобивките од новите технологии,
како и подигање на свеста кај нив за користење на предностите на новите
технологии и дигиталните алатки за вклученоста на младите и решавање на
општествените прашања кои влијаат врз нив.
Специфични
цели на проектот:
•Зголемување
на свеста кај младите луѓе од различни средини во Македонија за важноста
на електронското ангажирање;
•Подобрување
и зајакнување на вештините кај младите од јазичен, дигитален и социјален
аспект како и надградување на нивните капацитети за нивно подобро
дигитално ангажирање;
•Поттикнување
социјална инклузија на специфични маргинализирани групи на млади луѓе
преку нивно дигитално анагажирање;
•Вмрежување
на „e-ENGAGEMENT" учесниците во мрежа на млади луѓе кои ќе бидат
поттикнувачи на следни акции за дигитално ангажирање;
Водечката
сила зад проектот „e-ЕNGAGEMENT" е
желбата преку развој на комбинација од знаење, вештини, вредности и
мотивација помеѓу младите луѓе, да се направат позитивни промени во
општеството со користење на потенцијалот и придобивките на новите
технологии.