english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Локална стратегија за социјална инклузија на жени и млади во општина Свети Николе

Во периодот од ноември 2016 до април 2017 година, Организација на жените на општина Свети Николе заедно со 35 претставници на различни локални чинители од Свети Николе (одделенијата на Локалната самоуправа, членови на општинските совети, претставници на владини институции, Центарот за социјална работа, образовни и академски институции, невладини организации, претставници на бизнис секторот, претставници на политички партии и др. субјекти) кои се дел од ЛАПСИ на општина Свети Николе, работеа на детектирање на проблеми кои ги засегаат младите и жените во општина Свети Николе и изнаоѓање решенија за нивно надминување. Резултат на работата на ЛАПСИ после три оддржани работилници во периодот декември 2016г. до март 2017 година изработена е тригодишна Локална стратегија за социјална инклузија на жените и младите во општина Свети Николе за периодот 2017-2020 и изработен годишен акционен план.

На 13 јуни 2017 година носителите на проектните активности Охрид Институт и Македонското Женско Лоби, организираа конференција на која беа презентирани осумнаесет ЛАПСИ и осумнаесет изработени Локални стратегии за социјална инклузија на жени и млади од 18 општини од Р.Македонија кои беа дел од целиот процес на проектот. На конференцијата беше презентирана националната платформа за социјална инклузија на жени и млади, МАПСИ која вклучува 18 Локални платформи од 18 општини во Р.Македонија. Во периодот кој следува сите засегнати страни имаат одговорна задача, а тоа е изнаоѓање начини, механизми и средства за реализирање на предлог плановите за имплементацијата на стратегијата-Акциските планови за периодот 2017-2018 година.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster