ВОЛОНТЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ФАРЕ
ФУДБАЛСКАТА НЕДЕЛА 2015
Волонтери и волонтерки од Организација на жените на
општина Свети Николе по 11-ти пат се вклучија во одбележувањето на
најголемата општествена кампања и акција во спортот „Football
People action week", кампања која ја слави моќта на фудбалот, ги
зближува луѓето и се спротивставува на социјалната исклученост и
дискриминацијата. Во оваа акција се вклучени групи во заедницата,
навивачи, професионални и аматерски клубови, национални ФАС и групи од
граѓанското општество од 50 земји организирани во повеќе од 2000
активности за справување со дискриминацијата и славење на
различноста.
Од 23-25 Октомври 2015 година во Свилајнац, Р.Србија
се организира меѓународен младински турнир во мал фудбал „Be a pal, play
futsal!" на кој учествуваа млади од Македонија, Србија, Босна и
Херцеговина и Бугарија. Македонија ја преставуваа група млади волонтери
и волонтерки од Организацијата на жените на општина Свети Николе.
Турниот на пријателството имаше за цел да ги
промовира еднаквоста, антирасизмот, толеранцијата, како и почитувањето
на различноста помеѓу младите. Со заеднички сили се успеа да се покаже
дека сите учесници не само на фудбалските терени треба да се еднакви и
рамноправни без разлика на различностите кои постојат (пол, возраст,
верска, економска, социјална и национална припадност).
Младите учесници на турнирот порачаа дека заеднички
ќе делуваат на полето на рамноправноста и заедно со илјадници европски
групи ќе ја користат моќта на фудбалот за да го промовираат обединетиот
став против дискриминацијата и се декларираат како фудбалски луѓе.
h