english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

Организација на жените на Општина Свети Николе во ТОП 10 најуспешни граѓански организации
во Република Македонија

Според извештајот „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, Организација на жените на Општина Свети Николе е во ТОП 10 најуспешни граѓански организации во Република Македонија. Први десет граѓански организации кои граѓаните ги наведуваат како успешни се: Црвен крст, Мост, Меѓаши, Ел хилал, СОС Детско село, ФООМ, ЗНМ, Аква, Аман и Организација на жените на Свети Николе.

Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, кои се однесуваат на граѓанското општество, а која беше спроведена по петти пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Република Македонија. Целта на истражувањето беше да се испита довербата на граѓаните во институциите и во граѓанското општество.

Оваа година извештајот е нарачан од страна на проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО)“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), а е подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС и Македонската канцеларија на ТАКСО му ја доверија анкетата на јавното мислење, врз којашто се базира овој извештај, на М-проспект, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата. Повеќе информации за МЦМС и ТАКСО се дадени на крајот од извештајот.

Истражувањето ги опфати општото познавање на граѓанските организации, познавањето организации кои работат во конкретни области и на триесет и една граѓанска организација. Познавање на граѓанските организации Граѓаните беа запрашани да наведат една или повеќе успешни граѓански организации, т.е. организации кои според нивното мислење се активни и постигнуваат резултати.

Графикон II.1. (страна 15 во извештајот)
Препознаени граѓански организации како успешни

Мнозинството од граѓаните (53,8 %) знаат да наведат успешна граѓанска организациja, слично како и во 2010 г. (52,6 %). Вкупно се препознаени околу 80 конкретни граѓански организации најмалку од еден граѓанин. Први десет граѓански организации кои граѓаните ги наведуваат како успешни се: Црвен крст, Мост, Меѓаши, Ел хилал, СОС Детско село, ФООМ, ЗНМ, Аква, Аман и Организација на жените на Свети Николе. Пет од овие организации беа наведени како најуспешни и во 2008 и во 2010 година (Црвен крст, Мост, Меѓаши, Ел хилал и ФООМ).

Познавањето граѓански организации кои дејствуваат во осум конкретни области е истражувано барајќи од испитаниците спонтано да наведат три организации кои придонесуваат во истите. Истражувано беше познавањето на граѓанските организации, кои дејствуваат во областите: Борба против сиромаштијата; Развој на малите и средните претпријатија, економски развој, вработување (понатаму: економски развој); Локалниот и руралниот развој; Развој на демократијата и човековите права; Борба против корупцијата; Јакнење на граѓанското општество; Градењето мултикултурно општество; и, Процесот на интеграција во ЕУ. Во 2013 г. малцинство граѓани знаат да наведат организации кои дејствуваат во овие осум области, што е подобро од минатите истражувања, кога мало малцинство (под 30 %) можеа да наведат конкретна организација. За забележување е дека граѓаните како субјекти кои најмногу придонесуваат во одредени области наведуваат и некои од државните институции, и покрај тоа што од испитаниците е побарано да наведат граѓанска организација.

Извештајот можете да го погледнете на следниот линк:

http://mcms.org.mk/images/docs/2013/doverbata-vo-graganskoto-opstestvo-2013.pdf

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2013 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster