english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

„Убавите нешта се во мали пакувања – Запознај ја Македонија“

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 3 месеци почнувајќи од 1 март до 31 мај 2014 година реализираше проектни активности од проектот „Убавите нешта се во мали пакувања – Запознај ја Македонија" финансиски поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот се реализираше во партнерство и соработка со Македонско Културно Друштво „Охридски бисер" од Загреб, Р.Хрватска, Друштво за развој на доброволната работа од Ново Место, Р.Словенија и „Surplus onlus" Трст, Италија.

Општа цел на проектот беше придонес кон промовирање на македонското културно и историско наследство во меѓународни рамки, а особено во државите Хрватска, Словенија и Италија.

Во проектните активности учествуваа 7 млади од Свети Николе, Р.Македонија кои имаа за задача да се подготват и добро да ги презентираат убавините на Македонија надвор од нејзините граници.

 
     
 

За подобра промоција на македонското културно и историско наследство се изработија повеќе форми на промотивен и информативен материјал кои беа дистибуирани на пошироката јавност во Загреб, Ново Место и Трст. Беше испечатен дополнителен тираж од брошурата Meet Macedonia која беше подготвена од друга проектна активност и се изработи дополнителна мала брошурка „Beautiful things are in small packages – Meet Macedonia" (брошурата може да ја превземете со кликање на нејзиното име). Двете брошурки се на англиски јазик. Исто така беа подготвени и дистрибуирани 30 македонски знаменца, 3 платнени знаменца, 70 беџови со македонското знаме, 110 магнети со мотиви од Свети Николе, Охрид, Скопје и Македонија, се набави банер за Организација на жените на општина Свети Николе, 10 шољи со мотиви од Свети Николе, како и 300 ДВД со промотивни спотови за Македонија, македонска изворна музика, аматерски филм „Meet Macedonia". Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот за потребите на проектот ни отстапиа дел од нивните промотивни материјали за Македонија кои ги подигнавме од нивните канцеларии (Лулка на културата, мапи и карти на Македонија, тематски брошури, хотели и градови во Македонија итн.), како и од Агенцијата за млади и спорт кои ни издвоија дел од нивните музички изданија (Кирилицо испеана, Македонија засекогаш, Најдоброто од Македонија, Македонија навива итн.).

 
     
 

Исто така Организацијата доби спонзорство од асортиманот на производи и од фирми во општина Свети Николе (МИК Свети Николе со производи од нивните готови јадења (тавче гравче и гулаш), ЛИОН Свети Николе со разновидни слатки кондиторски производи и промотивен материјал за нивната фирма, како и винарската визба „Езимит" од Штип со претставништво во Свети Николе кои ни обезбедија црвено и бело вино за самите презентации).

Со цел поголема и директна промоција на Р.Македонија, презентирање на македонското културно наследство, вкусната македонска храна и вино како и македонската музика, Организација на жените на општина Свети Николе реализираше седумдневен патувачки караван во Загреб - Хрватска, Ново Место - Словенија и Трст - Италија. На караванот се реализираа културни настани „Ден на македонското културно и историско наследство“ во секој од посетените градови. На секој од трите настани се направија презентации во времетраење од три часа каде според претходно сценарио, се промовираше македонското културно наследство, македонската традиција, храна, изворна музика итн.. Всушност самата презентација се состоеше од: презентација на основните историски, географски и културни белези на Македонија, видео презентација на промотивни спотови за Македонија (Macedonia Timeless), рецитал на „Т`га за југ", презентација на интересни факти за реткости, природни богатства и познати личности од Македонија, како и изворна музика и песни. Исто така на секоја од презентациите имаше поставено и штандови со бесплатни промотивни и информативни материјали, како и традиционална храна и пијалоци. На тој начин посетителите на настаните во Загреб - Хрватска, Ново Место - Словенија и Трст - Италија имаа можност да добијат брошури, македонски знаменца, беџови и магнети со мотиви од Р.Македонија, ЦД со македонска изворна музика и друг промотивен и информативен материјал за Р.Македонија, како и да вкусат традиционална македонска храна и пијалоци и да уживаат во изворната македонска музика, народни ора и песни. По завршувањето на самите презентации, посетителите имаа можност своите впечатоци од настанот да ги пренесат до учесниците на презентацијата, како и во Книгата за впечатоци која беше поставена кај промотивниот материјал. Со тоа населението од посетените градови имаа можност поблиско да ја спознаат земјата и да се поттикнат во иднина да ја посетат.

 
     
 
     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster