македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ВЕСТИ ОД 2008 ГОДИНА    

 

Сите за подобро утре

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 1 ноември 2008 година до 31 јануари 2009 година реализира активности од проектот “Сите за подобро утре“кој финансиски е подржан од Екуменска иницијатива жена – Р.Хрватска. Целта на проектот е запознавање на традицијата, културата и обичаите на различните верски заедници и правење чекор напред во градењето на мегуверската толеранција , надминување на предрасудите и стереотипите во средини каде што живее мултиетничко население.

Повеќе за овој напис

Одбележан Светскиот ден на волонтерската работа

Во рамките на проектот работниот тим се договори Организација на жените на општина Свети Николе да се вклучи во одбележување на Светскиот ден на волонтерската работа – 5 Декември . На 5 Декември 2008 година во салата на собрание на општина Свети Николе се одржа мала културно забавна програма. На почетокот на програмата излагање имаше Претседателката на Организација на жените на општина Свети Николе г-ѓа Вера Златева која ја истакна важноста на волонтерската работа и можностите кои таа ги нуди.

Повеќе за овој напис

16 дена активизам против семејно насилство врз жените

Организацијата на жените на Општина Свети Николе како дел од проектот ,,КРЕИРАЊЕ НА УСЛОВИ ЗА ПОПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО,, финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA , а во рамки на меѓународната кампања „16 дена активизам против семејното насилство врз женитекоја трае од 25 Ноември до 10 Декември реализираше повеќе активности.

Повеќе за овој напис

Локален Волонтерски Сервис

Организација на жените од општина Свети Николе како партнер организација на Младински културен центар – Битола од октомври 2008 година започна да работи како Локален волонтерски сервис односно Волонтерска инфо точка. Локалниот волонтерски сервис (ЛВС) е структура која работи на развој и имплементација на квалитетен систем за волонтерски менаџмент и воедно дава придонес за решавање на проблеми во локалните заедници со воспоставување на рамнотежа помеѓу потребите и понудата на човечки ресурси – волонтери. ЛВС ќе биде отворен за сите граѓани и потенцијални корисници на волонтерскиот сервис.

Повеќе за овој напис

9та ФАРЕ ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА

Во тек е најголемата анти-расистичка кампања во Европа - со фудбал против расизам во Европа - ФАРЕ. Активностите од деветата акциона недела организирани се од мрежата ФАРЕ во 37 земји во Европа.
Организација на жени на Општина Свети Николе преку својот детско младински центар Вавилон од Свети Николе по петти пат се вклучија во одбележување во оваа кампања. На 19 Октомври 2008 година на спортската сала Цар Самоил во Свети Николе, беше организиран турнир во мал фудбал со учество на екипите: Друштвото за развој на доброволната работа од Јагодина-Србија, екипи на Вавилон центарот Свети Николе и екипа на Мировниот корпус од Америка.

Повеќе за овој напис

Еко - камп  “Заедно за почиста општина”

На ден 26,27 и 28 Септември 2008 година во Извидничкиот дом  Орел во с. Орел се одржа Еко - камп  кој како дел од проектните активности на проектот  “Заедно за почиста општина” чиј носител е И.О.”Гоце Делчев” и “Организација на жени на Општина Свети Николе”, во партнерство со Локалната самоуправа и останатите чинители: Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на роми, Здружение на власи и Еколошко друштво Изгрев.На Еко - кампот  учествуваа 40 активисти/ претставници на НВО , образовните институции и другите општествени чинители кои се вклучени во реализацијата на овој проект на возраст  од 15 до 25 години.

Повеќе за овој напис

на почеток=

” Развивање на доброволна работа“ Септември 2008 година

По враќањето на менторите од обуката во Словенија која беше одржана од 21 до 24 Август 2008 година се одржа договорна средба за понатамошните активности во врска со проектот . На 15 септември 2008 година работниот тим составен од : координатор и ментори имаше состанок. На состанокот беше направена прераспределба на менторите по основните училишта :Кирил и Методиј , Гоце Делчев од Свети Николе и Даме Груев од село Ерџелија и Средно општинското училиште Кочо Рацин од Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Млади во акција – вистина или предизвик”

Организација на жените на Општина Свети Николе го реализараше проектот „Млади во акција – вистина или предизвик”, кој беше финансиски подржан од Агенција за млади и спорт на Република Македонија. Општа цел на проектот - Промоција на програмата Млади во акција на Европската Комисија и стекнување на способности за начинот на аплицирање во оваа програма.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Коалицијата “Македонија Нулта Корупција“

Организација на жените на општина Свети Николе е членка на Коалицијата “Македонија Нулта Корупција “ .На ден 04.09.2008 година во хотел Континентал беше одржано основачко собрание на Коалицијата каде што беше усвоена Повелба и Акционен план за работа на Коалицијата .Коалицијата “Македонија Нулта Корупција” е формирана на иницијатива на “Транспарентност-Нулта Корупција” во рамките на проектот “Култура на законот наспроти корупцијата 2008.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Работилници за Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените

Организацијата на жените на општина Свети Николе од почетокот на 2008 година реализира 6 работилници за Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените (CEDAW). Во периодот Април - Мај 2008 се одржаа 4 работилници во Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица и Куманово, а во Септември во Свети Николе и Штип. Целта на овие работилници беше зголемување на информираноста за CEDAW конвенцијата и начинот на заштита на женските права согласно меѓународните правни инструменти.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК за учество на обука за Програмата МЛАДИ во АКЦИЈА

ПОВИК за учество на семинарот
МЛАДИ ВО АКЦИЈА - ВИСТИНА ИЛИ ПРЕДИЗВИК

Доколку сакате да организирате меѓународни младински семинари, тренинзи и младински размени и доколку сакате во блиска иднина да имате волонтер од некоја од Европските земји, тогаш повелете аплицирајте за дводневниот семинар Млади во Акција - вистина или предизвик, кој го организира Организација на жените на општина Свети Николе финансиски подржано од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.
Овде може да ги превземете:
- повикот за учество на семинарот;
- пријавата за учество на семинарот;

на почеток=

Обука за ментори во Словенија

Преставници на Организацијата на жените на општина Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од основните и средното училиште од Свети Николе, во периодот од 21-24 Август 2008, учествуваа на обука за ментори во организација на Словенска филантропија од Љубљана. Учесниците на обуката “Развивање на  доброволната работа со деца и млади на територии на Западен Балкан и начин на  подготовка на граѓанството во демократското општество”споделија искуства од досегашната работа на полето на волонтерството во своите држави, се запознаа со словенскиот модел на  доброволна работа со млади  во  училиштата и придобивки од доброволната работа за младите.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ЗАЕДНО за почиста Општина

“Организација на жените на Општина Свети Николе“  во партнерство со И.О. “Гоце Делчев”, како и останатите општествени чинители: Општина Свети Николе, ЈП. Комуналец, Еколошко друштво Изгрев, Граѓанска иницијатива на жени, Здружение на Роми и  Здружение на Власи  ја  започнаа реализацијта на проектот „Заедно за почиста Општина”.
Овој проект се спроведува преку Програмата SECTOR на Регионалниот центар за Заштита на животната средина за Централна и Источна Европа. Оваа програма ја финансира Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA).

Повеќе за овој напис

на почеток=

Мултилатерална Младинска Размена „Пријателство без граници“-Јундола, Бугарија

Од 01 до 11 Јули 2008 година во Јундола, Бугарија се одржа Мултилатералната Младинска Размена "Пријателство без граници". Целта на оваа младинска размена беше преку конкретни активности од различен вид младите од 4 земји да ги надминат предрасудите и да можат подобро да се запознаат и дружат со своите врсници од другите земји.

На размената зедоа учество млади од 4 земји:

-Бугарија – Евроалтернативи21

-Македонија – Организација на жените на Општина Свети Николе;

-Босна и Херцеговина – ЗГ Лотос, Зеница;

-Турција - Неформална група на млади „Gocmenalemi“, Бурса

Повеќе за размената можете да прочитате на следните линкови:

http://www.evroalternativi21.hit.bg/nastoiashti.html

http://www.womsvetinikole.org.mk/2007_YouthInAction-Activities.HTM

на почеток=

Образование за работнички права во Источна Македонија

Организацијата на жените на Општина Свети Николе како партнер Организација на Институтот за Демократија ,, Социетас Цивилис ,, кој е носител на проектот Образование за работничките права во Источна Македонија, во текот на месец Март 2008 година реализираше 8 едукативни работилници за правата од Работен однос во средниот училишен центар ,Кочо Рацин“ во Свети Николе, текстилното средно училиште во Штип и средното училиште во Виница

Повеќе за овој напис

на почеток=

Само здрави граѓани градат здраво општество

Проектните активности од проектот “Само здрави граѓани градат здраво општество” чиј носител е НВО - ЕХО од Штип продолжија и во тековната 2008 година Целта на проектот е да се изработи регионална стратегија за превентивна здраствена заштита за брегалничко струмичкиот регион , а воедно да се зајакнат капацитетите на невладините организации од овој регион .

Повеќе за овој напис

на почеток=

Тренинг за пишување на предлог проекти

На 9 и 10 Февруари 2008 година во просториите на Организација на жените на Општина Свети Николе се одржа дводневен тренинг за пишување на предлог проекти. На обуката присуствуваа 25 млади луѓе , волонтери во Организација на жените на Општина Свети Николе. Одговорен тренер им беше Златко Талевски од Младински Културен Центар од Битола и член на мрежата на тренери на SEEYN.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Канцеларија за бесплатна правна помош

Канцеларијата за бесплатна правна помош за жените жртви на семејно насилство е отворена на почетокот на минатата година од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе и континуирано работи во текот на цела 2007 година како проектна активност во рамките на проектот ,,Подобрување на положбата на жените,, финансиран од Шведската фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА . Интересот кај жените од Општина Свети Николе е доста голем и секојдневно се јавуваат жени жртви на семејно насилство на кои им е потребен стручен совет или подготовка на писмен поднесок . Почнувајки од Јануари 2008 година за неполн месец и пол регистрирани се 21 случаи на лица кои побарале и добиле бесплатна правна помош.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Усвоена Локалната Младинска Стратегија за Општина Свети Николе

Организацијата на жените на општина Свети Николе во периодот Септември 2007 - Јануари 2008 година го реализираше проектот Изработка на локална стратегија за млади на општина Свети Николе” кој финансиски беше подржан од Министерство за финансии на Република Македонија .

Општа цел на проектот беше подобрување на положбата на младите и нивно активно вклучување во општествените текови на живеење.

Стратегијата беше поднесена до Советот на Општина Свети Николе на 24.12.2007 година и беше усвоена од страна на советниците на 28.12.2007 година.

Локалната стратегија за млади може да ја најдете на следниов линк :
Локална стратегија за млади на Општина Свети Николе (114 KB)

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов