македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ВЕСТИ ОД 2014 ГОДИНА

Финансиска подршка за оперативни трошоци и дополнителни активности од КТК

Организацијата на жените на општина Свети Николе по трет пат доби Финансиска поддршка од шветската фондација Квинна Тилл Квинна од Стокхолм. Средствата од оваа финансиска поддршка беа наменети за административните и оперативните трошоци на Организацијата за период од 01.02 до 31.10.2014 година. Целта на подршката е на Организацијата да и се овозможи континуитет во работењето и извршување на стратешките и програмските активности, контактите и соработката со владини институции и невладини организации, донатори и целната група на локално, национално и меѓународно ниво. Организацијата на жените на општина Свети Николе со дополнителна финансиска поддршка од шведската фондација Квинна Тиил Квинна од Стокхолм спроведе низа активности за одбележување на Октомврисветски месец за борба против рак на дојка.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Анализа за застапеноста на судир на интереси и корупција во јавната администрација во Општина Свети Николе, при распределба на средствата од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани

Документот за јавни политики ги содржи резултатите добиени од истражувачкиот проект „Истражување за застапеноста на судир на интереси и корупција во јавната администрација во Општина Свети Николе, при распределба на средствата од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани“ во реализација на Организација на жените на Општина Свети Николе, а кој е дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, спроведуван од Институтот за демократија „Societas Civilis“ Скопје (ИДСЦС), Охридскиот институт за економски стратегии и меѓународни односи“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а финансиран од Европската унија.

Споменатата анализа може да ја превземете на следниот линк:

Анализа за застапеноста на судир на интереси и корупција во јавната администрација во Општина Свети Николе, при распределба на средствата од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани (952 KB)

Повеќе за овој напис

на почеток=

Истражување во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“

Во периодот Август-Октомври 2014 година Организацијата на жените на општина Свети Николе го реализира проектот „Истражување за застапеноста на судир на интереси и корупција во јавната администрација во општина Свети Николе, при распоределба на средства од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани“ кој е дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ - финансиран од Европската Унија, а во реализација на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
Истражувачкиот тим на Организацијата на жените на општина Свети Николе спроведе истражувачки активности преку кои дојде до подетални податоци и информации за распределбата на финансиските средства од буџетот на општина Свети Николе, наменети за локалните здруженија на граѓани и ранливи категории на граѓани за период од 2010 до 2013 година
Истражувачкиот проект беше структуриран во два дела.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на шестиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Струмица, Агтис - Прилеп, Институт за развој на заедницата - Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе. Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 100 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) во околу 20 општини во Република Македонија. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти. За 50 волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.300 денари месечно од донаторски средства. За дополнителните 50 волонтери очекуваме волонтерските трошоци да бидат покриени од средства кои ќе бидат обезбедени од локални извори на финансирање, од самите локални самоуправи. Во овој циклус вкупно ќе бидат сместени 100 волонтери на тримесечно волонтирање во општините. Рокот за пријавување е до 25 декември 2014 година. Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)

!!! Пријавата може да ја превземете овде !!!

Повеќе за овој напис

на почеток=

ЈАВЕН ПОВИК за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта во соработка со Организација на жените на општина Свети Николе

објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор за најдобра новинарска статија на темата

 ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘ распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ како дел од кампањата „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ финансиски поддржана од Европска Унија. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе со посебен фокус на трудова експлоатација, да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем посебно помеѓу младите и да придонесе во подобрување на идентификацијата.
Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна дo 16ти март 2015, имаат можност да аплицираат за наградата.
Секој апликант може да поднесе една или повеќе статии објавени во периодот од 1 јануари 2014 до 28 февруари 2015 година
.

За најдобрите новинарски статии ќе бидат доделени парични награди (прва награда  450 евра, втора  награда  350 евра, третта награда 250 евра).
Еден примерок во изворниот формат и 2 копии да се достават во Организација на жените на општина Свети Николе најдоцна до 16 март 2015
година.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар средношколски мултимедијален производ на тема „Трговија со луѓе“

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта во соработка со Организација на жените на општина Свети Николе

објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на најдобар средношколски мултимедијален производ
на тема „Трговија со луѓе“

Предмет на јавниот повик е избор на 4 најдобри медумски производи на тема „Трговија со луѓе“. Конкурсот го распишува Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена Порта, како дел од кампањата „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ финансиски поддржана од Европска Унија.
Средношколците може да аплицираат на конкурсот со мултимедијален производ кој што користи компјутер и било која комбинација од три или повеќе од следниве дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација.
Право на учество имаат средношколци на возраст од 14 до 18 години од Р.Македонија здружени во тимови или индивидуално, под менторство на наставниците од своите училишта.
Награди:
Сите селектирани мултимедијални производи ќе бидат постирани на социјалната мрежа facebook на Отворена Порта. Онлајн публиката ќе избере еден најдобар медиумски производ со ставање на like кои ќе ја добие и најголемата парична награда во вредност од 150 евра. Другите три најдобри идеи ќе бидат селектирани од стручно жири и ќе бидат наградени со парична награда од 100 евра.
Кандидатите треба изработениот продукт да го испратат на е-адресата womsvetinikole@yahoo.com најдоцна до 31ви декември 2014.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Како до кампања за застапување?

Во рамките на проектот "Младинско граѓанско образование" подржан од Британската амбасада, Националниот младински совет на Македонија спроведе обука за 10 млади од општина Свети Николе - Како до кампања за застапување? Обуката беше реализирана на 18 и 19 октомври 2014 година во партнерска соработка на Организацијата на жените на општина Свети Николе и Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД) од Куманово. Обуката е дел од пошироката кампања организирана од страна на Националниот младински совет на Македонија (NYCM) во неколку градови низ земјата. Целта на овој проект е да ѓи поттикне и мотивира младите луѓе да развијат и имплементираат свои проекти во согласност со потребите на заедницата.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Трибина "Насилството и дискриминацијата во фудбалот"

Организација на жените на општина Свети Николе се приклучи на Football People акциона недела 2014 и заедно со илјадници европски групи овој месец ќе ја користат моќта на фудбалот за да го промовираат обединетиот став против дискриминацијата и се декларираат како фудбалски луѓе.
Во рамките на проектот 10 години FARE  во Свети Николе, Македонија на 15 Октомври 2014 година се реализираше
трибина на тема "Насилството и дискриминацијата во фудбалот" и изложба на фотографии од активностите во FARE неделата во изминатите 10 години.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Oдбележување на јубилеј 10 години ФАРЕ акциона недела во Свети Николе

Организација на жени на општина Свети Николе се приклучи на Фудбалската недела 2014 и заедно со илјадници европски групи овој месец ќе ја користат моќта на фудбалот за да го презентираат обединетиот став против дискриминацијата и се декларираат како фудбалски луѓе.
Football People акционата недела оваа година ќе обедини групи во повеќе од 40 земји и кои ќе реализираат активности за да се спречи дискриминацијата и се слави различноста во текот на играта.
Од 09 до 23 Октомври 2014 година
, групи и професионалци во фудбалот, вклучувајќи ги и националните тимови кои играат во УЕФА Евроквалификациите 2016 ќе бидат вклучени во кампањата за да се постигне што повеќе фанови низ целиот свет.
На 15 Октомври 2014 година Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот 10 години FARE во Свети Николе, Македонија ќе организира трибина со почеток во 18:00 часот во Големата сала во зградата на општина Свети Николе на тема "Насилството и дискриминацијата во фудбалот".
Организација на жени на општина Свети Николе Ве поканува сите заедно да се вклучиме во најголемата капања на анти-дискриминација во Европа и да помогнеме да се донесат промени преку и во фудбалот овој Октомври. ПОВЕЛЕТЕ!!!

Повелете погледнете го видеото за кампањата "We are Football People" со Thomas Hitzlsperger, Yaya Touré и Casey Stoney:   http://www.youtube.com/watch?v=8tdr1qpb9Bo 

Повеќе за овој напис

на почеток=

Конференција „Добри практики“ Драч –Албанија

Фондацијата Kvinna Till Kvinna од Стокхолм, Шведска во периодот од 24 до 27 Јуни 2014 година организираше Конференција „Добри Практики" во Драч, Албанија, наменета за партнерските организации од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска за кои Kvinna Till Kvinna обезбедувала или сеуште обезбедува одредена финансиска поддршка. Основна цел на конференцијата беше да им се даде можност на партнерските организации на KTK да разменат искуства на добри практики како и можности за вмрежување. За исполнување на поставените цели на Конференцијата беа организирани мошне интересни работилници. Некои од работилниците беа базирани исклучиво на споделување на идеи и добри практики меѓу активистките – учеснички, додека други пак беа организирани како традиционални семинари на кои беа обработени одредени специфични теми.Организацијата на жените на општина Свети Николе на Коференцијата ја преставуваше Вера Златева.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Локален Волонтерски Сервис

Организација на жените на општина Свети Николе веќе повеќе од 5 години функционира како Волонтерска инфо точка во рамките на Локалниот волонтерски сервис и во пракса го имплементира Законот за волонтерство на Р.Македонија.
Со донесувањето на Законот за волонтерство во Република Македонија се јави и потребата од неговата имплементација на локално ниво. Со цел волонтерството да добие облик на организирана форма каде волонтерскиот труд ќе биде препознатлив, целта е да се стапи во контакт со општинската администрација, државни органите и јавните институции на локално ниво, да се утврди нивната потреба од ангажирање на волонтери, како и видот на услугите кои би можеле да ги добијат од нив.
Оваа година по петти пат успешно се реализираше проектот Локален Волонтерски Сервис“. Носител на проектот е Младински културен центар–Битола (Волонтерски центар на Македонија), а Организација на жените на општина Свети Николе, заедно со уште 5 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) се имплементатори на проектот на локално ниво во градовите каде работат. Проектот финансиски е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)

Повеќе за овој напис

на почеток=

Нордиски форум , Малме Шведска

Врз основа на долгогодишната соработка и институционална подршка од Квина тил Квина од Шведска, од 11-15 Јуни , Даниела Панева , активистка во Организација на жените на општина Свети Николе присуствуваше на регионална конференција наменета за бранители на женски човекови права, а именувана како Нордиски форум .
Нордискиот форум се одржа во Арена во Малме-Шведска, а беше организиран од страна на женското движење во Шведска, Данска, Финска, Исланд и Норвешка.
На овој форум се дискутираа повеќе актуелни прашања поврзани со еманципацијата на жените, родовата еднаквост, заштита од семејно насилство и сите други видови на насилство како и прашања поврзани со мирот и сигуирноста на жените .
На Нордискиот форум учествуваа околу 15000 учеснички од повеќе земји од светот. Дискусиите на Форумските работилници беа фокусирани на основните документи за женските човекови права, Пекингшката платформа за акција, Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Резолуцијата на ООН 1325-жени,мир и сигурност како и нови иницијативи акцентирани за подобрување на положбата на жената во сите сфери на јавниот,приватниот и политичкиот живот.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Убавите нешта се во мали пакувања – Запознај ја Македонија"

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 3 месеци почнувајќи од 1 март до 31 мај 2014 година реализираше проектни активности од проектот „Убавите нешта се во мали пакувања – Запознај ја Македонија" финансиски поддржан од Генералниот секретаријат при Влада на Р.Македонија. Проектот се реализираше во партнерство и соработка со Македонско Културно Друштво „Охридски бисер" од Загреб, Р.Хрватска, Друштво за развој на доброволната работа од Ново Место, Р.Словенија и „Surplus onlus" Трст, Италија.Општа цел на проектот беше придонес кон промовирање на македонското културно и историско наследство во меѓународни рамки, а особено во државите Хрватска, Словенија и Италија. Во проектните активности учествуваа 7 млади од Свети Николе, Р.Македонија кои имаа за задача да се подготват и добро да ги презентираат убавините на Македонија надвор од нејзините граници.Со цел поголема и директна промоција на Р.Македонија, презентирање на македонското културно наследство, вкусната македонска храна и вино како и македонската музика, Организација на жените на општина Свети Николе реализираше седумдневен патувачки караван во Загреб - Хрватска, Ново Место - Словенија и Трст - Италија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Прекугранична конференција „Премостување на различностите“ Омиш, Хрватска

Две претставнички на Организацијата на жените на општина Свети Николе учествуваа на прекугранична конференција „Премостување на различностите" која се одржа од 04-06 Април 2014 година во хотел Плажа во Омиш, Хрватска. Конференцијата е организирана од Екуменска иницијатива жена од Омиш, Хрватска во партнерство со здружението Li Women од Ливно, Босна и Херцеговина. Проектот Премошчивање различности" е финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Жените од регионот активни чинители во градењето на мирот

Во период од 1 Декември 2013 год. до 28 Февруари 2014 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот “Жените од регионот активни чинители во градењето на мирот” кој финансиски беше поддржан од Екуменска иницијатива на жени – Омиш, Република Хрватска. Предизвиците за изградбата на мирот и сигурноста иницираа воспоставување на позитивни промени во однос на постоечките негативни етнички ставови – предрасуди и стереотипи, како и зголемување на етничката интеракција и граѓанскиот активизам преку воспоставување на дијалог, разрешување на конфликти, градење на мир. Во рамките на проектот беа реализирани 2 работилници- една во Свети Николе, Р.Македонија и една работилница во Ферезај, Косово. Исто така во рамките на проектот од 30 јануари до 2 февруари 2014 година се одржа и четири дневен семинар во Битола. На него учествуваа вкупно 20 учеснички - 11 учеснички од Македонија и 9 учеснички до Косово.

Повеќе за овој напис

на почеток=

 

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.