english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Подигање на свеста за грижа за животната средина

Во рамките на кампањата „Мрдни со Прст“ десетина волонтери на ОЖОСВН делеа информативни флаери за подигање на свеста за грижа за животната средина, како и промотивни материјали за промоција на иницијативата „Мрдни со прст“ во Свети Николе. Со оваа активност допревме до повеќе од петстотини граѓани кои добија торбички, пенкала и информативни флаери.

Во рамките на кампањата за децата и младите се организираше и награден литературен и ликовен конкурс, а се со цел уште од мала возраст да се работи на подигање на свеста кај младите за грижа за животната средина и сами да иницираат акции и активности за надминување на проблемите со кои се соочуваат во секојдневието. Конкурсот беше наменет за деца на возраст од 10 до 14 години и млади на возраст од 15 до 20 години. На наградниот конкурс со свои дела учествуваа вкупно 47 деца и млади, а истите ги оценуваа две посебни пет члени комисии, составени од наставници и професори по македонски јазик и ликовна уметност, претставници од ОЖОСВН, ИО „Гоце Делчев" и ДПД. Наградите се состоеа од училишни ранци, материјали и прибор, енциклопедии и др. во вредност од 3000, 2000 и 1000 денари за првите, вторите и третите места.

Добитници на награди од литературниот и ликовниот конкурс на тема ЈАС НЕ ЈА ЗАГАДУВАМ ПРИРОДАТА И СЕ ГРИЖАМ ЗА СВОЈОТ ГРАД" се:

Ликовен конкурс за деца од 10 до 14 години:

  • Мартина Денкова IX1, ООУ Кирил и Методиј

  • Ивана Манасова – IX1, ООУ Гоце Делчев

  • Сара Дукас – VIII1, ООУ Гоце Делчев

Ликовен конкурс за млади од 15 до 20 години:

  • Анастасија Димкова - I, СОУ Кочо Рацин

  • Софија Стојановска – I, СОУ Кочо Рацин

  • Дамјан Спасев – I, СОУ Кочо Рацин

Литературен конкурс за деца од 10 до 14 години:

  • Марија Пантазиева – VIII, ООУ Кирил и Методиј

  • Ивона Ѓоргиевска – IX, ООУ Гоце Делчев-с.Горобинци

  • Мила Ивановска – VIII, ООУ Кирил и Методиј

Литературен конкурс за млади од 15 до 20 години:

  • Теодора Бошкова – IV, СОУ Кочо Рацин

  • Анастасија Димкова – I, СОУ Кочо Рацин

  • Софија Стојановска – I, СОУ Кочо Рацин

Со цел да се опфатат поголем број на граѓани во кампањата за подигање на свеста и на креативен начин да се влијае за грижа за животната средина, во соработка со ГАТ Сцена 71 од Свети Николе се изработи еко перформанс „Од нас зависи“. Истиот целосно беше подготвен од ГАТ Сцена 71, од изготовка на сценарио до негова конечна реализација.

Премиерата на еко перформансот, заедно со доделување на наградите од литературниот и ликовниот конкурс се оддржа на 20 октомври 2017 година, во кино салата при Домот на културата „Крсте П.Мисирков" во Свети Николе. На самиот настан присуствуваа над 400 луѓе, претставници од локални организации, институции, образовни институции и општа популација.

https://www.youtube.com/watch?v=NXkgilSdhRI&t=353s

 
     
 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster