“Јакнење на доброволната работа
помегу децата и младите од општина Свети Николе”
Во месец Мај 2010 година менторите одржаа 3 средби
каде што се извршија сите подготовки околу одржување на едукативниот
камп (обезбедување на сместување, обезбедување на превоз, печатење на
сертификати за волонтерите и др.) Беа одржани две средби ментори –
волонтери со цел волонтерите да се информираат за активностите кои
престојат за реализирање на едукативниот камп. Се одржа средба со
секретарот на општина Свети Николе на која што беше побарано Локалната
Самоуправа на општина Свети Николе да партиципира за сместување на
волонтерите во детското одмаралиште во Дојран – сопственост на Локалната
Самоуправа. На ова барање Локалната Самоуправа на општина Свети Николе
одговори позитивно.
Во период од 12 до 14 јуни 2010 година
се реализира едукативен камп во Дојран.
На кампот учествуваа 112 волонтери и 8
ментори. Во рамките на едукативниот камп во Дојран се организираа
едукативни работилници. На работилниците беа разработени теми за: што е
волонтерство, тимска работа, комуникација помеѓу волонтер и корисник,
разрешување на конфликти, проблеми и потешкотии со кои се соочуваат
волонтерите при пружањето на услуги на своите корисници. Вoлонтерите
преку работа во групи ги изнесоa нивните видувања и размислувања,
потешкотиите и проблемите со кои се соочиле во текот на давањето на
волонтерски услуги на корисниците. На овој начин волонтерите разменија
искуства и идеи , ги согледаа позитивните работи кои можат да ги
применат при давање на волонтерски услуги на корисниците и како
постапиле во конкретни ситуации кога се соочувале со одредени проблеми и
како ги надминале истите.
|
|
|
Организирањето на едукативниот камп во Дојран на
112-те волонтери им овозможи да ги зголемат своите знаења за
волонтерската работа и им се даде нов поттик да продолжат со давањето на
волонтерски услуги на лица на кои им е најпотребна помош. Овозможувајќи
да се сретнат сите на едно место се придонесе волонтерите подобро мегу
себе да се запознаат и неформално да се дружат.
На крајот од кампот на секој волонтер му беше доделен
сертификат како признание за учество и за неговиот личен придонес во
проектните активности.
Фросина Мишева
Организација на жените на општина Свети Николе