english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

СВЕТИ НИКОЛЕ ВО РОЗЕВО

По повод месец на борба против ракот, на 26ти Октомври, а во рамки на здравствената програма на ОЖО Свети Николе (во координација со КЕММЖ на општина Свети Николе и општината беше формиран работен тим со претставници од сите релевантни локални фактори: со претставници од локални граѓански здруженија, пензионерски друштва, локалната самоуправа , КЕММЖ Свети Николе, локалните основни училишта како и женските активи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ) заеднички беше организирана розева прошетка, сите облечени во розеви маици направија прошетка низ градот за подршка на сите жени заболени и лекувани од рак на дојка. Слоган на кампањата беше: ”Свети Николе во розево”, а медиумски беше покриена од локалната ТВ Свет.

 

Во рамки на кампањата имаше и културноуметничка програма со игри од страна на ученици од три општински основни училишта: ”ООУ Гоце Делчев”, ”ООУ Кирил и Методиј” и подрачното основно училиште од село Горобинци. Волонтерки од основното ”СОУ Кочо Рацин” делеа материјали со кои ги информираа граѓанките на Свети Николе за потребите од редовни мамографски и гинеколошки прегледи, за потребата за самопрегледи на дојка и превентивни прегледи . Волонтерките собираа и донација од локалните жители. Од продажбата на маиците и донацијата се собраа вкупно 20.000 . Од овој фонд заради големата потреба од перики , веднаш се набавија 2 перики за 7000 денари.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2019 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster