македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

ВЕСТИ ОД 2011 ГОДИНА

Успешно реализиран проектот „Бесплатна компјутерска едукација за млади невработени лица од Општина Свети Николе“

Успешно заврши реализацијата на компјутерската обука (на младите невработени лица од Општина Свети Николе) од последните предвидени групи од проектот за бесплатна компјутерска едукација. Проектот е финансиски поддржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија, а реализиран од Организација на жените на Општина Свети Николе. Целта на проектот (кој се реализираше од 01 Април до 31 Декември 2011 година) беше обука на млади невработени лица за работа со компјутери и интернет комуникација. Преку проектните активности се поттикна и зголеми примената на ИКТ, користењето на интернетот и се помогна да се намали јазот меѓу оние кои имаат пристап до информации и знаат како да ги користат и оние што ја немаат таа можност.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка”

Оранизација на жените на општина Свети Николе во партнерство со НВО Desideод Скопје, а во соработка со НВО Ауреола – Струга, Здружение на албанската жена – Кичево и Беса 2003 - Куманово, во период од 04 Ноември до 15 Декември 2011 година, реализираше проектни активности кои беа финансиски поддржани од страна на УН агенцијата УНДП - Скопје. Овој проект е во рамки на проектот Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка спроведен од страна на агенциите на Обединетите нации, а поддржан од Владата на Шпанија преку Фондот за постигнување на Милениумските развојни цели. Активностите се состоеа од одржување на тродневни форуми и тродневни работилници во општините Струга, Кичево и Куманово.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Да излеземе заедно од мракот на семејното насилство”

Во рамки на 16 дена кампања за борба против семејното насилство, на 02 Декември 2011 година со почеток во 12.30 часот во просториите на Славјанскиот Универзитет, во Свети Николе се одржа панел дискусија на тема “Да излеземе заедно од мракот на семејното насилство”. Оваа активност беше организирана од страна на Организацијата на жените на општина Свети Николе со финансиска подршка од УНФПА. На панел дискусијата присуствуваа 38 лица, членови на локалните координативни тела за борба против семејно насилство-претставници од релевантните институции (центар за социјална работа, полиција, здравство, образование, локална самоуправа) и НВО секторот од пет општини од Македонија: Свети Николе, Штип, Пробиштип, Кочани и Виница. Исто така на панел дискусијата присутни беа и две преставнички од Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство-чија членка е и Организација на жените на општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Локален одговор на трговијата со луѓе“

Во рамките на проектот „Локален одговор на трговијата со луѓе“ имплементиран од Отворена Порта – Скопје и финансиски подржан од Европската унија, а по повод Светската недела за борба против трговија со луѓе од 2 до 9 Декември, Организација на жените на општина Свети Николе реализира активности за одбележување на истата. Одележувањето на Светската недела за борба против трговијата со луѓе започна со делење на информативни и едукативни материјали за борба против трговија со луѓе на 3 декември, кога волонтери од ООУ „Гоце Делчев“ делеа флаери од Отворена Порта на случајни минувачи во централното градско подрачје во Свети Николе. Во периодот од 28 Ноември до 7 Декември 2011 година беше објавен наградниот ликовен и литературен конкурс за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЛОКАЛЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

Организација на жените на општина Свети Николе продолжува со имплементација на Законот за волонтерство во јавни институции, организации, државни органи и невладини организации. Оваа активност е дел од проектот „Локален Волонтерски Сервис“ чии носител е Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија).
Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните, со посебен акцент на младите невработени лица. Формуларите за аплицирање се достапни во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе и на веб страната на Организацијата. Рокот за пријавување е до понеделник 12 декември 2011 година. За сите избрани волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за превоз и исхрана во период од 3 месеци. Почетокот на волонтирањето ќе биде во текот на јануари 2012 година.

!!! Пријавата може да ја превземете овде !!!

Повеќе за овој напис

на почеток=

11-тата Европска ФАРЕ фудбалска недела

Организација на жените на општина Свети Николе од 14 до 16 Октомври 2011 организираше меѓународен турнир во мал фудбал, со што се вклучи во одбележувањето на 11-тата Европска ФАРЕ фудбалска недела. На турнирот учествуваа екипи од три основни училишта од општина Свети Николе и тоа од ООУ "Гоце Делчев" и "Кирил и Методиј" од Свети Николе и "Даме Груев" од Ерџелија, како и ученици од ОУ "Бата Булич" од Петровец на Млави од Република Србија. Тимовите беа составени од играчи од различен пол, различна етничка припадност на возраст од 13 до 15 години од Македонија и Србија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

”Жените во изградба на безбедна иднина во Република Македонија преку спроведување на резолуцијата 1325”

Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со партнер организациите: Ауреола – Струга, Доверба – Куманово и Здружeние на албанската жена – Кичево од 12 Октомври 2011 година отпочна со реализирање на проектот Жените во изградба на безбедна иднина во Република Македонија преку спроведување на резолуцијата 1325” финансиски поддржан од UN WOMEN.
Цел на проектот: Подигнување на свеста за поддршка и активно учество на жените во градењето на мирот, зајакнување на безбедноста, меѓуетничкиот дијалог преку имплементација на Резолуцијата 1325.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Заедно кон поквалитетен живот”

Организацијата на жените на општина Свети Николе од 01.07 до 31.12.2011 година го реализира проектот ”Заедно кон поквалитетен живот” финансиски поддржан од Квина Тилл Квина од Шведска.
Цел на проектот е зајакнување на самодовербата за полесно надминување на последиците од болеста кај жените лекувани од малигни заболувања преку давање на соодветна стручна и психосоцијална поддршка.

Повеќе за овој напис

на почеток=

МАКЕДОНСКИТЕ ВОЛОНТЕРИ ВО ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ЗАЕДНО СО НБА ЅВЕЗДИ

Во периодот од 4 до 14 Август во Чатеж, Словенија се одржа Меѓународна Младинска Волонтерска Школа. Учесници беа млади волонтери (на возраст од 15 до 18 години) од шест балкански земји: Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Меѓу нив бевме и ние Марија Николова, Ирена Ордева, Душан Петров, Христина Коцева и Благица Ивановска, предводени од нашиот ментор Александар Богатинов. Нашето присуство на оваа Волонтерска Школа беше овозможено од Организацијата на жените на општина Свети Николе, финансирано од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, а одговорни за реализација на школата беа Словенска Филантропија, односно Центарот за промоција на волонтерската работа од Љубљана. Благодарение на организаторите на школата имавме неповторлива шанса да учествуваме во волонтерска акција на NBA Cares “Make a difference Day” ни помалку ни повеќе туку со вистински НБА ѕвезди !!!

Повеќе за овој напис

на почеток=

Започнаа компјутерските обуки во рамките на проектот „Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе“

Организација на жените на Општина Свети Николе започна со компјутерските обуки во рамките на проектот „Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе“ кој е финансиски поддржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија. Цел на проектот е компјутерска едукација на 120 млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од населените места Ерџелија, Црнилиште, Амзибегово, Горобинци и градот Свети Николе од општина Свети Николе да се стекнат со знаење за работа со Windows, Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft Power Point и Internet.

Повеќе за овој напис

Македонија успешно промовирана ширум Европа

Во рамките на проектот "Ние сме Европејци" од 15 Април до 8 Мај 2011 година нашите „амбасадори“ Александар Богатинов и Анета Спасеска успешно ја промовираа Македонија пред Европските граѓани во 20 Европски градови во 7 Европски држави (Австрија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Холандија и Полска). Тие беа дел од тимовите вклучени во двете 17-дневни Евротури со по еден претставник од 6 земји од Југоисточна Европа (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија) кои ги спроведоа промотивните активности во претходно споменатите 7 Европски држави. Проектот „Ние сме Европејци“ го реализира Полската Роберт Шуман Фондација во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (со седиште во Варшава) и Фондацијата Роберт Шуман (со седиште во Париз) и е кофинансиран од Европската Унија. Станува збор за голем Европски проект во кој се вклучени 17 организации од земји од Европската Унија и 6 организации од земјите од Југоисточна Европа. Партнер на овој проект од Македонија е Организација на жените на Општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

“Различни бои една игра-со спорт против расизам и дискриминација 2“

Организација на жените на општина Свети Николе во партнерство со Центар за развој и едукација од Свилајнац-Србија, Независно здружение на млади Лепоглава-Хрватска,Словенска Филантропија Љубљана-Словенија, Младински центар Херцег Нови-Црна Гора, Друштвото на Словенците во Р.Српска ,,Триглав,, Бања Лука-Босна и Херцеговина и Граѓаните во акција од Приштина-Косово го реализираа проектот “Различни бои една игра - со спорт против расизам и дискриминација 2 “, финансиски подржан од Европска Младинска Фондација при Советот на Европа. Цел на проектот е придонес во надминување на предрасудите и стереотипите на спортските терени.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе“

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 01.04.2011 до 31.12.2011 год. ќе реализира проектни активности од проектот „Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе“ кој финансиски е подржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија. Цел на проектот е компјутерска едукација на 120 млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од населените места Ерџелија, Црнилиште, Амзибегово, Горобинци и градот Свети Николе од општина Свети Николе да се стекнат со знаење за работа со Windows , Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft Power Point и Internet. Побрзајте со пријавувањето , бројот на корисници е ограничен. Дополнителни информации можете да добиете на телефонските броеви 444 620 и 440 032.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Живот без насилство –право на секоја жена-2“

Во рамките на проектот Живот без насилство право на секоја жена-2 финансиски поддржан од UNIFEM (агенција на ООН), Организација на жените на општина Свети Николе по втор пат реализира активности од областа на заштита од семејно насилство. Овој проект е продолжение на минатогодишниот и преку него се обезбедува бесплатна правна и психосоцијална помош на жени жртви на семејно насилство (преку пишување на: тужби, жалби и др. писмени поднесоци) и пружање на дирекна помош на жртвите преку плаќање на судските трошоци за поднесување на писмените поднесоци во основните судови.

Повеќе за овој напис

на почеток=

"Ние сме Европејци "

Во рамките на проектот "Ние сме Европејци" од 15 Април до 8 Мај 2011 година Македонија ќе биде претставена пред Европските граѓани во 20 Европски градови во 7 Европски држави (Австрија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Холандија и Полска). Проектот го реализира Полската Роберт Шуман Фондација во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (со седиште во Варшава) и Фондацијата Роберт Шуман (со седиште во Париз) и е кофинансиран од Европската Унија. Станува збор за голем Европски проект во кој се вклучени 17 организации од земји од Европската Унија и 6 организации од земјите од Југоисточна Европа. Партнер на овој проект од Македонија е Организација на жените на Општина Свети Николе. Наши "амбасадори" ќе бидат Александар Богатинов од Свети Николе и Анета Спасеска од Скопје.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.