ОЖОСВН дел
од Смарт Старт-развој на
социјалното претприемништво во Македонија
Смарт Старт е регионален
проект, финансиран од ЕУ – Програма за поддршка на граѓанското општество
и медиумите 2014 – 2015 (поддршка за тематските регионални мрежи на
организации на граѓанското општество). Овој
проект се спроведува во земјите-кориснички
на ИПА, во земјите од Западен Балкан и Турција, преку проектниот
конзорциум: Центар за промоција на граѓанското општество – ЦПГО (Босна и
Херцеговина), Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП
(Македонија), Институтот за претприемништво и економски развој – ИПЕР
(Црна Гора), Центар за развој на непрофитниот сектор (Србија) и
YADA-фондацијата (Турција), со поддршка на КЕСИР ХР оd Хрватска.
Општата цел на проектот
е да се помогне во креирање на
соодветна средина за социјално претприемништво на организациите од
граѓанското општество (ГО) и да се подобри нивната одржливост,
финансиска одржливост и социјално влијание во Босна и Херцеговина,
Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.
ОЖОСВН имаше среќа да
биде дел од овој проект и заедно со
уште дваесетина организации од Македонија да учествува во целиот процес
на градење на капацитети за зајакнување на финансиската оддржливост,
воведување на социјалното претприемништво во граѓанскиот
сектор
и развивање вештини потребни за
социјално претприемништво на ГО.
По завршувањето на
процесот на градење капацитети за основање социјално претпријатие, 20те
организации, вклучувајќи ја и ОЖОСВН работеа на развивање на бизнис
планови за основање на социјално претпријатие, а пристигнатите
бизнис планови беа оценувани на евалуативен панел составен од
стручни лица едукатори, претставници на
институции(МТСП), бизнис секторот.
ЦИКП во рамките на Смарт
старт проектот работи на градење на капацитетите и промоција на
невладините организации во социјални претприемачи, но и во унапредување
на овозможувачката средина за развој на социјално претприемништво,
а со тоа и десетина фирми се приклучија во поддршка на развојот на
социјалното преприемништво преку менторска работа со најдобрите 10
социјални претпријатија кои ќе добијат финансиска поддршка за
отпочнување со работа.

Организација на жените на општина Свети Николе
|