english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

ВЕСТИ ОД 2015 ГОДИНА

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ-25 ГОДИНИ АКТИВИЗАМ

Организација на жените на општина Свети Николе на 25 Декември 2015 година одбележа 25 години работа во женското движење за подобрување на општата состојба на граѓаните, за подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права. Во организацијата членуваат повеќе од 500 членови и членки од општината и пошироко од кои околу 30 се активни волонтери и волонтерки и се вклучени во реализација на тековни активности и проекти.

Повеќе за овој напис

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ВО КАМПАЊАТА 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Годинава во над 180 земји во светот по 24ти пат се реализираа разни активности како подршка на кампањата 16 дена активизам против семејното насилство со една цел да се поврзат симболично насилството врз жената и човековите права и да се нагласи дека таквото насилство е кршење на човековите права. Кампањата почнува секоја година на 25-ти Ноември на Меѓународниот ден против семејното насилство врз жените, а завршува на 10-ти Декември на Меѓународниот ден на човековите права. Во кампањата се вклучуваат стотици илјади организации, политичари, влади, агенции на ОН и безброј личности.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ДОМАЌИН НА ВОЛОНТЕРИТЕ ОД МИРОВНИОТ КОРПУС МАКЕДОНИЈА

Мировниот корпус е американска организација која е посветена на светскиот мир и пријателството која обезбедува волонтери кои даваат придонес во развојот на заедниците ширум светот.Како долгогодишен соработник на Мировниот корпус Македонија, Организацијата и оваа година им посака добредојде на новата 20та генерација на волонтери на Мировниот корпус кои беа дел од учесниците во тримесечната тренинг програма во Свети Николе, за нивна подготовка за вклучување во заедницата. Тројца од овие волонтери во периодот Октомври-Ноември 2015 година имаа чести средби со работниот тим на Организацијата како дел од нивниот практикум, а со кој имаа за задача заеднички да подготват и да реализираат завршна активност по завршувањето на тримесечната тренинг програма. Како завршна активност од практикумот на 3ти Ноември 2015 година во канцеларијата на организацијата се реализираше работилница за 15 нејзини активни волонтери и волонтерки на тема „Проектен менаџмент“.

Повеќе за овој напис

на почеток=

РЕГИОНАЛНА ПАРТНЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЖЕНИ КОИ ПРЕМЕСТУВААТ ПЛАНИНИ"

Од 6ти до 9ти Ноември 2015 година во Омиш, Хрватска каде што е седиштето на фондацијата Екуменска иницијатива на жени се одржа Регионална партнерска конференција „Жените кои преместуваат планини". На конференцијата учествуваа 69 жени од шест земји од регионот, активистки на граѓански здруженија кои се залагаат и придонесуваат со својата работа за развој на заедницата, остварување на правата и подобрување на статусот на жените и мажите, како и преставници од организации кои го промовираат меѓурелигискиот дијалог и градење на мирот. Од Организација на жените на општина Свети Николе учество на конференцијата зеде Билјана Панева. Учесниците на конференцијата покрај можноста да се поврзат едни со други, да се запознаат, имаа можност и да ги презентираат своите активности и искуства од својата работа и од работата на нивните матични организации. На самата конференција се констатира дека потребата од работа на прашањето за меѓурелигиски дијалог е многу големо, но бидејќи локалните заедници често се затворени за ова прашање овој проблем е малку познат кај пошироката јавност и многу малку се работи на негово надминување.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ЧЛЕНКИТЕ ОД ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ОД ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Членки од Организација на жените на општина Свети Николе од 21-24 Октомври, 2015 година реализираа студиската посета кај партнерската организација ЦУРЕ во Сараево, Босна и Херцеговина. Студиската посета финансиски беше подржана од Екуменска иницијатива на жени од Омиш-Хрватска. Посетата имаше за цел да се разменат искуства и информации со НВО женски организации од БИХ и да се пренесат добри практики за теми поврзани со женските човекови права и семејното насилство. Преку студиската посета членките на организацијата имаа можност да се запознаат со работата на поактивни женски организации од Сараево, законите во Босна и Херцеговина кои се однесуваат поконкретно на легислативата за заштита на жените и девојките од семејно насилство, нивното спроведување во пракса, начинот на соработка со институциите и начинот на финансирање.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ВОЛОНТЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ФАРЕ ФУДБАЛСКАТА НЕДЕЛА 2015

Волонтери и волонтерки од Организација на жените на општина Свети Николе по 11-ти пат се вклучија во одбележувањето на најголемата општествена кампања  и акција во спортот „Football People action week", кампања која ја слави моќта на фудбалот, ги зближува луѓето и се спротивставува  на социјалната исклученост и дискриминацијата. Во оваа акција се вклучени групи во заедницата, навивачи, професионални и аматерски клубови, национални ФАС и групи од граѓанското општество од 50 земји организирани во повеќе од 2000 активности за справување со дискриминацијата и славење на  различноста. Од 23-25 Октомври 2015 година во Свилајнац, Р.Србија се организира меѓународен младински турнир во мал фудбал „Be a pal, play futsal!" на кој учествуваа млади од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Македонија ја преставуваа група млади волонтери и волонтерки од Организацијата на жените на општина Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СВЕТИ НИКОЛЕ ЈА ПОдДРЖУВА РАБОТАТА НА ГРУПАТА ЗА САМОПОМОШ НА ЖЕНИ ЗАБОЛЕНИ И ЛЕКУВАНИ ОД МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Локалната самоуправа Свети Николе во 2015 година додели финансиска поддршка на Организација на жените на општина Свети Николе од буџетот на општина Свети Николе наменети за невладини организации. Средствата се обезбедени за реализација на проектот „Заедно сме посилни во борба против ракот“ кој е наменет за работилници со членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања и нивно полесно справување со психолошките трауми од болеста. Во проектните активности се вклучени повеќе од 20 жени од општина Свети Николе, заболени и лекувани од малигни болести. Проектот се реализира во периодот Септември - Декември 2015 година.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Кампања за борба против ракот на дојка

Организацијата на жените на општина Свети Николе како дел од својата програмска активност, а во рамки на месецот на борба против ракот на дојка - Oктомври- организираше кампања за информирање и сензибилизирање на јавноста за опасноста од болеста, за начинот на превенирање преку вршење на редовни самопрегледи и мамографски прегледи, за постоперативната терапија и храбро надминување на последиците од болеста.Како дел од кампања за борба против ракот на дојка, на 29ти Октомври 2015година, претседателката на Организацијата Г-ѓа Даниела Панева, кординаторката на здравствената програма Г-ѓа Билјана Димова и највозрасната членка во Организацијата Г-ѓа Виолета Мишева ги посетија ординациите во Здравствениот дом Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски" Свети Николе, ПЗУ „д-р Гордана Митева“ и ПЗУ д-р Панче Јосев" и дистрибуираа стотина едукативни флаери на матичните доктори и на присутните лица во здравствениот дом.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„e-ENGAGEMENT" и во Свети Николе

Организација на жените на општина Свети Николе како партнер организација на Младинска Алијанса од Крушево ја организираа и реализираа седмата едукативна работилница за млади која е дел од проектот „e-ENGAGEMENT".Главна цел на проектот „e-ENGAGEMENT“ е подигање на свеста и развивање на нови вештини и знаења кај младите луѓе од сите региони во Република Македонија за употреба на можностите и придобивките кои ги нудат новите технологии со цел нивно активно вклучување и придонесување во општеството.„е- ENGAGEMENT" е проект на Младински Сојуз од Крушево, финансиски поддржан од „Фондацијата е-Македонија“, а активностите во Свети Николе се имплементираа во партнерство со Организација на жени на општина Свети Николе. Проектот е наменет за подобрување на клучните компетенции и вештини на младите луѓе со цел да им се овозможи подобро користење на потенцијалот и придобивките од новите технологии, како и подигање на свеста кај нив за користење на предностите на новите технологии и дигиталните алатки за вклученоста на младите и решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив.  

Повеќе за овој напис

на почеток=

7 МЛАДИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА

Организација на жените на општина Свети Николе е партнер на Организацијата Lieu d’Accueil Innovant (LAI) од Франција и заеднички ќе реализираат Младинска размена за дискриминација. Размената ќе се одржи во Париз, Франција во Август 2016 во која ќе бидат вклучени 28 млади на возраст од 18-25 години од Франциаја, Романија, Белгија и Македонија т.е. 6 волонтери и еден лидер на група од Организација на жените на општина Свети Николе. Во рамки на проектот Младинска размена за дискриминација од 8 до 10 Септември 2015 година во Париз, Франција се одржа подготвителната средба на која присуствуваше Дорина Јанева-волонтерка во Организацијата. На АPV –подготвителната средба учествуваа претставници од сите партнерски организации, а се со цел да се дефинираат активностите за реализација на проектот Youth Exchange about discrimination кој финансиски е поддржан од програмата Еразмус+.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Оранизација на жените на општина Свети Николе со нова управна и извршна структура

На 29 Јули 2015 година во салата на Советот на општина Свети Николе, Организација на жените на општина Свети Николе го оддржа шесттото изборно Собрание.
На ова изборно собрание беа присутни членови/ки и поддржувачи на Организацијата, соработници и други поканети гости. Собранието го отвори г-ѓа Билјана Димова, долгогодишна членка, основачка и претходна долгогодишна потпретседателка на Организацијата и членка на Управниот одбор. Според предложениот и усвоен дневен ред прво се избраа работни тела на Собранието (работно претседателство, верификациона комисија, лице за записничар и двајца оверувачи на записникот), потоа се презентираа: Годишниот извештај од работата на ОЖОСв.Н за 2014 година, завршната сметка на ОЖОСв.Н за 2014 година и Програмата за работа и финансиски план на ОЖОСв.Н за 2015 г.. На Собранието беше предложена и избрана новата Претседателка на ОЖОСв.Н, односно за Претседателка на Организацијата едногласно од сите членови на Собранието беше избрана г-ѓа Даниела Панева.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Македонија претставена на „Денови на културата“ во Ново Место, Словенија

Друштвото за развој на доброволната работа Ново Место, Словенија од 12 до 19 Јуни 2015 год. го организираше седмиот фестивал „Денови на културата“. Друштвото за доброволна работа од Ново Место со овој фестивал настојува да даде свој придонес кон градење на можностите за промоција на културите и можност за презентација на културно наследство на националностите кои живеат во Словенија. Во склоп на фестивалот беа реализирани повеќе различни настани од кои до посетителите беше испратена пораката за важноста на меѓукултурните димензии. Напоредно со настаните во деновите на фестивалот во рестораните во Ново Место се служеше Македонска, Српска, Босанска и Словенска кујна. Фестивалот го посетија повеќ од 800 посетители и на него во разните настани учествуваа 220 учесници.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Слобода на изразување - предизвици и Европски стандарди“

Во периодот од 11 до 14 јуни 2015 година во х.Монтана Палас, Крушево се реализираа едукативни работилници на тема „Слобода на изразување-предизвици и Европски стандарди". Настанот беше организиран од Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово, а финансиски поддржан од Совет на Европа. На работилниците учествуваа 30 претставници на медиуми и здруженија кои се занимаваат и работат на теми поврзани со слобода на изразување. Панелисти беа новинари и истражувачи од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, како и претставник од Совет на Европа кој што имаше презентација на конкретни случаи кои се водат како предмети во Судот за човекови права во Стразбург.

Повеќе за овој напис

на почеток=

9ти Меѓународен детски карневал, Херцег Нови

Младински центар Херцег Нови од Херцег Нови од 5 до 7 јуни по деветти пат го организираше Меѓународниот детски карневал. На карневалот земаа учество 51 карневалска група со 1300 учесници од 6 држави. Карневалот свечено беше отворен на 5-ти Јуни со богата културно уметничка програма на која по втор пат се избра мис клинцеза на Херцег Нови. Целта на манифестацијата е да се промовира детскиот туризам, интеркултурната соработка, толеранцијата и почитувањето на различностите.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Интернационална Конференција„Улогата на верата во надминување на сиромаштијата кај децата"

Рахела Симеонова Манева, членка на Организација на жените на општина Свети Николе, по покана на Здружението на жени за меѓурелигиски дијалог, семејството и општеството Мозаик" од Високо, Босна и Херцеговина зеде учество на Интернационална Конференција Улогата на верата во надминување на сиромаштијата кај децата". Конференцијата се одржа од 2 до 5 Јуни 2015 година во Сараево, Босна и Херцеговина во организација на Action for Children – Arigatou International со учество на 100-тина учесници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија, Србија, Македонија, Црна Гора, Индија, Шри Ланка, Непал, САД, Франција и Кенија. Целта на конференцијата е да се даде придонес во надминување на сиромаштијата кај децата во светот.На конференцијата беа истакнати повеќе прашања кои се важни и влијаат во надминување на сиромаштијата кај децата,

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на општина Свети Николе добитник на ПЛАКЕТА за долгогодишна соработа од Отворена Порта / Ла Страда

Отворена Порта/Ла Страда на 27.05.2015 година организираше прием по повод одбележање 20 години од основањето на Меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе - Ла Страда и 15 години постоење, успешна мисија и работа, 15 години промовирање на човековите права и застапување на интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе.
На приемот беа присутини долгогодишни соработници, партнери и пријатели на кои Отворена Порта им додели плакети. Организација на жените на општина Свети Николе е добитник на плакета за долгогодишна поддршка и разбирање во реализирањето на заедничките активности. На приемот беа доделени три награди за најдобра новинарска статија на тема „Трговија со луѓе‘‘ и три награди за најдобар мултимедијален продукт изработен од средношколци.
Третата награда за мултимедијален продукт беше доделена на Влатко Спасев, ученик во СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Младите од програмата за деца и млади на ОЖО Свети Николе дел од конференцијата „Креирање на ефективни можности за младинско вработување"

Организација на жените на општина Свети Николе со свои четири претставнички учествуваше на завршната конференција „Креирање на ефективни можности за младинско вработување“ одржана во Струга од 21-24.05.2015. Конференцијата беше реализирана од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, а финансиски подржана од програмата ЕРАЗМУС+ која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
На овој настан имаше вкупно 45 учесници од различни области
односно од државни институции и организации и граѓански сектор, кои работеа на формирање препораки од следниве области: политики и мерки за вработување на различни категории на млади, мерки за подршка на претприемништво и самовработување, реплицирање на ЕУ гарантни шеми во Р.Македонија и децентрализација на мерките за младинско вработување.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Новинарите со признанија за најдобрите од Истокот

Новинарите од источниот регион во рамките на активностите на регионалниот центар Исток‘‘, коj е дел од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), следејќи ги севкупните општествени процеси од овој дел од државата доделија награди за најдобрите во стопанството, туризмот, образованието, невладиниот сектор, здравството, хуманоста, спортот, културата. Признанија на најуспешните, на оние кои посветено, упорно, стручно и пожртвувано работат им беа доделени на 8 Мај 2015 година во Виница. Во рамките на невладиниот сектор, признанието е доделено на Организацијата на жените на општина Свети Николе, за упорноста во борбата градот да добие мамограф, бидејќи статистички во овој град жените најмногу заболуваат од рак на дојка. Наградата ја прими Г-ѓа Вера Златева, Претседателка на Организацијата на жените на општина Свети Николе, а беше доделена од страна на студентката по новинарството и новинарка во Радио Кочани, Николина Атанасова.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на општина Свети Николе носител на Институционален грант во програмата Цивика мобилитас

Организација на жените на општина Свети Николе е една од 16 граѓански организации, носители на институционален грант од Програмата Цивика мобилитас. Програмата е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU). Програмата Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија. Визијата на програмата е Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани. Цивика мобилитас има мисија да биде движечка сила за одржливо граѓанско општество, кое практикува позитивни, демократски вредности, ги ангажира граѓаните во локални општествени иницијативи и е во добра интеракција со своите конституенти; е институционализирано и вклучува бројни динамични, големи и мали, урбани и рурални, разновидни организации на граѓанското општество, и има позитивно влијание на понатамошниот развој на Македонија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

„Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација“

Организација на жените на општина Свети Николе со свој учесник на тркалезна маса „Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација“ организирана од граѓанската организација Отворена Порта „Ла Страда“ - Скопје.
Организација на жените на општина Свети Николе имаше свој претставник на тркалезната маса „Зајакнување на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација“ организирана од граѓанската организација Отворена Порта „Ла Страда“, на 24 април 2015, во Скопје.
Овој настан е дел од проектот „Не ми го одземајте моето детство“, делумно финансиран од Американската амбасада во Р.Македонија, чија цел е да се придонесе кон намалување на принудените и детските бракови и трговијата со луѓе во Република Македонија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на општина Свети Николе – дел од настанот Civil Society in Research and Innovation во Брисел

На 28 јануари 2015 г. претставничка од Организација на жените на општина Свети Николе учествуваше на настанот Civil Society in Research and Innovation во Брисел, во организација на The CONSIDER project (Civil society organisations in designing research governance), а финансиски поддржан од The European Economic and Social Committee (EESC).Целта на настанот беше да се потенцира работата на EESC и да се поттикне дебата меѓу претставниците на засегнатите страни: Институциите, Невладиниот сектор и Универзитетите кои се инволвирани во истражувања. На настанот беа презентирани истражувања поврзани со политиката во Европа и нејзините земји - членки како и истражувања спроведени на неколку реномирани универзитети во Европа.

Повеќе за овој напис

на почеток=

‘Civil Society Peer Exchanges’ – Соработка меѓу НВО од Македонија и Англија

Организација на жените на општина Свети Николе учествуваше во натпреварот ‘Civil Society Peer Exchanges’ во организација на Еуклид Мрежата од Англија и Центарот за институционален развој (ЦИРа) од Македонија, а финансиски поддржан од Британската Амбасада во Скопје, Македонија.
Натпреварот имаше за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор во Македонија преку пеер размени, менторирање и тренинг
за поттикнување на демократски реформи, јакнење на човековите права и креирање на економски можности со поддршка од граѓански организации од Британија. Организацијата на жените на општина Свети Николе од Свети Николе беше една од деветте организации кои беа избрани како финалисти на натпреварот за иновативни идеи во три категории и со тоа доби можност да учествува во делот на менторската програма од проектот. Организацијата на жени од Свети Николе го доби признанието во областа на градење политики и застапување со проект за помош и поддршка на жените заболени и лекувани од малигни заболувања со цел полесно надминување на болеста и нивно реинегрирање во општеството.
Проектните тимови на трите најдобри проектни идеи во текот на месец март 2015 година учествуваа на „пеер" размена во Англија.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Јавна дебата за распределбата на средства од општинските буџети

Транспарентност и ризици од корупција при распределба на буџетските средства, и позитивни практики во справувањето со судирот на интересни во локалната самоуправа. Ова се само дел од темите кои ќе се дискутираат на јавната дебата за распределбата на средства од општинските буџети, што ќе се одржи на 15 април 2015 г., во големата сала на советот на општина Свети Николе, со почеток во 17:30 часот.
Настанот го организираат Организацијата на жените на општина Свети Николе и Граѓанската мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација.

Повеќе за овој напис

на почеток=

Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.