Паркинзи
за велосипеди и
промоција на велосипедизмот
Со цел да се подигне
свеста за водење здрав живот и
употреба на велосипеди, како и да има каде да се парќираат
велосипедите, ОЖОСВН во рамките на иницијативата „Мрдни со прст" во
Свети Николе постави 5 паркинзи за велосипеди. Овие паркинзи се
поставени во централното градско подрачје, односно два на влезот од
градскиот пазар, еден во градскиот парк и два кај спортската сала „Цар
Самоил".
На 5ти Октомври, 15тина
деца, членови на сообраќајната секција при
ООУ „Гоце Делчев“ од Свети Николе направија
дефиле со своите велосипеди и ги промовираа паркинзите за велосипеди.
За време на дефилето на
случајните минувачи им беа поделни
информативни флаери кои содржеа факти
за придобивките од често
користење на велосипед и водење грижа за здрав живот.
Организација на жените на општина Свети Николе
|