МАКЕДОНСКИТЕ ВОЛОНТЕРИ ВО ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ЗАЕДНО
СО НБА ЅВЕЗДИ
Во периодот од 4 до 14 Август во Чатеж, Словенија се
одржа Меѓународна Младинска Волонтерска Школа. Учесници беа млади
волонтери (на возраст од 15 до 18 години) од шест балкански земји:
Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.
Меѓу нив бевме и ние Марија Николова, Ирена Ордева, Душан Петров,
Христина Коцева и Благица Ивановска, предводени од нашиот
ментор Александар Богатинов.
Нашето присуство на оваа Волонтерска Школа беше
овозможено од Организацијата на жените на општина Свети Николе,
финансирано од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република
Македонија, а одговорни за реализација на школата беа Словенска
Филантропија, односно Центарот за промоција на волонтерската работа од
Љубљана. Наши тренери на школата беа Души Кумер, Вахида Хузејровиќ и
менторите од сите гореспоменати земји.
На оваа младинска волонтерска школа, ние-волонтерите
научивме како да ја преземаме улогата на промотори и организатори на
волонтерската работа помеѓу младите во нашата средина. Исто така, ние
како волонтери разменивме различни искуства за нашата волонтерска
работа. Истовремено, научивме едни од други повеќе за своите култури и
надминавме многу стереотипи. Сите волонтери преку работилниците,
културните-уметничките активности, спортските и рекреативните активности
и социјалните игри, заеднички сплетовме меѓународна мрежа на млади
волонтери создавајки простор за идна соработка.
Претпладневните работилници ни беа на теми:
„Волонтерската работа во денешнината“, „Организација и менаџмент на
волонтерската работа“, „Промоција на волонтерството и соработка со
медиумите“, исто така имавме богати дискусии на следниве теми: „Што јас
правам како волонтер и што прават волонтерите во моето училиште“, „Јас
како волонтер, моите добри искуства, лоши искуства и што добив од тоа“,
„Мотивација за волонтерската работа“, „Што треба да направиме кога ќе се
вратиме дома: планирање на идни активности“.
Ние волонтерите, работевме во групи на различни
предлог-проекти и ја преставувавме нашата волонтерска работа.
Во попладневните часови имавме разновидни активности:
спортски активности (кошаркарски турнири, тенис, пинг–понг), креативни
работилници (изработувавме маски, накит, заедничко знаме на кампот,
печатевме маици со натпис „100 % Волонтер“) и игравме различни друштвени
игри.
Благодарение на организаторите на школата имавме
неповторлива шанса да учествуваме во волонтерска акција на NBA Cares
“Make a difference Day” ни помалку ни повеќе туку со вистински НБА
ѕвезди !!!
Имено, ние-волонтерите, уште еднаш ја покажавме
нашата хуманост на дело во волонтерската акција во Основното Училиште
„Ливада“ во Љубљана, заедно со НБА легенди од поранешните југословенски
простори, како што се Владе Дивац, Жарко Паспаљ, Рашо Несторовиќ,
Предраг Дробњак, Драган Тарлач и други НБА играчи како и актуелни НБА
тренери. Заедно со нив ги бојадисувавме ѕидовите, игралиштата,
поставивме нови клупи, засадивме нови дрва... На кошаркарите им дадовме
подршка и во спортската сала Тиволи во Љубљана каде што верно навивавме
на ревијалните натпревари. Двајца од волонтерите се покажаа како успешни
идни кошаркари и добија награда за тоа.
http://www.nba.com/home/bwb/europe_day_two_recap_110809.html
Како награда за успешната работа, добивме слободно
попладне во рекреативниот центар во Доленска Топлица.
Од десетдневната Меѓународна Младинска Волонтерска
Школа се вративме поискусни и со повеќе знаење за вредноста на нашата
волонтерска работа.
Се запознавме со други волонтерски искуства, научивме
како полесно да се справуваме со потенцијалните потешкотии кои што ни ги
носи самата волонтерска работа, се со цел подобро да им помагаме на
луѓето околу нас (кои имаат потреба од помош) без разлика на возраста,
полот, националноста и верата.
Спремни сме да се соочиме со потенцијалните донатори,
бидејки умееме да направиме одлични проекти, вредни за почит и
финансирање. Се стекнавме со знаења како да го најдеме местото каде што
припаѓаме и својата комуникација и мотивација ја подигнавме на повисоко
ниво.
Ние волонтерите изразуваме голема
благодарност до финансиерите на овој проект – Амбасадата на САД
во Македонија, како и до нашата матична организација –
Организација на жените на Општина Свети Николе и секако на
организаторот на школата - Словенска Филантропија од Словенија,
бидејќи со нивна помош ова за нас ќе остане незаборавно искуство кое што
се преточи во нови знаења, пријателства и истовремено ни овозможи сето
тоа да го споделиме со средината од која доаѓаме и дејствуваме.
Пријателствта кои што ги создадовме (со младите од
останатите земји учесници на школата) ќе траат засекогаш, а убавите
спомени никогаш нема да избледат.