2006:
-во
текот на цела 2006 година:
Работилници за жени заболени од малигни заболувања;
-08
Март 2006: Прослава на 8 - ми Март;
-11 Март 2006:
изложба на ракотворби “Уметноста на жените проткаена низ минатото“;
-Март
- Април 2006: Здраствени работилници за жените во руралните средини;
-25 Март 2006 во с. Црнилиште: работилница со тема
Родови односи и развој;
-Април 2006
во с. Црнилиште и с.Ерџелија: Работилници “Женски човекови права и семејно насилство“;
-15 Април 2006:
Средба на членките на мрежата
за имплементација на Програмата за редовни гинеколошки прегледи;
- Твојот глас е твое право - ти си таа што одлучуваш
за себе -гласај;
- Организацијата на Жени на Општина Свети Николе -
добитик на 14 Септемвриска ЗЛАТНА ПЛАКЕТА;
-
Мониторинг на имплементацијата на Програмата за редовни гинеколошки
прегледи;
- Тркалезна маса на тема "Семејно Насилство во општина
Свети Николе";
-
Трибина Семејно насилство врз жените ;
Твојот глас е твое право -
ти си таа што одлучуваш за себе -гласај
Организацијата на жени на општина Свети Николе на
26.06.2006 година одржа тркалезна маса на тема Твојот глас е твое
право - ти си таа што одлучуваш за себе- гласај во рамките на проектот
Поинаков е светот со жена во процес на одлучувањето кој го реализира
АУРЕОЛА од Струга.
На тркалезната маса присустуваа претставнички од
политички партии и претставнички од НВО-и. Целта на тркалезната маса
беше да се согледа улогата и местото на жените во изборниот процесс и да
се мотивирааат жените самостојно да одлучат за која политичка партија ќе
го дадат својот глас,
На тркалезната маса се истакна дека жените сеуште не
се доволно застапени во Политичките партии посебно на повисоките
раководни места. Се забележа дека жените не се мотивирани да излезат на
гласање зашто нема подобрување на нивната положба. Се поздравија
промените во изборниот законик и внесување на квотата од 30% застапеност
на обата пола и се смета дека со ова ќе се зголеми бројот на жени
парламентарки. На крајот се заклучи дека е потребно поголемо вклучување
на жените при изготвување на програмите на политичките партии и
зголемување на мотивацијата кај жените за активно учество во
општествениот живот на општината.
Тркалезната маса беше емитувана на локлната ТВ СВЕТ.
на почеток=
Организацијата на Жени на Општина Свети Николе -
добитик на 14 Септемвриска ЗЛАТНА ПЛАКЕТА
Организацијата на жени на општина Свети Николе е
добитник на Златна плакета која се доделува во чест на 14-ти
Септември -денот на ослободување на Свети Николе. Наградата ја доделува
Советот на општина Свети Николе за особени постигнувања и промовирање на
општината .
Организацијата ја доби наградата за долгогодишнта
успешна работа и подобрување на положбата на жените и децата во
републиката. Беше истакнато дека организацијата во последните 15 години
има реализирано преку 40 проекти самостојно или во соработка со други
организации и со својата работа е препознатлива во Републикава. Посебно
беше истакнат успехот со лобирањето за воведување на редовни гинеколошки
прегледи. Организацијата активно работи на неколку програми како што се:
подобрување на здравствената заштита на жените, почитување на женските
права и борба против семејното насилство и трговијата со луѓе,
промовирање на родовата рамноправност, неформална едукација на деца и
млади преку Вавилон центарот кој активно работи веќе 6 години, подигање
на свеста кај граѓаните и промовирање на демократијата во општината.
Наградата беше доделена на Свечената седница на
Советото на Општината, а истата ја додели градоначалникот на општина
Свети Николе г-дин Слобпдан Даневски. На свечената седница освен
граѓаните на општината присуствуваа и амбасадорот на Република Словенија
,министерот за труд и социјала Мешковски, претставник од генералштабот
на АРМ , претставници од Народна Република Кина, градоначалниците од
збратимените општини Ќиќевац- Србија и Сепарева бања -Бугарија.
на почеток=
Мониторинг на имплементацијата на Програмата
за редовни гинеколошки прегледи;
O
рганизацијата на Жени на Општина Свети Николе
во рамки на своите активности од проектот Унапредување на женското
здравје -2 финансиран од Квинна тилл Квинна , врши мониторинг за
текот на имплементацијата на Програмата за рано откривање на малигни
заболувања на репродуктивните органи кај жената за 2006 година
Во 2005 и 2006 Владата донесе Програма за рано
откривање и спречување на болести на репродуктивните органи кај жената
во Република Македонија. Програмата предува бесплатен ПАП тест за 20 %
од женската популација на возраст од 19- 65 години или годишно по околу
128 000 жени. .Прегледите треба да се спроведуваат од страна на
матичните гинеколози кои имаат склучени договори со Фондот за здравство.
За реализација на програмата за 2005 се обезбедени 8.500.000 денари , а
за 2006 ќе се обезбедат и дополнителни 3.000 000 денари . Овие средства
се наменети за ПАП тестот , за печатење на информативен материјал и за
водење на регистар за спроведените прегледи. Следјќи ја имплементацијата
на прегледите во текот на 2005 и 2006 се забележа дека програмата не се
реализира целосно и во дел од градовите не е направен ниту еден ПАП
тест.
ОЖО Свети Николе во периодот јуни - ноември 2006
одржа 12 тркалезни маси во Прилеп , Битола, Крива Паланка ,
Кочани, Пробиштип , Гевгелија, Штип, Струмица, Македонска Каменица,
Виница, Дебар, Куманово со претставници од здравствените домови и
гинеколозите на кои се дискутираше за проблемите при реализацијата на
програмата. Гинеколозите информираа дека не се доволно информирани од
страна на Министерството за здравство за програмата и за начинот на кој
програмата треба да се реализира. И покрај нивната желба и спремност да
помогнат во реализацијата на прегледите се соочуваат со сериозни
проблеми. Тие не се доволно мотивирани да ги спроведуваат прегледите
бидејќи не добиваат никаков надоместок, а капитацијата за прегледите е
најниска и изнесува само 18 денари по пациентка. Тие се соочуваат и со
потребата претходно да се набават материјали за земање на ПАП тестот и
ненавремено покривање на материјалните трошоци од страна на Фондот за
здравство. Приватизацијата на гинекологијата ќе ги продлабочи проблемите
околу имплементацијата на програмата.и голем дел од гинеколозите не се
мотивирани да склучат договори со Фондот за здравство. Поради тоа голем
број од жените кои беа информирани за програмата не можеа да добијат
гинеколошки преглед и ПАП тест .
Забелешките и препораките од овие тркалезни маси во
писмена форма беа доставени до Министерството за здравство, до
координаторот на програмата државниот секретар - Киро Салвани.
на почеток=
Тркалезна маса на тема
"Семејно Насилство во општина Свети Николе"
Одржана на 05.12.2006, Вторник - Свети Николе
По повод кампањата : борба против семејното насилство
, Организацијата на жени на општина Свети Николе во партнерство со
ЖГИ,,АНТИКО,, како локална активност на 5ти Декември 2006 одржа
тркалезна маса на тема ,,Семејно насилство во општина Свети Николе,,
Целта на тркалезната маса беше да се подигне свеста
кај жените од општина Свети Николе за постоењето и препознавање на
Семејното насилство во сите негови форми и доколку постои Семејно
насилство да не се прикрива туку јавно да се проговори за тој проблем и
да се бара заштита во надлежните институции .На оваа тркалезна маса
присуствуваа преставници од Центарот за Социјална работа, преставник од
Органот за Внатрешни работи сектор Свети Николе, преставници од
Основниот суд Свети Николе и Јавното обвинителство како и преставнички
од НВО секторот. Модератор на тркалезната маса беше Даниела Панева
,членка на Организацијата на жени на општина Свети Николе.
На почетотот се даде краток осврт на тоа што се
подразбира под поимот Семејно насилство и за текот на кампањата за борба
против семејното насилство . Се зборуваше за видовите на насилство ,
причини и последици од насилството ,кој е најчесто насилник? А кој е
најчесто жртва на Семејно насилство? Кои се новините од Закон за
семејство ,мерки на заштита и институции за заштита.
Од страна на преставниците на институциите ЦСР,ОВР,ОС
и ОЈО беа презентирани податоците за насилство во сите негови видови на
локално ниво. Се информиравме дека од 8 пријавени случаи во ЦСР за 2006
година за 5 случаи имаат донесено правосилно решение во Основниот Суд
Свети Николе . Од презентацијата на преставничката од ОВР Св.Николе која
ја опиша постапката од пријавување на случај на семејно насилство до
негово разледување , заклучивме дека случаи на семејно насилство многу
ретко се пријавуваат во ОВР дури и оние кои се пријавени потоа се
повлекуваат од страна на жртвата на семејно насилство.
Се разговараше за постоење на правна заштита од
семејно насилство преку обраќање до надлежните институции , а целта беше
да се стекне поголема доверба во институциите и доколку постои семејно
насилство да не се прикрива туку да се пријави со цел добивање на
соодветна заштита .
Од страна на модераторот се презентираа и новините од
Законот за семејно насилство и улогата и обврска на ЦСР и полицијата во
случај со жртва на семејно насилство. Воедно беше презентирано дека во
нашата земја постојат 6 шелтер центри со улога на престојувалиште на
жртвите од семејно насилство.
на почеток=
Трибина Семејно насилство
врз жените
Организацијата на жени на општина Свети Николе на
06.12.2006 среда во рамките на Меѓународната кампања 16 дена борба
против семејното насилство одржа трибина под наслов Насилството врз
жените во семејството.
На трибината зборуваше Душко Миновски -
државен секретар во Министерствиото за труд и социјална политика.
Државниот секретар истакна дека семејното насилство е доста сериозен
проблем за заедницата. Податоците упатуваат дека 75 % од сите жртви се
жени . Во последните години се направени одредени законски интервенции
со кои ова насилство се третира како посебен вид на насилство и се
превземаат конкретни законски мерки и за заштита на жртвите од
насилството, но и за казнување на насилникот. Како резултат на
законските интервенции во текот на 2006 година се поднесени кривични
пријави по основ семејно насилство и се превземни мерки за заштита на
жртвите од насилството. Обично жртвите се смествуаат во 5 Шелтер центри
отворени во рамките на Министерството за труд и социјална политики и
еден центар кој работи во рамките на НВО. Посебно се истакна потребата
од превземење на координирана организирана акција на сите
институции,Центрите за социјална работо , Министерството за внатрешни
работи, здравствените институции , Јавното обвинителество и Судството и
Невладините организации во насока на обезбедување на заштита и подршка
на жртвите од семејно насилство.
Благица Качанска раководителка на секторот за
старателство во Центарот за социјална работа во Скопје истакна дека
ценртрите напорно работат на семејното насилство, но сепак се соочуваат
со проблеми да одговорат на сите пријавени случаи на семејно насилство.
Во исто време се истакна и потребата од создавање на професионални кадри
кој ќе работат на случаи на семејно насилство.
Во Свети Николе семејното насилство постои иако многу
ретко отворено се зборува. Сепак позитивно е тоа што жените започнуват
да го пријавуваат семејното насилство и како резултат на тоа во текот на
2006 година се евидентирани 8 случаи на семејно насилство од кои за 5 се
донесени судски пресуди.
На крајот се потенцира потребата НВО да работат на
превенција и едукација на младата популација за семејното насилство.
на почеток=