english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

„Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе“

Организација на жените на општина Свети Николе во период од 01.04.2011 до 31.12.2011 год. ќе реализира проектни активности од проектот „Бесплатна компјутерска едукација на млади невработени лица од Општина Свети Николе кој финансиски е подржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Македонија.

 Цел на проектот е компјутерска едукација на 120 млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од населените места Ерџелија, Црнилиште, Амзибегово, Горобинци и градот Свети Николе од општина Свети Николе да се стекнат со знаење за работа со Windows , Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft Power Point и Internet. По завршувањето на обуката на посетителите ќе им се издадат сертификати за завршена обука.

Организацијата на жените на општина Свети Николе ги известува сите заинтересирани невработени лица од 18 до 35 години да се пријават во просториите на организацијата кои се наогаат на улица Ленинова бр.1 спрат 2 стан 4, (над бурекџилница Мартини) од 10 до 16 часот секој работен ден до 17.05.2011 година. Заинтересираните лица со себе да понесат лични карти и потврда за невработеност издадена од Центарот за Вработување во Свети Николе. Побрзајте со пријавувањето, бројот на корисници е ограничен. Дополнителни информации можете да добиете на телефонските броеви 444 620 и 440 032.

     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов