english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Македонија успешно промовирана ширум Европа


Во рамките на проектот "Ние сме Европејци" од 15 Април до 8 Мај 2011 година нашите „амбасадори“ Александар Богатинов и Анета Спасеска успешно ја промовираа Македонија пред Европските граѓани во 20 Европски градови во 7 Европски држави (Австрија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Холандија и Полска). Тие беа дел од тимовите вклучени во двете 17-дневни Евротури со по еден претставник од 6 земји од Југоисточна Европа (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија) кои ги спроведоа промотивните активности во претходно споменатите 7  Европски држави.

 
     
 
     
 

Во споменатиот период преку директни контакти на Европските граѓани им беа презентирани избалансирани информации за современата реалност на земјите-кандидатки од Југоисточна Европа и нивните потенцијали како идни членки на Европската Унија, вклучувајки ја тука и Македонија. Сето ова беше реализирано преку разни промотивни активности: средби со студенти, средби со градоначалници и други локални авторитети, средби со локалната и бизнис заедница, политичари, разни дебати, интерактивни работилници, конференции, средби со претставници на невладини организации. Сите овие активности беа следени од новинарите со посебно внимание.

 
     
 
     
 
     
 

„Секаде каде што се реализираа промотивните активности приемот беше многу пријателски, срдечен, топол, домакински. Сето тоа ни помагаше да се чуствуваме како дома, тоа всушност и не прави Европејци, да се чувствуваме како дома илјадници километри далеку од нашите домови во Македонија“-изјави Александар Богатинов.

Генерално обичните Европски граѓани имаат мало, скромно познавање за Македонија, но тоа не е пречка тие да имаат посебни симпатии кон земјата на Сонцето како што некои од нив милуваа да ја наречат Македонија. Секако треба да се потенцира и тоа дека обичните Европски граѓани немаат ништо против проширувањето на Европската Унија со земјите од Југоисточна Европа вклучувајки ја тука и Македонија. Сите тие промотивни активности го зголемуваат бројот на луѓе кои ја љубат Македонија, сите тие директни контакти со обичните Европски граѓани допринесуваат да се зголеми бројот на луѓето кои во блиска иднина сакаат да ја посетат една од најубавите земји на светот – Македонија. Позитивните резултатите од тие средби допрва ќе следуваат. Затоа во блиска иднина треба да се продолжи со вакви и слични промотивни активности кои ќе вклучуваат директни средби со обичните Европски граѓани.

 
     
 
     
 

Прекрасно беше чуството кога во Варшава на познатата Шуман парада по повод денот на Европа , на штандот каде што беа Македонските претставници дојдоа млади луѓе од Украина и ја запеаја Македонската песна „Ој девојче“, вистински пример дека за Македонската култура и традиција не постојат граници.

 
     
 
     
 

Презентацијата на Македонија во Варшава во рамките на меѓународната конференција „Балканот во Европа“ беше пофалена како најдобра , истата беше реализирана од нашите „амбасадори“ Александар Богатинов, Анета Спасеска и нашиот економски промотер во Полска Господинот Љупчо Михаиловски.

 
     
 
     
 

Проектот „Ние сме Европејци“ го реализира Полската Роберт Шуман Фондација во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (со седиште во Варшава) и Фондацијата Роберт Шуман (со седиште во Париз) и е кофинансиран од Европската Унија. Станува збор за голем Европски проект во кој се вклучени 17 организации од земји од Европската Унија и 6 организации од земјите од Југоисточна Европа. Партнер на овој проект од Македонија е Организација на жените на Општина Свети Николе.

 
     


Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.