кампања за бесплатни гинеколошки прегледи |
|
јубилеј |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ЛИЧНА КАРТА НА ОЖ - СВЕТИ НИКОЛЕ
Организација на жените на општина Свети Николе е
здружение на граѓани формирано врз основа на слободно здружување на
граѓаните за остварување на нивните интереси и превземање на активности за
подобрување на целокупната состојба пред се на жените во општеството, но и
на децата и младите. Организацијата е продолжување на поранешното женско
движење во Македонија и од 1990 година дејствува како независна
организација. На 28 декември, 1998 г. Организациjата се регистрира во
согласност со новиот Закон за граѓани и фондации, а во април 2011 година се
пререгистрира во согласност со новиот Закон за здруженија и фондации на
Р.Македонија. Во 2006 година, Организацијата е регистрирана во регистарот на
Здруженија на граѓани кои работат во областа на социјалната заштита при
Министерството за труд и социјална политика и е во позиција да имплементира
одредени активности во областа на социјалната заштита делегирани од
Министерството.
Во почетокот Организацијата работеше на пружање на
хуманитарна помош за социјално загрозени лица, но од 1997 година своите
активности ги насочи кон реализација на проекти од различни области.
Организацијата во руралните средини има женски активи со цел полесно
стапување во контакт со целните групи при реализирање на предвидените
активности и проекти.
Визија на организацијата: Организација на жените на
општина Свети Николе е лидер во женското движење и располага со човечки и
технички капацитети кои можат да влијаат на подобрување на општата
состојба на граѓаните во општината и во републиката.
Мисија на организацијата: Организација на жените на
општина Свети Николе работи на подобрување на условите за соодветна
здраствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на
децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и
заштита на човековите права.
на почеток=
Цели на организацијата
:
1. Создавање услови за подобра здравствена заштита на
населението
-
Лобирање за подобра здравствена заштита на жените;
-
Подобра информираност за превенција на населението од
разни болести;
-
Да се зајакне довербата и надминување на траумата и
последиците на жените и на пациентите третирани од малигни заболувања;
-
Следење и лобирање за спроведување на здравствената
програма за бесплатни гинеколошки прегледи;
-
Намалување на опасностите од болести на зависност
(пушење, алкохол и дроги);
-
Промоција на здрави животни стилови.
2. Подобрување на статусот и условите за живот на децата
и младите
-
Социјална инклузија на младите луѓе преку разни форми
на неформално образование;
-
Создавање на младинска политика на локално, регионално
и национално ниво;
-
Зголемена информираност на младите за прашања и
проблеми со кои се соочуваат (формирање на Младински информативен центар);
-
Работа со деца од предучилишна возраст;
-
Работа со маргинализирани групи на млади луѓе
(малцинства, руралните средини, социјални случаи и млади луѓе со
девијантно однесување).
3. Почитувањето и заштитата на човековите права и развој на демократијата
-
Обезбедување на бесплатна правна помош и правни совети;
-
Подигање на јавната свест во врска со различните форми
на дискриминација, семејното насилство и трговијата со луѓе;
-
Психо-социјална поддршка за жртвите на семејно
насилство;
-
Едукација на правата на жените во работните односи;
-
Промоција на родовите односи;
-
Економска и политичка еманципација на жените;
-
Почитување и практикување на демократијата;
-
Промовирање на интеркултурен, меѓуетнички и
меѓурелигиска соработка;
-
Ненасилна решавање на конфликтите и промоција на мир.
4. Заштита на животната средина
-
Кампањи за подигање на јавната свест за здрава животна
средина;
-
Менаџмент на отпад – негова селекција;
-
Заштита на природните екосистеми, промоција и
регулатива;
5. Зголемување на капацитетите на организацијата
-
Зголемување на бројот на волонтери и менторство на нови
волонтери;
-
Подигање на нивото на знаење на членките на
Организацијата;
-
Развивање на професионални човечки капацитети;
-
Пренесување на искуства и знаења стекнати на семинари и
работилници на активните членови во Организацијата;
-
Развој на систем на мониторинг и евалуација на
активности;
-
Пронаоѓање на нови форми на самофинансирање;
-
Размена на искуства и развивање на прекугранична
соработка.
на почеток=
Програми на
Организација на Жените на Општина Свети Николе
Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖО)
работи на следниве пет програми .
1. Здравствена
програма
2. Програмата за млади и деца
3. Програма за човекови права
4. Програма за здрава животна средина
5. Програма за развој на капацитетите на Организацијата
Целни групи:
-
Жени
-
Деца и млади
-
Општа популација
Географски области во кои нашата организација е активна:
-
Локално,
-
Регионално,
-
Национално,
-
Интернационално ниво
Нашата организациона структура:
на почеток=
НАГРАДИ и ПРИЗНАНИЈА:
• Награда "Бисер на мудроста" е доделена од ЕССА -
Европска асоцијација за рак на матка за напредокот во спроведувањето на
програмата за превенција од рак на матка во Македонија. Наградата е доделена
на Организација на жените на општина Свети Николе, Министерството за
здравство на Република Македонија, Комисијата за еднакви можности на
Собранието на Република Македонија и Македонското женско лоби од Скопје,
како признание за нивниот исклучителен придонес кон програма за превенција
на рак на матката. Наградата беше доделена на 26 јануари 2010 година во
Брисел во Европскиот парламент.
• Награда "Златен медал 2006" која се доделува во
чест на 14 Септември - денот на ослободување на Свети Николе. Наградата е
доделена од страна на Советот на општина Свети Николе за посебни
достигнувања и промоција на општината. Организацијата наградата ја доби за
долгорочна успешна работа и подобрување на положбата на жените и децата во
земјата.
• "Наградата за граѓанско општество и демократија постигнувања во
претходната година", доделена од страна на Македонскиот центар за
меѓународна соработка на 9 јуни 2005 година. Наградата беше доделена на
Организацијата за нејзините активности во зајакнувањето на учеството и
влијанието на луѓето врз јавната политика. Организација на жени на Свети
Николе лобираше за измена на Законот за здравствена заштита и промоција на
здравјето на жените преку воведување на редовни бесплатни гинеколошки
прегледи со цел рано откривање на рак на матката на жената. Активностите беа
насочени кон унапредување на соработката меѓу НВО и носителите на власта и
поврзување со државни органи и институции. Организацијата, заедно со 16
женски НВО во Македонија покренаа иницијатива за воведување на редовни
бесплатни гинеколошки прегледи. Спроведените активности за лобирање и
застапување резултираа со поднесување на амандман во парламентот за
воведување на посебна програма во здравството со која ќе се обезбедат
задолжително еден бесплатен гинеколошки преглед за секоја жена во
Македонија. Амандманите беа доставени во декември 2003 година од страна на
пратениците: Лилјана Поповска, Слободан Најдовски, Соња Лепиткова и Петар
Апостолов. Амандманот беше усвоен во февруари 2004 година од страна на
Парламентот и Владата кои ја презедоа обврската да изготват програма за
редовни гинеколошки прегледи. Програмата беше усвоена во март 2005 година и
Програмата предвидува 20% од женската популација од 19-65 години да добие
бесплатен гинеколошки преглед и Пап тест за рана дијагноза на рак на грлото
на матката.
на почеток=
Документи
за организацијата
СТАТУТ (нов од 07-2015)
СТАТУТ
(до 07-2015)
ДЕЛОВНИЦИ
ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА
ФИНАНСИСКИ ПРОЦЕДУРИ
ОПИСИ НА РАБОТНИ МЕСТА
ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ
Годишен Извештај на Организација на жените на
Општина Свети Николе
за 2007 година
Истражување на потребите на жените во руралните
средини во Источна Македонија (2,46 MB)
Анализа на анкетното испитување за потребите на
жените од Општина Свети Николе
(565 KB)
Анализа на финансиското работење на Општина
Свети Николе (3,3
MB)
2012:
Анализа на
резултати,
заклучоци и препораки
од анкетата спроведена во рамките
на проектот „Жените градат сигурна иднина во Република Македонија преку
имплементацијата на Резолуцијата 1325“(306KB)
Евалуацијата
на здравствената програма на организацијата во
PDF формат (654
KB).
Евалуацијата
на Англиски јазик во PDF
формат
(370KB)
Локална
стратегија за млади на
Општина Свети Николе (114
KB)
Сите гореспоменати документи може да ги симнете со кликнување на десен клик
врз претходните линкови и со избирање на наредбата
Save Target As...
на почеток=
|
|
|
наши донатори:
|
|
|
|
|
|
|
|
локални линкови: |
|
|
|
медиумски покровители
на камапањата |
|
|
|
|
|
|
|
|
|