english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

HERO - Human rights education opportunity

Во периодот од 03.08 до 10.08.2019 во Карловац, Хрватска се одржа HERO тренингот, како дел од Еразмус + програмата кој беше спроведен од страна на Carpe Diem. На тренингот, учество зедоа по двајца претставници од 15 држави (Бугарија, Кипар, Хрватска, Италија, Косово, Унгарија, Македонија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Србија, Шпанија, Шведска и Украина). Од Организација на жените на општина Свети Николе, како партнер организација во проектот, претставници на тренингот беа Александар Богатинов и Елена Трајкова. Главната тема на тренингот беше поврзана со човековите права со посебен акцент на работата со млади и нивната перцепција за човековите права.

 

На првиот ден од тренингот, се запознавме меѓусебе и зборувавме за очекувањата, во вториот дел имавме guest speaker (Домагој Мориќ) кој нѐ запозна со трите генерации на човекови права. Вториот ден беше резервиран за дебатирање во тимови каде на учесниците им беа дадени одредени теми и тие дебатираа со „за“ и „против“ ставови. Форум театарот се одржа третиот ден и им помогна на учесниците преку толкување ликови да прикажат кршење на човековите права и преку глумење да предизвикаат емоција. Форум театарот го водеше Данијела Устиќ.

 

Eдна од главните вежби беше делот кога учесниците учествуваа во пишувањето на Code of conduct (код на однесување) кажувајќи ги вредности што еден работник за млади треба да ги поседува. Овој Код на однесување ќе пробаме да го воведеме и почитуваме секој во својата организација. Учесниците поделени во групи, во текот на тренингот, практикуваа различни методи, преку кои на другите групи учесници, преку неформално образование можеа да дискутираат за човековите права.

 
     
 

Фасцилитаторките на тренингот, покажаа големо познавање на темата, беа многу креативни и секоја информација беше корисна. По завршувањето на тренингот и средување на знаењата и впечатоците, секој од учесниците во своите матични организации, ќе направат дисеминација на знаењата користејќи методи кои што ги научиле за време на тренингот и новите вештини кои ги имат стекнато и подобрено.

 
     
 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2019 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster