english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

„Meet Macedonia“ (Запознај ја Македонија)

Организација на жените на општина Свети Николе од 15 Август до 15 Декември 2009 година го реализираше проектот „Meet Macedonia“ (Запознај ја Македонија). Проектот се реализираше во партнерство со Друштво за развој на доброволна работа (ДРПД)–Ново Место, Р.Словенија, а финансиски беше поддржан од Deutsche Gesellschaft fьr Technische Zusammenarbeit (GTZ). Општа цел на проектот е придонес кон градење на можности за промоција на македонското културно наследство во државите членки на Европска Унија. Во проектните активности учествуваа 7 учесници од Ново Место, Р.Словенија и 7 учесници од Свети Николе, Р.Македонија, беа избрани врз основа на апликациски процес и беа со родов баланс. Главни проектни активности кои се реализираа во рамките на овој проект се:

Културно запознавање на Р.Македонија. Оваа активност се одвиваше на повеќе места низ Р.Македонија со што учесниците директно се запознаа со нејзиното културното наследство и карактеристиките на македонската култура и традиција. Културното запознавање на Р.Македонија траеше шест дена и во рамките на тие 6 дена покрај 4 едукативни работилници за традиционална музика, свадбени обичаи и традиционална исхрана беа реализирани и едукативни патувања во северо-источниот, југо-источниот и западниот дел на Р. Македонија и Скопје со околината каде беа посетени 37 позначајни културни и природни знаменитости и локалитети.

 

Едукативните работилници беа водени од едукатор/етнолог, додека на едукативните патувања секој локалитет беше презентиран од страна на учесник од Р.Македонија кој претходно беше подготвени од страна на едукатор/етнолог за презентирање на локалитетите кои ќе бидат посетени. Во текот на реализација на оваа активност учесниците од Р.Словенија беа задолжени преку камера и слики да го доловат културното наследство на Р.Македонија и како продукт од ова културно запознавање подоцна беше изработен видеозапис.

 

Изработка и печатење на промотивен и информативен материјал. За подобра промоција на македонското културно наследство се изработија повеќе форми на промотивен и информативен материјал кои се наменети и дистрибуирани на пошироката јавност во Р.Словенија. Беше изработена и испечатена брошура „Meet Macedonia“ (2,76 MB) (за превземање на брошурата кликнете на името на брошурата). Брошурката е испечатена во тираж од 250 примероци има 38 страници и содржи сликовит приказ и краток опис на англиски јазик на македонското културно наследство, односно на сите локалитети кои беа посетени во рамките на првата проектна активност. Брошурките беа поделени на присутните учесници на трите културни настани “Ден на македонското културно наследство” организирани во Крањ, Љубљана и Ново Место, Р.Словенија. Од снимениот и фотографиран материјал од културното запознавање на Р.Македонија беше изработен видео запис „Meet Macedonia“ кој исто така ги содржи сите културни знаменитости и локалитети кои беа посетени во Р.Македонија.

Културен настан “Ден на македонското културно наследство” во Р.Словенија. За поголема афирмација на македонското културно наследство беа организирани три културни настани “Ден на македонското културно наследство” во Крањ, Љубљана и Ново Место, Р.Словенија.

 

На овие три настани беа презентирани видео записот и брошурата, како и овчеполска народна носија, традиционална храна и пијалоци, традиционални песни и ора. На сите три настани имаше добра посетеност од страна на пошироката јавност и голема заинтересираност за културното наследство и традицијата на Р.Македонија. На настаните во Крањ и Љубљана беше присутен и претставник од македонското дипломатско претставништво.

 

Јасмина Трајчева
Организација на жените на општина Свети Николе

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster