|
Изборно Собрание на Организација
на жените на општина Свети Николе
На ден 13. 08.2019
година со почеток во 19 часот во салата на општина Свети Николе се одржа
Изборното Собрание на Организација на жените на општина Свети Николе. На
Собранието присуствуваа вкупно 32 лица, членови на Собрание, Управен и
Надзорен одбор, членови и поддржувачи на здружението. Изборното Собрание
го отвори и со седницата претседаваше Даниела Панева, актуелна
претседателка на Здружението, на која и беше укажана доверба и даден
втор мандат да го претставува и застапува здружението, кое континуирано
постои и активно работи 29 години.
Во тек на Собранието покрај
презентирање на наративниот и финансов извештај за 2018 година, се избра
и нов состав на управувачката структура на здружението составена од
претставници од локалните институции, организации и приватниот бизнис
сектор, со кои се надеваме во иднина ќе се остварат и други видови
соработка во интерес на нашите целни групи и конституенти.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|