Јавен
оглас за маалски
акции
Во рамките на "Кампањата Мрдни со Прст"- Организација
на жените на општина Свети Николе распишува јавен оглас за најмалку 3
маалски акции. Да ги размрдаме прстите и да го разубавиме соседството и
опкружувањето околку нас.
Проектот
ќе поддржува маалски акции од типот на:
1. Поставување на урбана опрема (набавка на клупи, масички, лулашки
за деца..)
2. Уредување на маалски простор
(чистење, садење цвеќиња-петунии или љубичици,
разубавување на запуштени делови итн.)
3. Партерно уредување на маалски простор
4. Набавка на контејнери, корпи за ѓубре
и друга комунална опрема
5. Останати акции и активности кои
придонесуваат за остварување на целите на кампањата.
Огласот ќе биде активен во периодот од
19/07/2017 до 30/07/2017 година.
Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат, тоа можат да го сторат
лично со потполнување на апликација директно во канцеларијата на
Организација на жените на општина Свети Николе или пак тоа да го
направат online.
На линкот се наоѓа аликацијата.
https://docs.google.com/forms/d/1NIq2sOY9KffYM2se1QPq0PzEIwITYKOrjbdlSmjhMl4/edit
Организација на жените на општина Свети Николе
|