english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

Тема на конкурсот:„ЈАС НЕ ЈА ЗАГАДУВАМ ПРИРОДАТА И СЕ ГРИЖАМ ЗА СВОЈОТ ГРАД“

Организација на жените на општина Свети Николе во рамките на Кампањата Мрдни со Прст објавува награден литературен и ликовен конкурс.

На конкурсот со свои трудови и дела може да се пријават деца и млади од општина Свети Николе од две возрасни категории:

  • деца од 10 до 14 годишна возраст и
  • млади од 15 до 20 годишна возраст

За најдобрите литературни творби се предвидуваат 6 награди (три за деца од 10-14 години и три за млади од 15-20 години) и истите ќе се состојат во прибори, еко енциклопедии, училишни ранци, книги.

  • Две први награди во подароци во износ од - 3000.00 денари
  • Две втори награди во подароци во износ од – 2000.00 денари
  • Две трети награди во подароци во износ од – 1000.00 денари

За најдобрите ликовни творби се предвидуваат 6 награди (три за деца од 10-14 години и три за млади од 15-20 години) и истите ќе се состојат во прибори, еко енциклопедии, училишни ранци, книги.

  • Две први награди во подароци во износ од - 3000.00 денари
  • Две втори награди во подароци во износ од – 2000.00 денари
  • Две трети награди во подароци во износ од – 1000.00 денари

За наградите ќе одлучуваат две одделни комисии-Комисија од 3 стручни лица, професори по ликовно образование и Комисија од 3 стручни лица, професори по македонски јазик делегирани од основните училишта и средното училиште во Општина Свети Николе, како и двајца членови од проектниот тим и соработниците.

ВАЖНО ЗА ЛИКОВНИОТ КОНКУРС

  • Цртежите да се во согласност со темата
  • Цртежите може да бидат изработени во било која ликовна техника
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО цртежите треба да бидат шифрирани односно да не стои име и презиме на апликантот ниту пак некои лични или други податоци кои би го откриле идентитетот на апликантот
  • Цртежите треба да бидат потпишани со шифра, а заедно со цртежот треба да се достави шифрата и личните податоци на апликантот во затворен плик
  • Лицето апликант да е на возраст од 10 до 14 и/или од 15 до 20 години.

ВАЖНО ЗА ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

  • Литературната творба да е во согласност со темата
  • Литературната творба е напишана на македонски јазик на компјутер во фонд Arial 12 големина
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО Литературната творба да биде потпишана со шифра, а шифрата заедно со целосното име на апликантот да се поднесени во посебен затворен коверт
  • Лицето апликант да е на возраст од 10 до 14 и/или од 15 до 20 години.

Огласот ќе биде активен во периодот од 01/09/2017 до 22/09/2017 година.

Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат, тоа можат да го сторат со доставување на своите трудови и дела директно во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе (ул.Ленинова 1-1/4, во центарот на градот - жолтата зграда над бурекџилница Мартини-Алгомак) или преку нивните професори и наставници по македонски јазик и ликовно воспитување во училиштата од кои доаѓаат.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster