Подигање
на свеста во борбата против Трговија
со луѓе
Организација на
жените на општина Свети Николе во периодот
март-мај 2017 година како партнер на
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе, Ла
Страда - Отворена
порта од Скопје се вклучи во
активности за промовирање, поддршка и спроведување на активности
поврзани со поттикнување на борбата против
трговија со луѓе.
ОЖОСВН беше локален
партнер и за таа цел во општина
Свети Николе беа реализирани
различни активности за активирање на младите светиниколчани во борбата
против Трговија со луѓе.
За таа цел се
контактираше и се остварија средби со средните училишта и
Славјанскиот универзитет од Свети Николе
каде беше презентиран
повикот за изработка
на награден мултимедијален проект,
мултимедијален производ на тема „Трговија
со луѓе“
.
Овој
повик има за цел да
ги стимулира младите да
се активнираат во борбата против трговија
со луѓе и да ја изразат својата креативност преку изработка
на мултимедијален производ кој е со
награден карактер. Тимот на ОЖОСВН покрај инфо средбите организираше и
едукативна средба за превенција со преставници од средниот училишен
центар во Свети Николе. На повикот до
организација беа доставени три
мултимедијални производи
изработени од млади на возраст од 14
до 23 години кои зедоа учество на наградниот повик на Отворена порта
Скопје. Овие три мултимедијални производи
се публикувани на ФБ страната на
Отворена порта и учествуваат во две категории награди: награди од
стручно жири и награди
на мултимедијален производ со освоено
најмногу гласови од on-line гласањето.
Организација на жените на општина Свети Николе
|