english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

‘Civil Society Peer Exchanges’ Соработка меѓу НВО од Македонија и Англија

Организација на жените на општина Свети Николе учествуваше во натпреварот ‘Civil Society Peer Exchanges’ во организација на Еуклид Мрежата од Англија и Центарот за институционален развој (ЦИРа) од Македонија, а финансиски поддржан од Британската Амбасада во Скопје, Македонија.

Натпреварот имаше за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор во Македонија преку пеер размени, менторирање и тренинг за поттикнување на демократски реформи, јакнење на човековите права и креирање на економски можности со поддршка од граѓански организации од Британија. Организацијата на жените на општина Свети Николе од Свети Николе беше една од деветте организации кои беа избрани како финалисти на натпреварот за иновативни идеи во три категории и со тоа доби можност да учествува во делот на менторската програма од проектот. Во овој дел од процесот Организацијата како свој ментор ја доби Лиа Витингам од Каттле Партнершип од Лондон, Англија. Во текот на својата тридневна посета на Македонија, менторката заедно со проектниот тимот од Организацијата работеа на доразвивање на веќе аплицираната идеја од натпреварот и нејзина подготовка за вториот циклус од натпреварот.

Во средината на Декември 2014 година, Организацијата на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, заедно со Порака наша од Куманово и ОХО од Скопје се прогласени за организации победници на конкурсот во рамки на Проектот за Пеер размена помеѓу граѓански организации од Велика Британија и Македонија.

Организацијата на жени од Свети Николе го доби признанието во областа на градење политики и застапување со проект за помош и поддршка на жените заболени и лекувани од малигни заболувања со цел полесно надминување на болеста и нивно реинегрирање во општеството.

Признанијата на наградените организации беа доделени од британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет, кој во своето обраќање на доделувањето на признанијата за трите најдобри проектни идеи, истакна дека ваквите програми се од голема важност бидејќи придонесуваат за посилен граѓански сектор, кој е многу значаен за една земја ако сака да се развива како демократско општество. Програмската координаторка и заменик-директорка на ЕУКЛИД мрежата, Луиза Де Амичис, истакна дека наградените организации на најдобар начин ја демонстрирале својата посветеност покажувајќи особено внимание во планирањето, можностите за имплементација и понатамошна надградба на проектите.

Проектните тимови на трите најдобри проектни идеи во текот на месец март 2015 година учествуваа на „пеер" размена во Англија. Проектниот тим од Организација на жените на општина Свети Николе, учествуваше на пеер размена и студиска посета во Лондон, Велика Британија и имаше можност да посети организации и институции кои активно и успешно работат на полето на подобрувањето на положбата на жените заболени и лекувани од малигни заболувања. Претставниците на Организација на жените на општина Свети Николе имаа можност да видат многу успешни приказни произлезени токму од поддршката што ја пружаат овие организации и институции на оваа категорија на жени.

Беспрекорната функционалност, ефектот што овие институции и организации го имаат кај жените заболени и лекувани од малигни заболувања и многубројните успешни приказни за реинтеграција на овие жени во општеството се дополнителен стимул за практично реализирање на проектната идеја во Македонија и давање на придонес кон подобрувањето на положбата на жените заболени и лекувани од малигни заболувања.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster