Реализиран партнерскиот
проект „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно
искористување на ЕУ фондовите"
Проектот „Унапредување
на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите"
се реализираше во периодот декември 2015 се до април 2017 година, а беше
воден од Институтот за демократија „Социетас цивилис" од Скопје (ИДСЦС)
во партнерство со ОЖОСВН и
АДИ од Гостивар. Проектот беше финансиски поддржан од Европската
комисија.
Проектот имаше за цел да
се зајакнат капацитетите на Заводот за социјални дејности, Центрите за
социјална работа низ Р.Македонија и граѓанските организации кои работат
на полето на социјалната заштита во развивање на Програми за социјална
вклученост преку ефикасно користење на фондовите кои ги нуди Европска
унија за претпристапните земји.
Во 2017 година во склоп
на проектните активности се спроведе мониторинг на програмите за
социјална заштита на единиците на локалните самоуправи Пробиштип,
Куманово и Велес. Резултатите од мониторингот беа презентирани пред
пошироката јавност, преставници на граѓански организации и преставници
на локалните самоуправи каде беше спроведен мониторингот на 11 март во
Скопје. Извештаите кои произлегоа после мониторнгот понудија практични
препораки за подобрување на констатираните слабости при спроведувањето
на програмите за социјална заштита, кои од друга страна можат да бидат
доста корисни за креаторите на јавните политики и донесувачите на одлуки
на локално ниво. Извештаите беа структурирани како документи за јавни
политики и ги обработуваа програмите за социјална заштита (оперативните
и акциските планови) во општините Велес, Куманово и Пробиштип. Како
најчести проблеми со кои се соочуваат овие три општини при реализирање
на програмата се констатирани:
Недостаток на финансии
и стручен кадар за реализрање на програмите за социјална заштита ;
Недоволна работа на
терен со засегнатите граѓани опфатени со програмата за социјална
заштита ;
Недоволна соработка со
граѓанските организации, особено во делот на заедничка изработка на
проекти и заеднички настап пред донатори ;
Проектните активности од
проектот беа презентирани на завршна конференција која се одржа на на 13
март во Скопје. На конференцијата беа презентирани проектни идеи на
граѓански организации и државни институции, од страна на центрите за
социјална работа од неколку општини во Р.Македонија, како и прирачникот
„Прирачник за ЕУ проектен дизајн и раководење со проектен циклус" кој во
иднина треба да помогне во разработка на идеи и начинот за аплицирање во
ЕУ фондовите, како и етапите за спроведување односно имплементирање на
проектот. Прирачникот во иднина ќе го користи како сопственост Заводот
за социјални дејности Скопје и треба да послужи за обука на кадрите на
Центрите за социјална работа на целата територија на Р.М.
Организација на жените на општина Свети Николе
|