english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Резолуција на ОН 1325 за жени, мир и сигурност и нејзина примена во Локалната самоуправа

Проектот "Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба˝ финасиски поддржан од Британската амбасада во Скопје е во реализација на Македонско женско лоби од Скопје во партнерство со 10 невладини организации од 10 општини од Р.Македонија, меѓу кои и ОЖОСВН. Во склоп на проектот се оддржаа две обуки за 20 претставници од 10 општини од Р.Македонија. Првата обука беше на тема "Јакнење на капацитетите на претсавниците на локалната самоуправа за имплементација на Резолуција 1325˝. Обуката имаше за цел да ги запознае учесниците со Резолуцијата 1325, Националниот акциски план за истата, како и со институционалните резултати и предизвици по однос на резолуцијата. Преку обуката учесниците се запознаа за важноста од применливоста на резолуцијата на локално ниво и да се сугерираат начини и предлози како наученото да се аплицира во локалните самоуправи. Втората обука на тема "Јакење на капацитеите за презентирање и лобирањето на Резолуцијата 1325˝ имаше за цел да ги зајакне капацитетите на учесниците за лобирање и презинтирање на резолуцијата во јавноста, посебно во локалната самоуправа пред локалната заедница. Учесниците се информираа за тоа како да пристапат кон медиумите, како да ја промовират својата работа и со техниките и алатките на процесот на лобирање за примена на резолуцијата на локално ниво. По спроведените обуки секоја од 10те вклучени организации/институции во сколоп на проектните активности имаа за задача да реализираат локални настани.

 

Организација на жените на општина Свети Николе организираше работилница на тема „Резолуцијата на Генералното Собрание на Обединетите нации 1325 за жени, мир и сигурност и нејзина примена на локалната самоуправа“. Работилницата се одржа на 3ти декември во МСУ „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе и беше водена од страна на г-ѓа Афердита Имери – експертка во областа. Целта на работилницата е промовирање на Резолуцијата 1325 за жени, мир и безбедност и нејзина примена во локалната самоуптрава, се со цел да се придонесе кон зачувување на мирот, безбедноста на жената и против секаков вид насилство кон жените. На настанот беа присутни претставници на граѓанскиот сектор, Црвен крст и ОЖОСВН, преставници од Локална самоуправа, преставници од КЕМ од Свети Николе, Полициска станица Свети Николе, Центар за социјални работи, претставници од три основни и едно средно училиште од општина Свети Николе, МСУ Гаврило Романович Державин како и Јавниот обвинител. Во едно со самата работилница се придонесе и кон подготовка на работниот план на Локалниот Совет за превенција во општина Свети Николе, а од работата во групи произлегоа приоритети на кои во иднина ќе треба да се работи поактивно како што се спречување на малолетнички бракови, превенција од семејно насилство на мајките и децата и вештини за самоодбрана на жените.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster