|
Новинарите со признанија за најдобрите од
Истокот
Новинарите
од источниот регион во рамките на активностите на регионалниот центар
„Исток‘‘,
коj
е дел од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), следејќи ги
севкупните општествени процеси од овој дел од државата доделија награди
за најдобрите во стопанството, туризмот, образованието, невладиниот
сектор, здравството, хуманоста, спортот, културата. Признанија на
најуспешните, на оние кои посветено, упорно, стручно и пожртвувано
работат им беа доделени на 8 Мај
2015 година во Виница.
Во рамките на невладиниот сектор,
признанието е доделено на Организацијата на жените на општина Свети
Николе, за упорноста во борбата градот да добие мамограф, бидејќи
статистички во овој град жените најмногу заболуваат од рак на дојка.
Наградата ја прими Г-ѓа Вера Златева, Претседателка на
Организацијата на жените на општина Свети Николе, а беше доделена од
страна на студентката по новинарството и новинарка во Радио Кочани,
Николина Атанасова.
Иницијативата за доделување на плакети за
најуспешните беше поддржана и од градоначалниците на општините од
регионот.
На манифестацијата присуствуваше и
швајцарскиот амбасадор во Р.Македонија, Стефано Лазарото, кој прими
признание од Здружението за особен придонес во заштитата на животната
средина во регионот.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|