Свети Николе мрда со прст!
Организација нае жените на општина Свети Николе апелира -
граѓаните се на потег да се грижат за околината и заедницата!
Организација нае жените на општина Свети Николе
(ОЖОСВН) под мотото "Мрдни со Прст, Ти си на Потег",
на 19 Јули со почеток во 19:30 часот на
градскиот плоштад во Свети Николе го промовираше проектот:"Активности
за подигнување на свеста за грижа за животната средина во Свети Николе"
Проектот ќе се реализира во временски период од месец
Јули до месец Октомври 2017 година со планирaни серија на активности и
тоа :
- чистење на речното
корито,
-три еколошки акции за
чистење на м.в.Ѓуриште, Бареш и Мавровица,
-разубавување на
одредени локации во градот,
-поставување на урбана
опрема
-културни настани со
театарска претстава, литературни и ликовни конкурси за деца и млади и
- реализирање на маалски
акции.
Промотивниот настан беше
организиран во партнерство со Доброволното противпожарно друштво (ДПД)
од Свети Николе, Извидничкиот одред „Гоце Делчев“ од Свети Николе , а во
соработка со ЕЛС Свети Николе и Јавното комунално претпријатие
(ЈКП-Комуналец) од Свети Николе.
На промотивниот настан се организираше еко
работилница за деца на тема: „Засади го твоето прво цвеќе и подари го".
Работилницата беше водена од страна на волонтерката од Мировниот корпус
од ОЖОСВН и на истата , најмалите посетители засадија 50 цвеќиња и ги
поделија на посетителите на овој настан. Волонтерите и волонтерките од
Организацијата на сите посетители на промотивниот настан им поделија
едукативни-информативни флаери, торбички и пенкала со логото на
камањата.
Интересот за работилницата беше толку голем,
исто како и посетеноста на настанот.
Промоцијата беше збогатена со културно забавна програма на музичкиот
бенд STREET TALE од Свети Николе.
МРДНИ СО ПРСТ е граѓанска иницијaтива чија главна цел
е подигнување на јавната свест за различните можности за општествени
промени кои се во доменот на секој поединец, како и генерирање на идеи
за поддршка и придонес кон специфични активности во рамките на
заедницата во кои граѓаните можат да се
вклучат поединечно, но и колективно.
Иницијативата започна пред повеќе од осум месеци и ги
поттикна граѓаните да почнат да размислуваат за нивниот индивидуален
придонес како и активно да се вклучат кон адресирање или решавање на
проблемите со кои секојденевно се соочуваат преку бројни настани и акции
како на пример, еколошки акции, хуманитарни активности, адаптација на
јавни простори, собирање на средства и поддршка на оние на кои таа им е
најпотребна.
Водени од идејата да го мултиплицираме успехот во
рамките на кампањата и да создадеме повеќе позитивни примери низ целата
држава, МРДНИ СО ПРСТ под новиот слоган ТИ СИ НА ПОТЕГ прераснува во
агрегатор на успешни приказни и идеа кои потекнуваат од граѓаните
како иницијатори и реализатори на бројни
иницијативи.
Во текот на претстојниот период ќе се организираат
бројни акции и активности низ целата држава во соработка со Националниот
Младински совет на Македонија , со докажани иницијативи и организации
кои постојано "мрдаат со прст" како на пример: Ретвитни оброк,
На точак, Ајде Македонија, Биди Зелен,
Сојуз на извидници на Македонија, Организација на жените на општина
Свети Николе, и други поединци и организации кои даваат одреден придонес
во заедницата и прават разлика во секојдневното живеење.
Повеќе информации во однос на тоа како секој може да
се вклучи во кампањата, а воедно и детали околу предходните и следните
активности на Мрдни со Прст се достапни на
www.mrdnisoprst.mk, како и на
Facebook страната
www.facebook.com/MrdniSoPrst.
Ребрендирана и освежена, иницијативата МРДНИ СО ПРСТ преку
www.mrdnisoprst.mk ќе им овозможи на граѓаните да иницираат, да се
вклучат и да реализираат граѓански акции или пак да се придружат на веќе
постоечкитe, и тоа само со клик на копчето ВКЛУЧИ СЕ.
Следете нè на www.facebook.com/mrdnisoprst и
www.twitter.com/mrdnisoprst и приклучете ни се во активностите за
подобро општество за сите нас!
Организација на жените на општина Свети Николе
|