english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Tрибина за испитување на потребите и проблемите на жените од село Горобинци

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на проектот „Свети Николе – Транспарентна општина“, кој е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC на 27.05.2010 година со почеток во 1930 часот во село Горобинци оддржа трибина наменета за жените од ова село. На трибината присуствуваа дваесетина жени од ова село. Присутните прво од страна на модераторката на трибината беа информирани за надлежностите на Локалната самоуправа согласно постоечките Закони и акти за децентрализација. Посебен осврт се даде на комуналните дејности (водоснабдување, одведување и пречистување на отпадните води, собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст отпад, јавното осветлување, уредување и организирање на јавен локален превоз, одржување на локалните патишта и улици), урбанизам (рурално планирање, уредување на простор и уредување на градежно земјиште), култура (негување на фолколорот, обичаите, старите занаети, институционална и финансиска подршка на културните установи), социјална заштита и заштита на децата (отворање на градинки, грижа за деца без родители, остварување на права од социјална дејност и воспитување на деца од предучилишна возраст), образование (основање, финансирање и администрирање на основните и средните училишта, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови), здраствена заштита и друго.

 

По презентирањето на надлежностите на Локалната самоуправа се разви дискусија за главните потреби и проблеми со кои се соочуваат жените од оваа месна заедница. Како приоритетни проблеми и потреби беа истакнати: немање на канализациона мрежа, немање селска депонија, асфалтирање на сите улици во селото, недоволно јавно осветлување, поставување на лежечки полицаец на главната и единствена асфалтирана улица во селото, користење на водата од водоводот за наводнување на нивите поради што некои куќи во селото немаат вода, потреба од младински едукативен клуб, редовен селски лекар кој ќе биде присутен во селото секој работен ден, подигање на јавната свест за здружување и покренување заеднички иницијативи, како и вклучување на жените во месните совети и други одлучувачки тела.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов