Центар за набљудување на работата на
локалната власт
Во рамките на Организација на жените на општина Свети
Николе од 1 март 2010 година функционира Центар за
набљудување на работата на локалната власт. Овој Центар е дел од
проектот „Проект на USAID за транспарентно владеење 2009-2012г.“ кој е
во реализација на НВО Инфоцентар, Центарот за граѓански
комуникации и ЕХО. Цел на проектот е придонес кон
заживување на механизмите за транспарентност, одговорност и
отчетност на локалните власти, кон зајакнување на учеството на
граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво, како и кон
размената на добри практики меѓу локалните самоуправи на национално ниво.
Проектот се реализира во три фази: пилот фаза во која се опфатени 4
општини од источна Македонија: Штип, Струмица, Виница и Свети Николе,
втора фаза во која добрите практики и искуства од претходно споменатите
општини ќе се пренесат во неколку скопски општини и мултиетнички
заедници во други делови од Македонија и во третата завршна фаза ќе биде
организирана Национална конференција посветена на одговорноста на
локалните власти и антикорупциските практики. Во пилот фазата која е во
тек прво беа спровдени истражувања за практиките во локалната заедница,
преку кои се идентификуваа слабостите и недостатоците на јавното
менаџирање, граѓанското вклучување во работата на локалните власти, а
исто така и задоволството на граѓаните и бизнис секторот од локалното
управување и услугите на локалните служби.
|
|
|
На 16.03.2010 година во салата на општина Свети
Николе , беше одржана јавна дебата во Свети Николе на која беа изнесени
резултатите од истражувањето за актуелните практики во нашата општина ,
анкетите беа спроведени во месец Декември 2009 година.
Во оваа фаза во месец Март се воспоставија и
функционираат Центри за набљудување на работата на локалната власт, во
Штип, Струмица, Свети Николе и Виница. Центарот во Свети Николе е во
рамките на Организација на жените на општина Свети Николе и претставува
клучна точка за мерење на задоволството на граѓаните од услугите на
општинските служби.
Во општинската зграда и во Организацијата има
поставено и сандачиња за поплаки, пофалби, предлози и мислења во врска
со работата на Локалната самоуправа-Свети Николе и
институциите/организациите во нејзина надлежност.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од општина
Свети Николе, кои имаат поплаки, пофалби, предлози и мислења во врска со
Локалната самоуправа и институциите/организациите во нејзина надлежност
да ги достават до Центарот за набљудување на работата на локалната власт
или во сандачињата поставени во Општинската зграда и Организација на
жените на општина Свети Николе.
Организација на жените на општина Свети Николе