english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Свети Николе – транспарентна општина“

На 19 април 2010 година Организација на жените на општина Свети Николе потпиша договор со Центар за институционален развој – Скопје за реализирање на проектот Свети Николе – транспарентна општина“. Проектот е подржан од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Цел на проектот е подобрување на транспарентноста во финансиското работење на Локалната самоуправа на општина Свети Николе и придонес кон решавање на проблемите и потребите на жените од општина Свети Николе. Во рамките на проектот ќе се: следи финансиското работење на Локалната самоуправа, ќе се испитуваат потребите и проблемите на жените од општина Свети Николе преку анкетирање на 1000 жени, одржување на 7 трибини со жените во месните заедници и ќе се направат теренски испитувања за структурата, потребите и проблемите на жителите од 7 месни заедници. Исто така ќе се одржат: 1 трибина за презентација на резултатите од анкетата, 2 тематски трибини/јавни расправи и ќе се следи реализацијата на активности и проекти на Локалната самоуправа.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов