„Теренско истражување во 7 месни
заедници“ - с.Мустафино
На 28 мај 2010 година со почеток во 19:00 часот во
просториите на месната заедница с.Мустафино се одржа состанок со
претседателот, членови и жители на оваа месна заедница. Состанокот е дел
од проектот „Свети Николе – транспарентна општина“, во реализација на
Организација на жените на општина Свети Николе, поддржан од програмата
CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
Присутните жители на месната заедница ги поздрави
асистентката на проектот Анета Дачева која го модерираше состанокот и
координаторката на проектот Јасмина Трајчева која го претстави проектот
и проектните активности. По ова излагање асистентот на проектот започна
со поставување на прашања до присутните, со цел да се согледаат
видувањата на присутните за состојбата на нивната месна заедница.
Воведен збор зеде председателот на М.З. Мустафино, Благојче Христовски,
кој ја поздрави иницијативата за реализација на ваков вид активности и
ги претстави главните карактеристики и функции на нивната Месна
Заедница. М.З неколку години на назад користи просторија која е
сопственост на Локалната Самоуправа. Месната заедница ја сочинуваат 7
члена, од кои 6 члена се од с.Мустафино и еден член од с.Бориловци,
бидејќи кон оваа М.З. гравитираат селата: Арбасанци, Бориловци и
Стануловци. Членовите се бираат по јавен повик на кој до сега не се
пријавила ниту една жена што според мислењето на претседателот е голем
хендикеп. Претседателот има за цел да поднесе предлог иницијатива до
канцеларијата на Месни заедници која работи во состав на Локалната
самоуправа, доколку има можност во сегашниот состав да се вклучат 7 жени
како надворешни членови или за наредните избори во состав на месниот
одбор да има вкупно 14 члена од кои 7 да бидат жени. Советот има проблем
при одржување на состаноците, бидејќи се отворени за сите жители, па
постојано се случува состаноците да бидат прекинати поради нетрпеливост
на одредени жители и вулгарно однесување на одредени учесници до што
често доаѓа и до конфликти. Присуството на политика и мешање во работата
на М.З. исто така ја отежнува работата на советот на М.З.
|
|
|
Во однос на комуникацијата со Локалната самоуправа и
со месното население претседателот смета дека се наоѓа во тешка состојба
поради низа трошоци кои не се покриваат од никаде и тој самиот мора да
ги сноси. Како би имало ефект од работата на М.З. и непречена
комуникација на оваа М.З. и е потребна телефонска линија со ограничен
лимит и еден компјутер.
За претседателот пртставува проблеми и непочитувањето
на мислењето на помладите од страна на постарите.
Поради не усогласеност на мислења не сме во можност
да донесеме заеднички барања кои се однесуваат на нашата М.З., а бидејќи
немаме барања само по себе изгледа како да немаме проблеми во селото.
Проблеми и потреби со кои се соочуваат жителите на
оваа М.З. се: немањето водовод, соодветна патна инфраструктура, фекална
канализација, спортски терени, проблеми со отпадната вода и ѓубрето.
Како еден од поголемите проблеми е проблемот со водовод, кој е во
изградба уште од 1974 година и уште не е завршен. Населението смета дека
се оставени сами на себе, дека добиваат лажни ветувања за пред избори, а
дека од тоа ништо не е реализирано со години. Години на назад исчезнати
се голема сума на пари одобрени од Владата за санирање на овој проблем.
Ниту постои документација ниту извештај каде се потрошени 150 000 евра,
пари одобрени за поставување на водоводот. Имајќи го ова во предвид оваа
месно население ја изгубило довербата во институциите како на локално
така и на државно ниво. Напоменато е дека имаат слаба комуникација со
Локалната самоуправа. Градоначалникот има ветено месечни средби кои до
ден денес не се реализирани. М.З. нема комуникации и со подрачните
единици на министерствата.
Месното население пие вода од бунари која е
неиспитана, загадена и е штетна по здравјето, затоа мора најитно да се
превземат мерки за надминување на овој проблем. Претседателот на М.З.
смета дека како проблем е и недоволната едукација на месното особено
женското население. Според него потребно е одржување на разни трибини за
потикнување на жителите за вклучување во процесите на креирање локални
иницијативи.
М.З. Мустафино брои околу 800 жители од кои околу 10%
се во работен однос. Мнозинството вработени се од женски пол и се
ангажирани во конфекциите во Свети Николе и Штип. Од селото има само
тројца студенти од кои 2 се од женски пол. Во селото има регистрирано
една невладина организација, но за жал по кажувањата на жителите, во
здружението се ангажираат лица кои се блиски на претседателката.
Во однос на инфраструктурата исто така месното
население се соочува со големи проблеми, особено патот кој што е во
многу лоша состојба.
Месното население исклучиво се занимава со земјоделие
(одгледување на бостан, дињи, луцерка, сончоглед и житарици) и
сточарство. Позитивно за селото е што дел од месното население профитира
од продажбата на имотот кој беше влезен во проектот „карго аеродром“. Но
ова пак наметна нови проблеми, односно финансиските средства беа вложени
во имоти надвор од Мустафино така да треба да се очекува наскоро
миграција село-град.
До жителите од М.З. е стигната информација дека од
Министерството за транспорт и врски се одобрени средства во висина од 30
000 евра за инфраструктура и дека проектот треба набргу да започне.
Младите во селото се запоставени, им недостасуваат
спортски објекти и објекти каде ќе можат да се забавуваат и дружат
помеѓу себе. Нема ресторани, кафичи, интернет клуб итн. Една позитивна
работа во селото за активирање на најмалите е формирање на играорна
група, за која подготовките се во тек.
Досега жените немаат покренато никаква иницијатива,
немаат навика за заеднички средби, единствено нешто интересно за нив се
повремените едукативни работилници или организираните средби кои се
одржуваат и организираат од страна на Организација на жените на општина
Свети Николе.
Како хендикеп населенето го нагласи немањето на
никакви информации за работата на Локалната самоуорава. Село Мустафино
нема прием на локалните ТВ Свет и радио Свети Николе, така да сите
информации што одат на медиумите за локалната самоуправа не им се
достапни. Не се запознаени како работи Советот на општина Свети Николе,
ниту пак имаат начини да добиат информации за неговата работа.
Меѓу другото населението се соочува и со проблемот,
матичен доктор. Во селото има амбуланта која не работи. Во неа доаѓа
медицинска сестра која не е во можност да издаде рецепт затоа што не е
надлежна, надлежностите одат кај матичниот доктор, а жителите од селото
во моментов имаат различни матични лекари. Поради ваквата ситуација
жителите се чувствуваат уценети при изборот за матичен лекар, бидејќи
мора да го прифатат оној кој со концесија ќе ја добие амбулантата.
Организација на жените на општина Свети Николе