english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

“Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од општина Свети Николе”

Организација на жените на општина Свети Николе од месец јануари 2010 година продолжи во континуитет со реализација на активностите од проектот “Јакнење на доброволната работа помегу децата и младите од општина Свети Николе” финансиран од Американската Амбасада во Скопје во средното и трите основни училишта во општина Свети Николе.

Во рамките на проектот 130 волонтери продолжија со пружањето на услуги на своите корисници кои имаат проблеми во совладувањето на наставната содржина.

Како една од активностите на волонтерите беше и акцијата “Посади дрво”.

 

На 21 март 2010 година во соработка со Локалната Самоуправа и шумското претпријатие 130 волонтери од средното училиште и трите основни училишта заедно со менторите на предходно подготвената локација засадија 900 садници. Настанот беше медиумски покриен од локалната телевизија ТВ ”Свет”.

 

На 23-25 Април 2010 година во соработка со НВО “Срце” и “Друштво учитеља” се одржа семинар во Нови Сад, Р.Србија.

На овој семинар покрај менторите присуствуваа и двајца претставници од СОУ “Коцо Рацин” и ООУ “Гоце Делчев” од Свети Николе. Претставниците од училиштата зедоа учество во семинарот презентирајќи го своето искуство и придобивките кои ги имаат училиштата од реализацијата на овој проект.

 

Менторите од Р.Македонија и од Р.Србија работеа во групи и имаа можност да разменат искуства, да предложат идеи за активности кои би се реализирале во иднина.

На 30 Април 2010 во радио Свети Николе се емитуваше радио емисија

”Волонтерите во акција” која беше подготвена и водена од волонтерката Катерина Крстевска. Вакви емисии се одржуваат секој петок од 14:00 часот се со цел пошироката јавност да се запознае со волонтерската работа и реализацијата на проектните активности.

Фросина Мишева
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2010 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов